Месечината кажува што сонцето ќе ти премолчи. Ракувај се со мракот, твојот нов другар верен сопатник. Нека твоите рани се мртви ѕвезди, нека паѓаат.
Се сеќаваш ли на моментите наши кога цветавме? Се сеќаваш ли на времето кога се забавувавме? Се сеќаваш ли на нас пред се да биди прекрасно - фино? Те сакам како првиот ден кога те видов таму сам. Јас сум најсреќна во твојата прегратка, силно ме стега. Јас сум најсреќна покрај тебе кога сум, те сакам душо. Се поделив на две половинки или пак се соединив јас. Си реков да се обидам да напишам нешто вака. Тешко е, затоа сите реченици ми се малку без врска ама не се сеќавам да имам нешто вака пишувано. И онака до 14 Феб гледам нешто убо да напишам, па си реков да почнам од тука. За почеток, добро е? Јас сепак ќе се обидам повторно и повторно Искрено премногу не ми се допаѓа, некои речници морав да ги префрлам, и то не знам дали звучи добро или треба поинаку да оди префрлањето? И да, сврзниците се бројат, така? Се мачев броев тука ама можно е да имам напраено некој лапсус
@theowndemon се брои секој слог, така што тука спаѓаат и сврзниците. Можеш да ги префрлаш зборовите како сакаш, само да се задржиш во тој формат. Сè е како што треба, само третиот стих од последната строфа има 2 слога повеќе.
Знам дека на неколку места во слогојте се збунав, се вратив назад не забележав зато го нагласив тоа, фала мн
Дојде февруари - месец посветен на хаику поезијата. Се надевам дека ќе ми се приклучат и други феминки за да го одбележиме и оваа година, трета по ред. По една хаику песна за секој ден од месецов 1/29 Утрински аларм - мјаукање под прозор. Февруари е.
2/29 Ми даваш толку љубов - ќе трае и штом ќе си заминеш. Само на последниот стих му фали уште еден слог, ама тоа лесно може да се смени
Ме влечеше нешто да си дојдам на форумов овие денови и сега знам што - мојот омилен предизвик! Ана, огромно браво што ја одржуваш темава да биде свежа. Твоето хаику, заедно од она на Маџиров засекогаш ќе ми бидат во срцево. Ќе се потрудам да пишувам секој ден, ми фалеше ова. Февруарито кога првпат почна предизвикот ми беше најубавиот месец во годината. 1/29 Создавај нови светови, ќе те љубам во секој од нив.