1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хаику поезија

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од AnaKarenina, 8 јануари 2014.

  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Сончеви зраци
    На хоризонтот, носат
    Нови надежи.

    Замисли желба
    Во падот на ѕвездата
    Затвори очи.

    И снегулките
    Се различни, а не пак
    Ние двајцата.
     
    На sparklie, Lux, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Ноќта се спушти,
    а сонот пак го нема,
    јас пак будна сум.

    Овие мисли
    лесно ќе ме убијат,
    ако продолжат.

    Нека заминат,
    да спуштам глава тешка,
    на перница јас.

    Денот нов дојде,
    ќе донесе надеж тој,
    а не неспокој. :l:
     
    На Chennole, Lux, leighton23 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Како Алиса
    Земјата на чудата
    Ми е премала

    Сакам пилула
    Која ќе го прошири
    Мојот хоризонт
     
    На Anacid и Hipster им се допаѓа ова.
  4. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.774
    Допаѓања:
    99.976
    Пол:
    Женски
    Ѕвезда водилка
    во морето падната
    ги склопив очите.

    Над мојот покрив
    река од ѕвезди тече
    ноќта е тивка .
    [​IMG]
     
    На leighton23 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Да бев дожд кој ќе

    ја измие болката,

    и наврне смеа.


    Капки од среќа

    реката од љубовна

    магија овде.


    Магична среќо

    зошто сите трчаат

    по тебе кажи?


    Да имаше звук

    ќе ми викнеше гласно

    зoшто сум вредна!
     
  6. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    еден стих од пет
    еден стих од седум и
    повторно од пет
     
  7. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.103
    Допаѓања:
    137.838
    Станот е среден
    Се е на свое место
    Но јас сум тажна.

    Неколку дена
    Децата не се тука,
    Многу ми фалат.

    Кога се тука
    Не можеш да одмориш
    Ни пет минути.

    Кога ги нема
    Ти недостасуваат
    Во секој момент.

    Да бидеш мајка
    Е најголема радост
    За една жена.
     
    На Anacid, Mayyya и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.879
    Допаѓања:
    81.144
    Пол:
    Женски
    Мојата скрипта по Конструкции се закити со долгометражни досетки. :wasntme:
    Дури мислам дека и материјалот го запаметувам во некоја си Хаику-верзија. Ќе биде интересно на испитов, сигурно ќе ми се роди некоја мисла во 5-7-5. :lol:

    Немој да редиш
    Преградни ѕидови баш
    Околу срце.

    Барем пробај да
    Оставиш отвори за
    Себе и ... мене.
     
    На francais, AnaKarenina и L-enna им се допаѓа ова.
  9. Anisijaf

    Anisijaf Активен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2012
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    15
    Не се разбирам многу,посебно ми се допаднаа на AnaKarenina...ама коа бев 2013 на одмор летото едната сестра сакаше да напише хаику и се мачеше,а другава моја сестра и кажа ама не го доврши(нели треба во три стиха) и еве го:
    Сонцето е црвено,
    а мене ми се прди
    АХАХАХАХАХАХАХАХАХХАХАХАХАХАХХАХАХААХАХАХ иначе на зезанција го кажа :)
     
  10. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Самрак во шума,
    слабо развиен оган
    и многу љубов.

    Утринска магла,
    сивила во срца на
    двајца туѓинци.

    Инспирација:
    http://www.youtube.com/watch?v=BucfErwPTWs
    :)
     
    На Novecento, Chennole, Divinebutterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  11. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.498
    Допаѓања:
    173.432
    А бре Витомире,закон си ,мајке ми....дај уште нешто...хаику поезија.
     
  12. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Доцна во ноќта
    За наредни животи
    Кројам планови

    Ќе сакам утра
    Ќе студирам Француски
    Ќе имам мачка

    Во саботите
    Ќе бидам алергична
    на лоши мисли

    Во неделите
    Ќе делам насмевки и
    шеќерна волна

    Понеделници
    ќе нема повеќе - прв
    ден ќе е вторник
     
    На sweet-cherry, Hipster, Lux и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Празни улици
    тажни срца секаде
    голема болка

    ^Прв обид ми е тоа за хаику поезија, за 3 минути јеј. :D

    Го видов него
    беше среќен он среќен
    јас будалата

    ^ Неуспешен обид, ама не ја бришам!
     
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    ^ Дечки, јас би ве замолила да не ја уништувате темава со вакви пишуванки кои немаат никаква врска со хаику.

    ------

    Под покривка од
    Снег се разбуди градов
    Донесе радост.

    Низ плетките од
    Шалот, се провлекува
    Љубов. Ме грее.

    Стави кафе во
    Големи шолји, долг ќе
    Биде овој ден.

    Не сакам ладни
    Утра, ја сакам само
    Квечерината.
     
    На Chennole, Hipster, Divinebutterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Мојот прв обид со хаику :D


    Надвор е мрачно
    улиците се мокри
    градот е празен.

    Сите се дома
    и пијат топло чајче
    со многу медче.

    Јас сум си среќна
    што сум љубов до тебе
    и ти до мене.
     
    На Anacid и Lella им се допаѓа ова.
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Ако бидеш цвет
    Биди сончоглед, следи
    Го зракот сончев.

    Ни треба премин
    Пешачки во бои на
    Виножитото.

    Од под снегот бел
    Се наѕира нежен цвет
    Доаѓа пролет.
     
    На do-re-mi, De-lovely, Hipster и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Ужас, црнила,
    смрдлив леш се распаѓа
    крај мртво цвеќе.
     
    На Anacid му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Сите мои слики
    сите сеќавања и
    спомени мои.

    Пловат како што
    плови мирно реката
    и ме потсеќа.

    Ме потсеќа на нас
    на сите шанси кои ние
    ги пропуштивме.

    Нешто што ќе ти
    покаже пат кој води
    до нас постои?
    :sun:
     
    На Chennole, Hipster, sweet-cherry и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Во шишенца од
    Парфеми, си зачував
    Слатки спомени.

    Ми тежиш како
    Последната голтка од
    Горкото кафе.

    Во некој студен
    Декември, знам ние пак
    Ќе се сретнеме.
     
    На do-re-mi, De-lovely, Mishela и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Проблем. Голем-мал.
    Нема некој што нема.
    Разни но болат.

    Тмурен период
    секој мисли, мојот е
    најстрашен, длабок.

    Не сме исти но
    исто мислиме, ако
    вистина не е.

    Секој го боли,
    тагува и се бори
    Едно е - живот!

    Не е крај на свет
    но го доживуваме
    себично сите.

    Излез постои,
    не се гледа со очи-
    туку со душа.
     
    На Lux и Dvolicen им се допаѓа ова.