Наместо шолја Кафе, ми требаш ти за Да се расонам. Со еден топол Здив, можеш мразот меѓу Нас да го стопиш. Ни треба малку Вино и многу љубов Да се згрееме. Само мала корекција - како иглички од ела има 8 слогови. Ама може лесно да се смени, да биде како игли од ела, или ко иглички од ела
Ќе ти откријам дека Ќе ти откријам дека можам без тебе ко снег без сонце. Ќе ти откријам дека можам без тебе ама тешко е. Тешко вака да чекориш сам ко птица без крило.
Часовник носам, Време ми треба за се И отповеќе. Не знам за доста Часовите ми минат Како секунди. Трчам, времето го бркам, тоа бега од раце лизга. Ќе сфатам ли јас некогаш дека ова не е за игра? Тече, минува Се менува, но знам Не застанува. Откажи се и подготви се, чекори усогласено!
Дај ми лажичка Мед, за да ги разблажам Огорчените. Едит: Февруари е месец на хаику поезијата и се одбележува со пишување на daily haiku. Секој ден по една песна. Па еве, ова нека ни биде предизвик за да ја испишеме темава во текот на овој месец
Убав предизвик Ана, I am in. Обои ми го светот во сите бои весели, светли. Измисли нова боја, како никој до сега на светот. Бојата која само нашите очи ќе ја гледаат.
Болка и тага пурпурно виножито демне облаци. Градот празен сам среќа никаде нема никого не познавам. Деструкцијата ме надвладува мене иднина светла? Незнам какво е,ама прв Хаику обид од моја страна
Само една корекција на последниот стих - има седум, наместо пет слогови. Ама може да биде никого не знам
^О-о,it seems that I got confused.. Епа нека биде така: Градот празен сам среќа никаде нема никого не знам. Благодарам!
Еј, погледни ме, погледни во очиве... Зарем не сфаќаш? Кога те гледам, имаат некаков сјај. Зарем не гледаш? Тоа е љубов и е само за тебе. Зарем не знаеш?
Супер идеја! Сега ќе напишам две, за саботата и за денес. 1/28 Ако ти си плус Без проблем би станала Само твој минус 2/28 Спротивностите се привлекуваат, а различностите?
Јас не сум своја без тебе. А ти кој си? Како ти е сам? Ако си облак, не криј ми го сонцето, дај ми еден зрак. Ако си бел цвет, јас ќе те оставам сам. Сам и расцветан.
Се приклучувам и јас. 1/28 Кога небото ќе има една птица, сама ќе сум јас. 2/28 Направив венец од сончеви зраци, за ќерка ми красна. 3/28 Дамнешен мирис ја разбуди мојата скриена душа.
Зима е, студи, како јас да се стоплам, како без тебе... Знам гајле ти е, како времево си ти, а и постуден. Оди, замини, ќе помине зимава, ке издржам јас.