Капка дожд тече на прозор, ко солза за збогум пуштена... П. С. Ова од вчера е денес веќе друго годишно време е надвор сонце пукет.. Вие заспавтеееее бе!
20/28 Миризливи дни, скапоцени моменти доживуваме. 21/28 Редови празни, книги недопишани сега пишувам.
Две од денеска... инспиративен ден Imagine our life if sunsets were a constant background of the world. Пеперутки на цвет и во стомак ќе се населат... пролет!
19/28 Снегулки - како весели балерини си танцуваат. 20/28 Детски цртежи со шарени креди го красат асфалтот. 21/28 Денов мириса на колач со вишни и кафе на балкон. 22/28 Наместо парче сон, уште една шолја кафе одбирам.
22/28 Топли се дните не повикуваат да ги откриваме. 23/28 Чоко макс е клуч за доволно добро да ми е утрото. 24/28 Слободен како птица во дивината, - откривам места.
23/28 Секој чекор низ мојата улица ми враќа спомени. 24/28 Трепките тежат повеќе од олово штом не си наспан.
Денот поминат во светот на книгата, е прав благослов. Една книга е подобар пријател од сто лажни души.
Од далечина се слуша мелодија мелем за душа Ова ми е прв обид, па се надевам дека е добро како за почеток
@EvAngelos само мала исправка... Формата на стиховите треба да е: Прв стих 5 слогови, па вториот 7, па последниот 5...а кај тебе се 5-9-5 Убаво звучи ама ај потруди се да го фатиш ритамот да видиш потешко како е... Он топик: Ручек е готов и приказни се нижат. Нови спомени.