28/28 Само еден стих од песна ко времеплов ме враќа назад... Aaaaand I'm done! Ова е последното хаику за февруари Многу ми е мило што ја испишавме темава месецов и што се приклучивте кон предивикот Се надевам дека сите ќе продолжиме да пишуваме овде и понатаму
Пролетно сонце - уметник што црта на лице насмевки. ...немам толку инспирација за песничка секој ден , ама мислам дека од кога сум почнала да пишувам тука - во текот на овој месец баш најчесто ве дружев досега Ме навлековте на темава
Во твојот месец, календар гледам само за тебе мислам. Дојде вчера и дел од себе остави, пак се изгубив.
27/28 Различни света И различни животи Се тука среќни. 28/28 Воденица на Позитивност ми треба За да живеам. Многу сакав да завршам кога требаше ама ете. ќе гледам да пишувам почесто после ова.
Светлината е се што ми треба за да станам наутро. Светлината е се што ми треба за да останам среќна. Мојов прв обид за хаику, без врска е, не се споредува со вашите ама ќе гледам да се предизвикувам себеси да пишувам почесто. Инаку инспирацијата ми беше тоа што сончевите зраци помагаат во лачење на хормонот за среќа