Од деновите поминати без тебе грам среќа нема .. Ти ме подобри е за нашиот живот да се бориме .. Љубов моја ти која ме топлиш зимо ми требаш одма .
Есенско хаику. Октомвриски се спремаме за зимата која доаѓа. Зимница спремна ги шара улиците како зимски знак. Заладено е времето, есен дојде со нов вид радост. Сепак е тажен есенскиот пејсаж, кој е симбол за крај. Зимата гледа од зад височините. Чека да дојди. edit. Дај нека ме препровери некој, на факултет пишев, си викам точно броев. Кој ме гледаше од страна Господ знај шо си мислеше за мене само мрдав со прстите.
Љубовно хаику Пливуркам како низ вода си се движам, низ постелата. Велат водење љубов е вистинската уметност денес. Безобразноста е новиот јазик кој го зборуваме. Мистерија е страст која тлее тивко и не се гуши. Преживување не е целта на секој прооден живот. Живот без малку љубов е празен без ни грам позитивност. Скоро зимско хаиуку Топла чаша со капучино ме чека крај топлината. Веќе е зимското чувство тука почнува да е присутно. Скоро е зима, времето се менува кон Божиќен сон.
Криенка Три часот, тик-так, Трепка, гради треперат, Затвара очи. Мириса на студ, Костени и портокал, - Еј, каде беше? Пет часот, тик-так, Трепка, гради треперат, Затвара очи. Смеење, плисок, Сол и сонце на лице - Еј, ти, те барав! Пет ипол, тик-так, Трепка, гради треперат, Затвара очи. Боси стапала, Бреза и кафе, - Еј, ти, се губиш! Шест часот, тик-так, Трепка, гради треперат, Отвара очи. (Maлку клише, дур се прави ручек и други домаќински ствари )
Што би правела јас без твојата љубов која ме грее Зарем постои друг начин да живеам ако не си ти Да те сонував немаше да бидеш ТОЈ најдобриот за мене Да те измислев немаше да бидеш ТОЈ најдобриот за мене Секоја вечер праќам благодарност и се молам за нас
@referentka Ми се допадна многу, само што имаш мала грешка *Нај-до-бри-от за ме-не (треба 5, а тебе ти е 7)
Ти пристигна пак да ти бидам светлина а ти мене мрак. Ти дојде тука јас да сум твоја гордост ти моја брука. Не ми глуми мил, те знам каква стока си стока и си бил. Прва песничка ми е, интересна поезијава , еве ми ново хоби. Исправете ме ако згрешив. Знам дека не мора рима ама си ставив да ми е попевливо .
На сон летаме качени на ѕвездите кон нови цели. На јаве - ништо ни еден чекор напред страв ни е од се.