3/28 Безмилосно ги подвиткувам страните во туѓи книги. И упорно си чекам некој кој ќе ги израмни и нив.
3/28 Пушти корења, вдоми се во срцево- те чека тебе. Не го оставај на цедило, наполни го до врв, цело. Ако претече, капка по капка како вино ќе тече. Опијани ме, без љубов животот е болно страдање.
Ех да можам да топлам срца, да дарувам здравје и среќа. Ех да можам да пресушам солзи, и насмевќи да цветаат од сите лица. Ех да можам пак да се родам , во друго време на мир и среќа.
^ Виножито, песната е прекрасна, само не е хаику според формата. Сигурна сум дека ќе можеш да ја измениш - строфите да ги скратиш за еден стих и да го запазиш бројот на слогови. На пример: Да можам срца Да топлам и дарувам Здравје и среќа.
Изрази мисла горчлива или слатка но не зборувај. Соништа сони без ограничувања љуби почесто. Замини за миг избегај од реалност врати се среќен. Создади љубов и направи спомени чиви ли ќе се? Нема забуна љубов или омраза или сепак јас? Застани тука и размисли за момент донеси среќа. Црна мисло ти полека исчезнувај таму,неповрат. Среќа моја ти биди ми детелина четирилисна. Ви се допаѓа? Втор обид,на час пишувана,интересно ми стана
*Многу години птица во кафез, денес со облаците патува. ........................................................ *Сосема одморена, отварам очи и гледам - пролет. .............................................................. * Утринско сонце на мојот прозорец. Да се разбудиш, да бидеш жив, - каква среќа.
3/28 Дојде на прсти Ми се пикна под кожа Започна војна Вриштев однатре Сама против себеси Замина тивко 4/28 Уште ја носам насмевката која ти ми ја подари
1/28 Ги уби денес Воскреснуваат утре Желбите мои. 2/28 Денов е голем Премал е за бегање Ноќта е близу. 3/28 Подај ми рака Заедно можеме се До последен здив. 4/28 Продре во мене Поглед студен ти стопив Ме опи за час.
4/28 Мермерна џунгла ми ги гори меките шепи и душа. Не ми се смејте, во автобус сабајле кога идев накај факултет ми дојде и во едно тефтерче си ја пишав. Троа заразно хаикуво а?
Празни простории зад затворени врати. Мали,туѓи светови. Тажни ликови не простени гревови црни зандани. Различни луѓе секој со своја приказна, сите иста цел.
Спојлер За тебе имам илјада и еден бел хартиен жерав. Илјада твои- толку те сакам тебе. Само еден мој. Еден за болка, така безчуствителен, ист како тебе. Спојлер
Јас си се приклучив од почетокот ама ме немаше да пишам. 1/28 Под црешата се Љубиме ко за првпат. Дожд од снегулки. 2/28 Ко сол на рана Болиш, кај и да доприш. Безмилосен ти. 3/28 Склопи три стиха Грст радост смешај со бол - Горко хаику. 4/28 Наместо супа Ми препишаа: Едно Хаику на ден. За среќни очи, Прочистени мисли и Спокој в срце.
Ноќ е, темнина а јас будна мечтаам за убавини. Слушам глас, кој е? дали смеата твоја во мисли ѕуни? Или е друго надвор мачките вреват февруари е. Нов месец почна јас уште бдеам ноќе мечтаејќи, да. Нема да биде уште долго вака знам ќе дојде сонце.
5/28 Чадор имам, но не го носам, за љубов нека накиснам. Како органски дијазепам, лечиш ти без последици.