1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хаику поезија

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од AnaKarenina, 8 јануари 2014.

  1. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    8.693
    Пол:
    Женски
    убаво ми е,
    со отворени очи
    живеам во сон

    сонот е сладок,
    мрзлив, како и денот,
    како вечерта

    како животот
    кој го живеам во сон
    и се радувам
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.092
    Допаѓања:
    137.729
    Дали ќе дојдат
    Во новата година
    Поубави дни?

    Нова година
    Е надеж за подобри
    Идни времиња.
     
    На SunnyGirl2, GoodGirl45 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Кафе си пијам
    Порадо би да спијам
    Зевам како лав
     
    На SunnyGirl2, GoodGirl45 и Ariel им се допаѓа ова.
  4. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    8.693
    Пол:
    Женски
    ми треба малце,
    да се изнаспијам ко
    мечка во зима.

    секое утро
    очите ми паѓаат,
    од ненаспаност.

    ама пак нема
    да си легнам порано,
    зашто сум глупа.
     
    На Ariel и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.092
    Допаѓања:
    137.729
    Каде згрешивме?
    Се прашувам почесто
    Од кога било.
     
    На android му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Teofil

    Teofil Активен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2021
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    549
    Пол:
    Машки
    Ako treperi mala iskra,
    ljubov moja,
    da storime ognena stihija
    Ako ostana kapka nadez,
    da ja ispieme i taa bez emocii
    malku maslo, mal ogrev -
    do sedmo nebo ke smrznime od stud!
     
  7. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.092
    Допаѓања:
    137.729
    Варено вино
    Се пие во декември,
    А сега е март.

    Каде си пролет?
    Ми недостасуваат
    Твоите бои.
     
    На SunnyGirl2, sweet-cherry и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  8. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.092
    Допаѓања:
    137.729
    Слики од деца
    Тажни и расплакани
    Поради војна.
     
    На android, referentka и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.566
    Допаѓања:
    78.841
    Пол:
    Женски
    Утринско хаику, инспирирани сме денес :sun:

    Сончевина врз
    моиве трепки, утро.
    Цвркот од птици.

    Благослов, жив си,
    се будиш, мир наоѓаш.
    Оди во љубов.
     
    На android, cresa-jagoda, GirlLove и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. android

    android Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2022
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    168
    Пол:
    Машки
    Ноќта е глува,
    На јазик железен вкус.
    Меѓу твоите нозе.
     
  11. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    29.261
    Пол:
    Женски
    Мирис на нарцис,
    сончеви зраци надвор,
    дојде пролетта.
     
    На Ariel, f.girl, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.092
    Допаѓања:
    137.729
    Јапонски цреши,
    Сонце и среќни лица.
    Конечно, пролет.
     
    На GirlLove, sweet-cherry и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  13. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.092
    Допаѓања:
    137.729
    Имам дилема:
    Да менувам работа
    Или добро е?

    Доволно ли е
    Тоа што го постигнав
    Или малку е?

    Секоја зима
    Исти дилеми имам.
    Зошто се мачам?
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  14. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    12.612
    Пол:
    Женски
    Летна ноќ, очи
    Полни љубов и надеж.
    Врати ме назад.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lot

    Lot Активен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2022
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Машки
    Надвор студи, не спијам.
    Сон не ме фаќа, на тебе мислам.
     
  16. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.560
    Пол:
    Женски
    Твоето не е хаику
     
    На Lot и st-el им се допаѓа ова.
  17. Lot

    Lot Активен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2022
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Машки
    Ќе се корегирам со следното ;)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lot

    Lot Активен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2022
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Машки
    Студи. Не спијам.
    Само на тебе мислам.
    Сону, земи ме.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lot

    Lot Активен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2022
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Машки
    Еве уште едно:

    "Фрустрација е.
    Не си ни симпатична.
    Ај, поштеди нѐ."
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.566
    Допаѓања:
    78.841
    Пол:
    Женски
    Се опивам и
    се топам, пропаѓам во
    милина, во рај.

    Како да лебдам,
    а тука сум, жедно во
    очи те гледам.

    Мој си здив, живот,
    во секој чекор си ми,
    во срце вселен.

    И ден и ноќ, те
    сакам покрај себе и
    не знам за доста.

    Од двајца, три да
    бидеме, па четири,
    ние споени.
     
    На android и cresa-jagoda им се допаѓа ова.