1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хаику поезија

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од AnaKarenina, 8 јануари 2014.

  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    9/28

    Ко песок ми се
    Лизгаш под прстиве, те
    Губам полека.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  2. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    9/28

    Не ги затворај
    Очите, не знам каде
    Да гледам без нив.
     
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    9/28

    Какао топло
    во студени ноќи ми
    загрева душа.

    Стуткана в`ќебе
    мечтаам за подобри
    дни во иднина.

    Ме разденува
    а јас уште за ноќва
    будна сонувам.

    Ќе дочекам ли
    безгрижни утра, ноќи
    в`сон поминати?

    Ќе видиме ли
    срца без гневови и
    горчини полни?

    Ќе видиме ли
    возрасни како деца
    искрено среќни?

    Возрасни кои
    со усни само љубат
    место да лажат?
     
    На cresa-jagoda, crazylady, Amore и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Доказ за љубов:
    кога по своја волја
    те пуштам.Фалиш.

    Доказ за љубов:
    кога по своја волја
    ме пушташ. Фалам?

    Прв обид. :) Ако имам грешка кажувајте. :$ Интересно ми е. ;)
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    9/28

    Замижи малку
    И посвети си кратко
    време на себе

    Диши длабоко
    Често потсетувај се
    најважен си - ти
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    10/28

    Една ѕвезда за
    една желба. Остана
    небото празно.
     
    На cresa-jagoda, Ariel, Dvolicen и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    10/28

    Да ме бидува
    со дела ко со зборови
    светот ќе е мој.
     
    На Ariel, AnaKarenina и Dvolicen им се допаѓа ова.
  8. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    10/28

    Месечината
    можеби не е толку
    убава, не знам

    Ама кога ја
    гледаме заедно, знам,
    божествена е
     
    На Chennole и Mayyya им се допаѓа ова.
  9. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    11/28

    Некои луѓе
    Ти го честитаат, a
    ги познаваш ли?

    Мали сликички
    Големи насмевки, те
    познаваат ли?

    Јас те знам добро
    Можеби и предобро
    Помина време

    Овој ден е твој
    Мини си го убаво
    Нека е среќен

    :^:
     
  10. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.103
    Допаѓања:
    137.838
    Љубомората
    е отров кој убива
    во сите дози.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  11. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Пробав да напишам хаику на англиски, се надевам немам утнато нешто со слоговите. :)

    10/28
    Let me be close and
    Light up your dark skies. I'll
    Be your Northern star.

    11/28
    All of my dreams are
    Made of three infinities:
    You, me and us, love.
     
    На mamma-mia, Hipster, sweet-cherry и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    11/28

    Кога го нема
    сонцето, ти биди му
    замена – блескај.
    :sun:
     
    На cresa-jagoda, Someonespecial, De-lovely и 4 други им се допаѓа ова.
  13. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    8/28

    Во тмурниве дни
    и на сончогледите
    им фали светло.

    9/28
    Заплети си шал
    на крај на сезоната
    и исполни го.

    Исполни го со
    спомени од оваа
    различна зима.

    10/28
    Да бевме деца
    дали ќе ме влечеше
    за плетенките?

    11/28
    Го чекам светот
    да се разбуди па да
    се разбереме.
     
    На De-lovely и Hipster им се допаѓа ова.
  14. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    11/28

    Инспирација
    како птица на гранка
    слободно лета

    Ме одминува,
    вешто од рацеве ми
    се зализнува.

    Ни со тебе ни
    без тебе лесно не е,
    зашеметуваш.

    Кој во раце те
    има, не те користи
    сиромашен е.
     
    На tigerlady му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    L-enna ми даде одлична идеја, па еве го и моето прво хаику на англиски :) Англискиот е јазик со позбиена структура од македонскиот, па многу повеќе може да се каже во седумнаесет слогови.

    12/28

    Let's say I am wrong
    And you're always right, would that
    help you sleep at night?

    Let's say I'm stupid
    And you're the smart one, do you
    feel better now, hun?

    Say that I'm boring,
    lonely, and not-cool, are you
    now less of a fool?

    Ignorance is bliss
    And I'll let you eat the cake
    But remember this:

    I know when you sleep
    I know when you're awake and
    each step that you take

    Believe in your lies
    That's only you, anyway
    You won't make me stay
     
    На Chennole, crazylady, blueeparadise и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.103
    Допаѓања:
    137.838
    Твоите очи
    Како сонце блескаат
    Кога сум пред нив.

    Љубовта наша
    Не може да се крие
    Очигледна е.

    Кога сме едно
    Јас сум на седмо небо
    Не знам за себе.
     
    На cresa-jagoda и Abeja им се допаѓа ова.
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    12/28

    Се топам како
    Бисквита во топол чај
    Штом си до мене.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    12/28

    Биди ми Сонце.
    Растргај сивила од
    Моето небо.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    12/28

    Ние сме земја
    на сонцето, го нема
    ли, и нас исто.

    Се појави ли
    на трен, сите кон него
    само итаат.

    Без тебе сите
    сме намргодени, без
    елан и страст.
     
  20. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    12/28

    Ксметот наш не
    бил наменет за овој
    збунувачки свет.

    Замисли си да
    бевме дел од грчката
    митологија.

    Па по цел ден да
    се бркавме низ шуми
    со амброзија.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.