1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хаику поезија

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од AnaKarenina, 8 јануари 2014.

  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    13/28

    Утринско хаику

    Кога утрото
    Е ладно, се кријам под
    Јорган ко мачка.

    Си велам, уште
    Не сум спремна за светот.
    Нека почека.

    Ми треба само
    Една шолја кафе за
    Да се расонам.

    Малку кофеин
    Во крвта и ќе можам
    Да го освојам!
    [​IMG]
     
    На cresa-jagoda, Someonespecial, Hipster и 7 други им се допаѓа ова.
  2. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    13/28

    Да, ги паметам
    Сите кои си одат.
    Не заборавам.

    Ги носам сегде,
    Сокриени, но во ист
    Чекор со мене.

    Го разранија
    Срцево, крвави. Од
    Лузни, за навек.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    13/28

    Е малку ми се
    седумнаесет слога
    се` да ти кажам.

    За тебе можам
    илјада и еден нов
    збор да измислам.
     
    На cresa-jagoda, Marossa и rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr им се допаѓа ова.
  4. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    13/28

    Дванаесет е
    Стрелките се споија
    Ме мислиш ли ти?

    Не можам денес
    Ниту утре, можеби
    следниот живот
     
    На cresa-jagoda и crazylady им се допаѓа ова.
  5. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    14/28

    Би ти ја дала
    Мојата омилена
    Шолја за кафе.

    Подобар начин
    За докажување на
    Љубовта, нема!
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  6. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    14/15

    Се решив, утре
    Ќе те мислам помалку.
    Ах, која лага!
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr му/ѝ се допаѓа ова.
  7. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    13/28
    Наутро кога
    множество од кондури
    ита кон денот.

    Ете ме мене
    во некојси автобус,
    те мислам тебе.
     
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    15/28

    Ко Лејди и Трамп
    Јадеме шпагети од
    Иста чинија.

    Една шпагета
    Ќе не спои, белким ќе
    Ме бакнеш тогаш. :wasntme:

    [​IMG]
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    14/28

    Едно хаику
    на ден за мисли бистри
    спокојни, чисти.

    15/28

    Зборувај малку,
    а кажувај многу, ти
    збору златен си.
     
  10. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    14/28
    Отвори си ги
    очите да те види
    и сонценцево.


    15/28
    Некогаш мислам
    дека целиот живот
    и не е тука.
     
  11. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    15/28
    Сведоци на нас,
    Вљубените, се брегот
    И езерото.

    16/28
    На пролет, сè се
    Раѓа, а јас умирам.
    Јас сум обратна.
     
  12. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    14/28
    Сонцето ми е
    најдобар пријател и
    вечен сопатник

    15/28
    Да, сама сум, но
    никогаш осамена
    Не заборавај

    16/28
    Под мојов чадор
    Ќе го собере цел свет
    Ќе дојдеш ли ти?
     
  13. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    16/28
    Си ја избришав
    прашината од срце
    и од полици.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    16/28

    Наместо кафе,
    Купи ми книга. Ќе ме
    Освоиш за миг.
     
    На cresa-jagoda, Grejsi, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    16/28

    Секој ден гледам
    за љубов гладни, жедни
    со стомак сити.

    Љубов како збор
    без значење, без чувства
    обично, празно.

    Се троши, драги
    луѓе, се троши како
    гума на молив.

    Го трошиме на
    било кој без ни малку
    свест, жар ни доблест.

    Обезвреднети
    чувства, накитени со
    зборови празни.
     
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Време немам ич.
    А сите ме тераат
    Да им помогнам :D

    Знам дека лошо
    Звучи песната моја
    Подобра - утре.

    И денес му е
    Роденден, нека му е
    Среќен, без мене.

    лошо, лошо :D
     
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    17/28

    Годишнина

    Никогаш не сум
    Им придавала важност
    На датумите.

    Знај, не живеам
    Јас за бројките, туку
    За моментите.
     
    На cresa-jagoda, Hipster и Ariel им се допаѓа ова.
  18. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.114
    Допаѓања:
    137.986
    Сонот со очи
    Широко отворени
    Ни дава живот.

    Кој не мечтае
    Не живее вистински,
    Џабе постои.
     
    На cresa-jagoda, AnaKarenina и Hipster им се допаѓа ова.
  19. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    17/28

    Измисли ми ти
    апарат магичен кој
    ќе слика чувства.

    Апарат кој ќе
    оживува мигови
    среќни, безгрижни.
     
    На cresa-jagoda и Ariel им се допаѓа ова.
  20. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    17/28

    Среќен си. Сфаќаш
    Дека живееш нечиј
    Цел животен сон.