17/28 Дојди поблиску Знај, мојата насмевка е пренослива 18/28 Две шолји кафе За тебе и за мене Како некогаш Не сме заедно одамна, но ги правам секое утро Стари навики Треба да ги оставам Тешко ми оди
18/28 Навиката е И радост и отров, но Ако дозволиш. Мојата пак, со Мене се роди. Силна, Сè уште тлее. Но иако ме Усреќува - отров е. Само мој, таен: Ти да ми бидеш Дом, та секогаш тебе Да ти се враќам. Противотровот Го смислив, ти го испи. Јас не сум твој Дом.
19/28 Одекнуваат зборовите твои во мојата глава Што ми направи? Што ти направив, драги? Се пеплосавме Уморна сум од нашите детски игри Сакам починка И двајцата го чекаме крајот, кој ќе се осмели прв?
18/28 Кога те љубев знаев дека постојам, и постоевме 19/28 Солзи не бројам сакам само насмевки низ свет да ширам
20/28 Денот да ми е ноќ за да те видам пак да те помирисам. Мирисот твој ме опива како најјак афродизијак. Со еден поглед ме стопи, излудувам тивко, нечујно...
19/28 Денот е премал Кога подарувам грст Мои насмевки. Но и преголем, Кога сета болка ме Разоружува. 20/28 Имам еден сон: Да те љубам под небо Ѕвездено, вечно.
21/28 Ми велиш дека Сум ти била слатка ко Шеќерна волна. Ти велам, не ме Познаваш... Внимавај да Не ти загорчам.
Толку си блиску, а сепак да те видам е невозможно. Меѓу нас нема планини и мориња - само зборови. И ветувања одамна дадени, но силни и вечни.
20/28 Ако доаѓаш Понеси парче радост и парче душа Понеси парче неостварени сни и вистински лаги Како некогаш Ќе крадеме погледи и туѓи срца 21/28 Има денови кога сакаш сите на светов да молчат Има денови кога би викал гласно, сите да чујат Има денови кога сум сама и ми е совршено Има денови кога сфаќам колку ми недостасуваш
21/28 Сеќавањата Ги чувам себично ко Стихови в'себе. Не дека ќе ми Избледнеат туку се Кревки ко памук. 22/28 Рани душа да Те слуша, со спокојство, Љубов и среќа