1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хаику поезија

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од AnaKarenina, 8 јануари 2014.

  1. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    ^
    Виножито, хаику-то треба да биде составено од 17 слогови, редоследно: 5-7-5. :)
     
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    23/28

    Како бродче од
    Хартија, ќе те пуштам
    Да отпатуваш.

    Не знам дали ќе
    Се вратиш, и дали ќе
    Се сретнеме пак.

    Засекогаш ќе
    Ти го чувам местото
    Во срцево, знај.

    А ако не се
    Вратиш, од спомените
    Ќе живеам јас.

    [​IMG]
     
    На cresa-jagoda, L-enna и Hipster им се допаѓа ова.
  3. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417

    OOOO..Mалку ми е појасно, ама пак се мислам некако .... :$
     
  4. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    После Ана не се пишува Хаику, како третооделенска песничка моево во споредба со нејзиниве :lol:


    23/28

    Лист по лист
    ќе процути цвет, пролет
    в час ни доаѓа.

    Нека расцути
    и љубовта во тебе
    разелени се.
     
    На cresa-jagoda, L-enna и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  5. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    20/28
    Нема да кивнам
    ако ти не си покрај мене
    со тие очи.

    Да ми подадеш
    марамче и шолја чај
    и скриен бакнеж.

    21/28
    Обои ми го
    срцето во боите
    на еден паун.

    За кога ќе ти
    го отворам да не ти
    биде досадно.
     
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    24/28

    Највкусно кафе
    ми е она после долг
    ден. Заслужено. :coffee:
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    24/28

    Се мразам себе
    кога мрзата ќе ми
    надвисне мисли.

    Како облак полн
    со дожд стои над мене,
    ме депримира.

    Има ли лек за
    ова чудно чувство на
    неисполнетост?
     
    На crazylady и Ariel им се допаѓа ова.
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    25/28

    Најдобрата инвестиција

    Знај, најдобрата
    Инвестиција не е
    Во недвижнини.

    Ниту некакви
    Хартии, обврзници
    Или акции.

    Штом тркалото
    Се врти, минливи ќе
    Бидат нештата.

    Но, има една
    Инвестиција која е
    Исплатлива.

    Единствено во
    Неа вреди секогаш
    Да се вложуваш.

    Луѓето можат
    Да ти земат сé, само
    Знаењето не.

    Ништо да немаш,
    Знаењето пак ќе те
    Направи моќен.

    Со посвета за татко ми - човекот кој ме научи да учам :)
    [​IMG]
     
    На cresa-jagoda, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Edie.S и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    25/28

    Нижи зборови
    како бисери, еден
    по еден, вредни.

    Раскажувај ми
    приказни за добра ноќ
    да те сонувам.

    Насмевни ми се
    повторно ѓаволски ко
    тогаш и љуби

    Љуби ме како
    да нема утре, денес
    и засекогаш.
     
    На vinozito1 и L-enna им се допаѓа ова.
  10. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Хипстер, царице,
    твојата песна е сон,
    рашири крила.

    Летни високо,
    од таму гледај долу,
    не замижувај.

    Од горе види,
    ништо не личи исто
    полетај без страв.
     
    На cresa-jagoda и Hipster им се допаѓа ова.
  11. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    26/28

    На хоризонтот
    зајдисонце, јас и ти
    во кабриолет.

    Френк Синатра на
    радиото, срцата
    ни ги спојува.

    Вакви нешта, не
    се случуваат само
    во филмовите.
     
    На cresa-jagoda, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и Hipster им се допаѓа ова.
  12. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Captain-Omni :D ти благодарам за хаикуво, денот ми го направи ;)
    Башка што уникатен си, до сега никој не ми посветил хаику :lol: :f:

    26/28

    Неописливо,
    Како оној мирис на
    новороденче.

    Бесценето,
    Како оној мирис на
    новата книга.

    Најомилено-
    твојот мирис на мене,
    совршен парфем.
     
    На cresa-jagoda и Ariel им се допаѓа ова.
  13. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.103
    Допаѓања:
    137.838
    По диетата

    Чувството кога
    Пантaлoните ти се
    Веќе големи.

    Комплиментите
    Секој ден се' побројни
    Многу ми годат.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    27/28

    Пушти ја Као
    Какао
    , утрински да
    Ме разбудува.

    Па направи ми
    Какао, сетилата
    Да ги расонам.

    Во мирисот и
    Твоите бакнежи јас
    Да се изгубам.
     
    На cresa-jagoda и Someonespecial им се допаѓа ова.
  15. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    27/28

    Колку години
    мислев дека имам се
    а немав ништо.

    Мислев дека е
    љубов, сигурност, страст, но
    сум се лажела.

    Душава ми е
    празна, неисполнета,
    осамена сум.

    Зборовите ги
    нема исчезнаа и
    страста бледнее.

    Ми велат ајде
    насмевни се, ќе биде
    се во ред утре.

    И утре дојде,
    помина, но ништо не
    ни се менува.

    Дај му време на
    времето, можеби е
    мудрата мисла.

    Но јас немам ни
    грам трпение веќе
    за чекањето.

    Уште ја барам
    магичната гумучка
    што брише болки.
     
    На cresa-jagoda, crazylady, vinozito1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Заостанувам цела недела поради обврски на факултет, но пишував по едно хаику на ден, иако не успеав да ги објавам тука. Еве ги сите наеднаш! Поздрав до сите девојки кои го прифатија и комплетираа предизвикот :hai:

    22/28

    Јас сум овде, а
    ти си таму. Заедно?
    Во вечност само.

    23/28

    Фотографии.
    Насмеани лица и
    стари спомени.

    Само таму сме
    останати заедно
    и така среќни.

    24/28

    Ни премалку, ни
    премногу. Зборуваш ти
    како хаику.

    25/28

    Многу често се
    фаќам како и` бегам
    на реалноста.

    „Само сонувај“
    Ми велеше мајка ми
    — мојата мантра.

    26/28

    Прво заслужи
    го мојот ум. Потоа
    моето тело.

    27/28

    Здодевноста те
    убива само ако
    ти и` дозволиш.

    28/28

    Забележа ли?
    Веќе е март. Пролетта
    ни е на врата.

    Ќе дојде и мај.
    И збогум за кратко, зар
    вака требаше?

    Ова ли е тој
    толку озогласен крај?
    Мило ми беше.
     
    На cresa-jagoda, Hipster и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Ете така, си помина и овој месец.
    Се изненадив кога видов колку феминки го прифатија мојот предизвик и навистина ми е мило што ја испишавме темава овој месец.
    Убаво го одбележавме февруари - најкраткиот месец посветен на накратката песна :)

    По тој повод, еве го и моето последно хаику за месецов, со кое го завршувам предизвикот.

    28/28

    Помина уште
    еден месец, на прагот
    март веќе чека.

    Го испишавме
    и овој февруари
    со поезија.

    За секој ден по
    една песна, убав ни
    беше месецов.

    Но, ако е крај
    на месецот, не е крај
    на творењето.

    Доаѓа пролет
    и со себе ги носи
    убавините.

    Убавините
    кои во нас ќе будат
    инспирација.

    Убавините
    за кои вреди ние
    да пишуваме.

    Секоја творба
    на пролетта е вредна
    за поезија.


    Се надевам дека крајот на предизвикот нема да биде и крај на пишувањето во темава.
    Не знам за вас, ама мене хаику поезијата ми е многу заразна и забавна, па сигурна сум дека пролетта ќе биде многу инспиративна :)
     
  18. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Пролет доаѓа
    секаде среќни лица
    насмевки многу.

    Само јас плачам
    тагата за тебе ме
    убива мили.

    Уште колку ли
    денови тажни има
    неспокој гори.
     
  19. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    28/28

    Сакам да одам
    во Њујорк да летнам јас
    далеку од се.

    Да го прошетам
    сиот свет или барем
    половината.

    Како и ова
    последно хаику ја
    пуштам желбава.

    Некои велат
    кажи ја на глас нема
    да се оствари.

    Јас мислам ако
    вистински ја посакаш
    исполнета е.

    Желби имам рој
    ама ниедна не е
    толку сакана.

    Сакај и светот
    ќе биде твој и само
    твој-засекогаш!
     
    На cresa-jagoda, Someonespecial и crazylady им се допаѓа ова.
  20. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.103
    Допаѓања:
    137.838
    Пролет

    Пролетта мила
    Мартинката на рака
    Ја најавува.

    Кога е пролет
    Радоста е бескрајна
    Сите сме среќни.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.