Да не ме разбереш погрешно, ќе го кажам ова во второ лице, но не се однесува на тебе, еве на мене, но не го бива во прво лице. Значи: "Никој не може да направи толкава будала од тебе колку што ти сам/сама можеш сам/сама од себе!" Заклучок: секогаш пристапувај позитивно кон се и дозволи другите да се изглупираат место ти. Ако сепак не ме разбра: батали хакирање профили, никогаш нема да имаш доволно добра причина за тоа!
дали некако можам да ја дознаам IP адресата на профил што не ми е пријател а ми пишува? пробував со command prompt - netstat - an ама не ми функционира ми дава различни ip адреси, а исто и со оние креирања на линкови за другата страна го отвори линкот ми стига порака за сосема различна адреса во други држави, а пробував со личност што е тука.
Не знам дали прашањево тука треба да стои, ама да ве прашам сепак дали некоја знае дали е можно да се уклучам на фејзбук преку инстаграм ако сум најавена? Пасворд на инста знам, а на фејс не,,,
Мислам дека можеш а пробај смени си пасворд на фб. Иначе мој совет до сите е да не ги поврзувате фејсбукот и инстаграмот бидејќи со самиот хак на фб имаат пристап и до инста[/QUOTE]
Мене ми хакнаа фб, како, немам појма, тој/таа ми ги избриша сите слики, и ставил/а на насловна некоја слика, ја најдов на страна за луѓе со психички проблеми, не можев никако да си го вратам фб, и еве веќе некое време користам емаил на yahoo сметам дека е посигурно, иако више се и сешто постои денес, затоа пазете.
И мене сабајле ми го хакнаја ми беше стар ФБ и лозинката од емаил ми е заборавена одамна, не можев преку бројот да си го вратам бидејќи стар ми е бројот и веќе не постои. Имав многу слики на ФБ. Само за сликите ќе ми биде многу жал бидејќи не ми се зачувани на друго место И веднаш го деактивирале. Појма немам кој може да биде.
И мене ми го хакнаа и ми го деактивирале безбесната бев.. Знам да хакнувам ама што нашле да ми читаат кога се бришам.Некои 4 год.го имав сигурно.Ужасни.
Не знам, кој беше тој ''талент'' туку така да ми влезе во профилот, имав тежок пасворд ставено, исто и емаил сокриено, уште не ми е јасно, ама тоа е има секакви, муабетите пола и повеќе ми беа избришани, често бришам, така да и да останало нешто да прочитал/а воопшто не ми е гајле, се надевам нема да ми се случи истото и од овој, ама ако се случи тогаш сериозно мислам да превземам некои мерки, другарка во мвр пријави еднаш дека многу ја замарал некој со заканувачки пораки, и го открија преку ип адреса. има начини, како и да е, ама ако ги прави тоа среќни, нека тераат, ќе им дојде крајот и на нив.
Во полиција или мвр не можат ништо да направат плус ако сте под 18 ќе се соочите со законот дека не смеете да имате фб. Мене со софтвер ми го пробиле бидејќи е све тргнато.
Не знам, не сум навлегувала дотолку, само знам со другарка како беше ситуацијата, мажена е, постојано ја вознемируваше некој и знам дека среди работа преку мвр, како што кој, не знам, немам инфо.