Не знам точно како да дознаеш кој бил, но можеш да дознаеш од каде бил најавен ако сега имаш пристап до твојот профил. Отиди во Settings >> Security and Login и види од каде се си најавена во моментот и изминатите денови. Одјави ги сите други и смени си лозинка.
Совет: бришете си ги сите пораки редовно, не само од мсн туку од сѐ. Денес е многу лесно секој да пристапи кон ваши податоци на соц.мрежа.
Јави се на 192, кажи им да те поврзат со секторот за компјутерски криминал и таму замоли ги да ти дадат пасворд од акаунтот што сакаш да го провалиш, кажи дека те фатило љубомора и сакаш да видиш дали те вара дечкото. Вети им дека само 10 мин ќе го користиш и потоа ќе го заборавиш. Љубезни се тие, ќе ти излезат во пресрет.
Мислев се зезаш, па затоа и се зезав и јас. Не ми се верува дека уште во 2020 година има луѓе што не ја знаат финтата за влегување во инста профил. Можеби си помала, па затоа не стигнала информацијата до тебе. Ок, значи кликаш горе-лево, Add Account, го пишуваш неговиот јузернејм, долна црта, па акаунт бројот (acc number), ## и има уште три карактери што се ставаат, ама не можам вака јавно на форум да го пишам тоа. Кој знае кој све чита.
Многу ми се смешни овие што сакаат да хакнат фб или инстаграм профил. Мислат лесно тоа по некоја шема оди.. Вакви прашања поставува мојот 8 годишен братучед и 16 годишно момче кое и е љубоморно на девојката зошто не му давала пасворд, а он умира од љубопитство.
Стварно оди по шема хакирањето. Шала на страна. Летоска во ЦИА, ФБИ или кај беше таму не памтам провалија не па на Фејсбук или Инстаграм. Имаш луѓе чијашто работа е тоа
Да и јас познавам луѓе кои го можат тоа, но не го прават тоа секој ден и за секакви ситници. Патем децава сакаат некој да им каже како тоа да го прават, а никој ама баш никој нема да им каже. Има овде некои и што бараат хакерски услуги, и тоа нема да добијат од проста причина што никој од хакерите не сака да ризикува. И јас на 16-17 годишно дете не би му помогнала за такво нешто, ептен може да ме замеша после во секакви сплетки.
Доколку некој знае некој што разбира за враќање профили и сл. или некој хакер нека ми пише ми треба услуга за која ќе си платам.
Dark web honey, dark web. Бај д веј не се замарајте со глупости не е возможно хакирање така лесно и едноставно хахахаха. Особено ако пасвордот има над 13 карактери и користиш брут форс хахахах.