Корисни ќе бидат советите за сите тука. Да си отвораме очи. Знам дечко на кој му повлекле голема сума пари од сметка. Порачувал се и сешто на секакви сајтови и не знае од каде му се украдени податоците. Инаку, и на банкомати нели доаѓаа странски државјани, па монтираа апаратчиња за да крадат податоци од картици. Опасност има секаде. Кога треба да ни уплатат пари, даваме лични податоци итн. Инаку, на два мејла некој ми влезе годинава, но тоа се два различни мејла.
Менувај ги пасвордите, прво и основно. Дечкото требало да нарачува само од проверени сајтови. Има сѐ и сешто, и како се развива дигиталната технологија, така се развиваат паралелно и веројатно и побрзо луѓето што ја злоупотребуваат...
Добро, а постои ли безопасно хакирање? Да ја пробијат шифрата од некаде, а да не влезат во мејлот воопшто?
Постоjат многу причини зошто некој би хекирал сметка/account/организација/систем. Можам да замислам дека некој ја пробил шифрата за да види дали може тоа да го направи, како предизвик, да. Или само да се “прошета“. Можел да се „прошета“ па да не нашол ништо „интересно“. Можам да замислам да пробива 10000 мејлови или цела база на мејлови, за да ги има шифрите/пасвордите за ако му притреба за нешто трето. Можам да замислам етички хекер, исто така. https://www.eccouncil.org/ethical-hacking/#text=Ethical hacking is a process,and looking for weak points.
Да ти поставам прашање како одговор. Замисли да немаше никаква реакција од каков било алгоритам на мејл-сервисот дека некој се обидува да влезе во твојот инбокс. Дали ќе беше безопасно? Немаше да бидеш свесна едноставно. Накратко, да ти одговорам. Не може да знаеме. Ама, не се преплашувај и оди во бесконечно преиспитување. Претпоставувам, ако е некаков црн/сив хекер, а нив секогаш ги интересира САМО пари, до сега ќе знаеше, најнајверојатно. Дали во иднина мојот или твојот инбокс ќе биде некако злоупотребен, а некој ти ги „собрал“ податоците ВЧЕРА (карикирам) никој сосема не знае. Тоа е исто како да прашам дали утре можеби да се разболам, а не сум свесен денес, зошто не ми детектирале дијабет вчера. Важно е да се заштитиме што побрзо, да направиме тоа што можеме СЕГА, од тоа што ни е на располагање, и да се надеваме на најдобриот можен исход.
Инаку, сите вие кои сакате да хакирате нечиј фб или инстаграм поради љубомора, или за да видите дали партнерот ве изневерува, знајте дека хакирањето е кривично дело, може да ве пријават во полиција, и да одговарате. Мене досега не ми се случило да ми злоупотребат податоци, ама ако се случи секако ќе пријавам во МВР и ќе тужам ако треба. Дури, за злоупотреба на лични податоци може да се јават во Дирекцијата за заштита на лични податоци, и да ве казнат, а казната е од 500 евра па до неколку илјади евра. Пред извесно време од профил на една директорка почнува некој да ми пишува со „здраво“, „како си“, и потоа на сите мои одговори враќа со „аха“. Потоа ми вели „дали можеш да ми дадеш 1.000 евра, во тесно сум, маж ми ме заглави, до утре морам да платам на лихвари“. Реков не, и го блокирав профилот. Можев да ја побарам жената на работа во школото, и таа да пријави во полиција. А може и пријавила. Мои колеги дури и дипломите ги чуваат по мејлови, податоци за секакви трансакции, и мислите дека некој ако му се злоупотребат податоците, нема да реагира?
Дали некој може да ми помогне некој ми ја сменал фејзбук лозинката. Дали некој може да ми каже како да ја вратам
Odi forgot password I odi sent code to my phone number Ili email I ke ti stigne I posle Stavi 2 factor authentication
Здраво, имам проблем со инстаграмот. Поврзан е и со број и со мејл. Бројот не постои и пасс го менувам преку мејл. Меѓутоа денес кога и да го сменам ми стига известување дека е сменет ама неможе да се логира ми бара да потврдам преку бројот. Ако некој се разбира да ми помогне.
Дали си логирана негде? Ако си, тргни го бројот, и стави го постоечкиот, или уопште не ставај. А ако не си, кликни форгот пасворд и на меил да ти пратат, и после ако влезеш, тргни го бројот
Не сум нигде логирана пробував и од други телефони ама не може. Ми стига на мејл дека е сменета лозинката ама џабе неможам да влезам. И со форгот пасс пробав нејќе.