Ми се случли еднаш вакво неш со фејсбук, али тоа беше период кога штотуку се развиваше и немаше добра заштита и хакерите дневно бришеа по милион профили. Тоа е многу сложен чекор, а најмногу треба да имаш нерви за да не се откажеш и најважно од се да останеш анонимен да не те разберат сите. Macintosh оперативците се експерти за фејсбук профили ... (господ нека ме чува мене!)
2 Пати ми хакнуваат фб...штета што не знам како може да си го вратам. Спојлер кој к*р и е на тие што хакнуваат
Мене не. Добро се имам осигурано. Освен основниот имам и алтернативен маил кој се скриени и за моите пријатели а и добивам смс, авотматски при секое логирање. И никому не давам маил на кој што ми е фб.
Да ми го хакнаа фејсот.Незнам ни кој ни зошто,но важно хакнат е.Сега имам нов.Незнам да хакнувам ама би сакала да знам од чиста љубопитност.А не заради одмазда.Јас хакирањето на фејс не го подразбирам како еден вид одмазда бидејќи тоа е само социјална мрежа..ако јас сакам на некој да наштетам(што многумногу ретко се случува,освен по потреба)тоа ќе го направам на многу посериозен план а не преку фејсбук.А да, и многу ми е одвратно она хакирање помеѓу бивши дечко и девојка па сега ..фејсбукот ќе ти го хакирам..глупости!
Досега не ми е хакиран фејс профилот. Имам вратено повеќе профили на мои пријатели. За хакирање на фејс има повеќе начини не е само еден(phising, keyloger..). Па може да се каже дека знам по малце од хакирање на фејс, а повеќе знам да хакирам сајатови.
ми беше хакнат од другар на бившата и незнам зошто но сите слики ми беа избришани а имав мн интересни слики што не ги чувам на пц. Незнам што човек треба да си за да се замараш со туѓи животи
Па до сега имам 2-3 профили, поради тоа хакнување. -.- Искрено ако ми го хакнат сега, не правам нов Незнам да хакнувам, но кога би знаела би му го хакнала на некој, хахаха.
девојки која од вас знае да хакнува фб ми треба за мои стари профили од кои незнам пасворд ни на меилот ако знаете ве молам кажете!
Мене ми хакнаа 3-4 пати а не ги знам кој беа но си го вратив некако..1 ми го хакнаа т.е еден другар но барем си ми кажа вистина и ет си го вратив .. но најмногу зошто постојат такви луѓето што мораат да си хакират ..ментална работа.
Мене ми го имаат хакнато еднаши ми имаат пишувано безобразни статуси у мое име и на чет на мои другарки им имаат пишувано глупости у мое име.Инче ја незнам да хакнувам профили
Сакам да хакнам, пуста љубопитност. Само на 5 минути, да прочепкам нешто и одма ќе го вратам. Не сум лоша душа, ама ми имаат влагано по фејсбуков, нели тој сам покажува пред да се логирам, а пасворд немам кажано, плус пишува некој од Скопје во 9 сатот, а ја кога има станато летово? Не верувам дека хакирањето е проста работа, а помалку верувам на страните и нивното спуштање, можеби е некој вирус, па затоа не чепкам на непроверено, кај лап топов во последно време ми е крш, па уште тоа ми фали. btw. нема хакери на форумов?
Е, сè почнува од петте минутки, па после ќе станат десет и така му натаму. За мене тоа „хакнувањето“ е чиста глупост. И што дека на 5 минути ќе прочепкаш нешто низ некој туѓ профил? Повеќе нервози ќе се наполниш од несакани муабети, одошто да ти биде ќеф и да се гордееш со фактот дека - јес, си хакнала некого. Mojата ситуација: Таман се наканив да си направам фејзбук, дечкото на мојата другарка ми провалил, за да ни ги чита муабетите на чет. Мислам, со кој памет, уште не ми е јасно, се решил да ми копа по муабетите, мене дечко ми не ми прави вакви глупости, а не пак некое си вчерашно гомценце. Не дека ќе прочита некоја тајна на ФБИ и НАСА, ама сепак тоа си е нечија приватност, мислам, да не беше така, ќе немавме пасворд на ништо и слободно ќе си шантравме од „твојот“ на „мојот“ и од на Трајко и Тралалајко профилот. Ивана ви дала убав совет - скријте си го мејлот, ставете си алтернативен мејл, долг пасворд во кој ќе бидат вклучени бројки, букви и знаци и во краен случај направете си да ви стигнува код или сетирајте еден device, па ако некој проба да ви влезе на профилот од друг компјутер, ќе ви стгигне порака. Никогаш не би правела такви глупости, за што сака нека се работи, сепак си е нечија сопственост и приватност, пред сè. Барем од култура.