Откога ми го хакнаа првиот ФБ, почнав и јас да хакирам со еден другар, хакнавме што хакнавме, дека мене ми стана интересно си купив една специјална прграма за хакирање од еден братучед од Луксембург, арно ама некој им раскажал на сите во школо дека знам да хакирам и сите демек ај да го хакнеме профилот на овој насавник, на оној професор и ми дојде преку глава веќе. Од тогаш (бев нагде 7 одд.) немам хакнато ништо, ни најмала игричка. П.С. Хакнувањето на фб или твитер профили е многу лесно.
па кога знаете да хакирате, кажете, објаснете, итно ми треба да хакнам лозинка на фејсбук... може и во лп, би ви била вечно благодарна
Да, ако немам свој живот ќе седам пред компјутер и ќе хакирам туѓи профили, мислам.. мене очајно ми е ова.
Абе знаете ли ама е лесно хакирањет. На таа страната има 2 правоголничиња, во едното го пишете е-маилот на тој шо сакате да му го хакирате и во другото го има пасвордот. Ја знам таа страната, само не ви го кажувам Ако беше тоа така лесно и едноставно сите ќе бевме хакери.
И дозна некој како се хакира ФБ?Ако знае па нека не просветли и нас ќе си отвораме профили и ќе си читаме
Ќе си купите програмче ко на Стефи од погоре. Не мора ни да пишувате нешто, тоа чита мисли и телепатски ќе ви ги сигнализира лозинките што сакате да ги знаете. Сериозно, смешно е прашањето “Па ако знаете, кажете, зошто не кажувате?“ Зошто нема формула за учење напамет по која може да се раководиш и загарантирано да успееш, има стотици начини да хакнеш една, единствена страна, и секој си го бира оној кој му лежи најдобро. Најлесно е со SE т.е. она со кое другарчињата ви се фалат дека се хакери, ама далеку е од хакнување тоа. Ехее, неспоредливо е, не ни иде во иста реченица со хакнување. За другово, прво треба да знаете да работите во страшниот, црн правоаголник наречен CMD и да се разбирате во HTML и C++ за да откриете грешка т.е. кај има системот дупка, па таму да нападнете за да би извлекле некаква информација. А, за да нападнете, треба да знаете купишта кодови кои ќе ги пополнат местата кај што е згрешен основниот код и да знаете кој кога да го искористите и во која комбинација. Крај-краева, да имате барем brute force, ама и со него ништо ако немате познавање. Е, тие работи преку ноќ не се учат. Доколку превртувате очи прашувајќи се што по ѓаволите јаде оваа, што се гореспоменатите и како се работи со нив, тогаш комотно заборавете на желбата за хакнување. Луѓе информатички факултети учат, па пак им се ограничени знаењата и можностите, а тие за еден фб се запнале, за да читаат туѓи муабети. Абе... Потребни се неколку безуспешни обиди и време дури да се успее, не ај ми текнало, ќе прашам на форум и ќе ми објаснат подеднакво лесно ко што би ми објасниле како да сплетам плетенка. Nuh-uh.
Глупоќа. Ми ги хакнаа и маилови, и фб, и се што можеа. Тоа е падот на родов наш, злото храни најверојатно.
Ме интересира една информација. Хакнат ми беше фејсбук профилот и тоа сосем случајно открив. Ставив да ми стига дополнителен код на мобилниот и ми стигна нотификација дека сабајлето околу 5 некој бил логиран, системот прашуваше дали тоа сум бил јас. Ме интересира како е можно да се хакира профилот? Дали по ставањето на сигурносниот код тоа значи дека хакерот морал пред тоа да ја има пробиено шифрата или не? И колку е изводливо да се хакира акаунт со дополнителнава заштита (код што стига на моб.)???????????????
Да се разбереме хакнување на профилот е всушност дознавање на пасвордот и потоа негова промена од стана на хакерот такаа? Или јас сум смешала нешто?
Мислам дека хакерот го знае пасвордот и може и да ти го смени За да не дојде до тоа треба да се ставаат потешки пасворди составени од бројки и букви,но не бројки како на пример вашиот датум на раѓање,сосема некој друг број.
Ми го има хакнато една другарка,за да ми прочита пораките ама за жал не и успеа јас одма си го вратив.Па после си го забораив пасс,па кодот и отиде во вечноста.Си напраив нов и веќе ми е една година...
Јас не се разбирам од хакирање ама другарка ми е тука таа знае и ако сакам да му хакнам фб на некој одма на неа и кажувам и работата е готова А воопшто не сум ја прашала како хакира не сум се заинтересирала
никој не мојт да ти го хакнит фб то, освем да ти го знае пасвортот на мсн , затоа што тоа е шоврзано. Јас незнам да хакирам..само да менам пас од мсн ако му знам некому можам . (но не би сакала) Мене еднашка ми го знаеше едно девојче и ми го сменила пас на фб, и јас си го сменив преку мсн потоа. и од тогаш никому го немам кажано.
Знае некој како да хакнам фејс? Еден идиот има стаено една слика од мене и него, го молам месец дена да ја збрише и несака, изгледа ќе морам сама да се снаоѓам некако
Пробај да се најавиш со старата лозинка, кога ќе ти каже дека ти е сменета кликни дека не си ја сменила ти итн и потоа би требало да се снајдеш ќе ти дојде до она да ти стигне лозинката на е-мејлот или на телефон... Мислам дека малце помогнав...
Инаку за подобро да си го заштитите профилот наместете си да ви стига порака кога некој се најавува од кај вас, а уште подобро да ви стига код на телефон па и да ја знае лозинката да неможе да се најави