Зарем има потреба од хакирање на фејсбук профил кога речиси сите уште да стават кој број гаќи носат? Знам темава е повеќе за фаќање флертови на дечковци, ама фејсбук профил може многу повеќе да наштети од изгубена романса ради лајк на цицеста мома. Од профилите на некои личности, истите кои сечкаат пошта на парчиња за да не им украдат идентитет ако им се расчепкаат по ѓубрето, а на фејсбук на мегдан ставаат инфо со што можеш слободно да им *хакнеш* сметка во банка
Добро незнам што јас ви прегрешив толку.. Јас не реков дека тоа е супер, дека треба сите цели денови на харираме фб профили... Но едноставно знам тоа да го правам, ако некој решил дека сака да хакне некој профил и е спремен да плати за тоа, зошто да не. И курвите можеби се глупост, ама се додека некој дава пари за нив ке ги има нели? Мислам дека државата има повеке такви одколку некој што може толкава мрежа да пробие. Всушност, камо ли државата да беше полна такви.. И незнам што толку нервоза и на државно ниво да се крева муабетот
Како да ХАКИРАТЕ туѓ профил во 5 чекори.. (работи 100 %) 1) Изберете било кој профил 2) Пречекајте го на улица корисникот 3) Удирајте го со палка додека не Ви ги каже лозинката и е-мајлот 4) Кога ке Ви ги каже, клоцајте го уште 5-6 минути за секој случај да не може да стаса дома пред вас и да ја промени лозинката 5) Потоа со трчање одете дома за да го отворите неговиот профил! ОПОМЕНА !! Внимавајте таа особа која сте ја избрале да ја хакнете да не е посилна од Вас за подоцна да не дојде до некои технички проблеми ... Спојлер тие ќе хакирале, мочки
You think too much Не ти е добра споредбава. Реално, кој плаќа на курва, плаќа за свое лично задоволство и не прави штета никому. Кој плаќа на хакер, плаќа за свое лично задоволство или одмазда или шоидае, истовремено наштетувајќи му на сопственикот на хакираниот профил. Ако некој, ЕДНОСТАВНО, го бива за крадење, во ред ли е некој да му плати за да изврши кражба?
досега 2 пати ми го имаат хакнато и 2 си го враќам. иначе бедно е тоа ханувањето, ми звучи како љубомора,алчност,злоба... но, да не се лажеме, сите од нас би сакале барем малце да ѕирнат во инбоксот на некој друг. ете признавам и јас сакам. ама, не знам да хакнувам и не би платила за тоа и затоа си седам кај што ми е местото.
Добро се извинувам најмногу што ви го пореметив муабетчето, ајде никој не хакира сите сме перфектни и се тоа... ај мочајте си колку сакате
Wow wow wow, мала, slow down. Не трескај се туку гледај да научиш нешто од постари. Како вака бе..ццц... 1. Пикање нос во туѓа приватност е во најмала рака невоспитаност. Спојлер сигурно имаш комшивки што знаат се за секого, а ако не знаат, гледаат да научат. и сигурно те нервираат. епа честитки, не си ништо подобра од нив 2. Не само што е безобразлук туку е и КАЗНИВО со закон. Да да, добро прочита. Не е законот само за холивудски ѕвезди, важи за сите смртници. И еве мене да дојдеш и да ми го хакираш профилот ќе те пријавам жими се. Ајде ако не дојди ми и дома и отвори ми го сандачето и прочитај ми ги писмата Спојлер ако најдеш некоја сметка слободно плати ја исто му се фаќа. Гледај да ја зачуваш својата приватност и не замарај се многу со туѓата, некогаш да се знае помалку е подобро п.с важи за сите, сегашни и идни "хакеришта"
Срце незнам што толку се замараш... Инаку верувала или не, јас се што правам е всушност легално.. Ако нечиј профил е добро заштитен, неможам да го пробијам.. И не е казниво воопшто тоа со закон бидејки не е ни фишинг ни нешто слично, само логичка техника. И верувала или не, досега НИЕДНАШ не сум го направила ова за мене, секогаш за некој друг. Ако некој друг сака да знае некој такви работи и да биде како што ти велиш безобразен, нека си е, за него си е. Пример ти си некултурна.. за тебе си е тоа.. Единствена нелегална работа е тоа што понекогаш земав пари за оваа услуга, но толку ситна што никој не би ни ја спомнувал.. Тогаш и времето беше друго, не дека не се каам за тоа, но така било и така се десило, тоа веке не го правам. Знам дека можеби ти сметаат тие луге што го прават тоа (буричкаат по туги профили де) но постојат. И незнам сошто мене ме обвинуваш за тоа, јас само им давам пристап до тоа и ништо друго. Ако ми се пријатели и можам да им завршам услуга, зошто да не, ако се решиле тоа да го направат ке го направат. Стварно, доста се нервираш, светот не се менува така лесно, мораш да прифатиш дека и такви работи мора да постојат. Сепак тоа и не е најстрашното... Знам и техника за кршење на кодови и на кредитните картички, но за тоа на никој не помагам, ова е веке нелегално а и е чиста кражба. Фејсбукот и не е баш.. Тоа си е обичен профил со некои основни лични информации (име презиме училиште омилени филмови) и доколку го откриеш/промениш пасвордот не е кривично дело..
Ќе се самоцитирам http://www.akademik.mk/naslov-za-lichnite-podatotsi http://www.uvmk.gov.mk/files/zakoni/ZZL ... 0tekst.pdf Казниво е. Точка. И тоа што не го правиш за себе туку за трети и земаш пари иако ситни суми, не ти оди во прилог. Напротив
Леле девојко навистина навлезе ти во тоа.. Какво злоупотребување на податоци или незнам што вмешуваш овде?! Некој се претставувал со лажен идентитет на работа и го мешаш тоа со моево? Ццц ако имаш повеке години од мене не значи дека треба од тебе да учам! Навистина доста ми е, ако ти се деси на тебе не дај Боже некаква злоупотреба на податоци ти посакувам се најдобро да испадне во твоја полза, но не се прави некој правник кога всушност нити ги познаваш овие закони, а уште помалку знаеш јас што всушност правам, те молам не дели такви мудрости кога не знаеш толку многу.. Пријатно и те молам смири се малку, во ред ке е се...
confused мислам дека ти треба да слоу даун Хакирањето е казниво нарушување на нечија приватност и не треба да се чепка. Но треба да постои. Затоа што некој ден тебе нешто ќе ти се случи со профилот и ќе треба да си го хакнеш. Јас имам хакнувано ама не баш со програми или такви глупости,туку само ги користев информациите на личностите што добро ги познавам. Ми успеа мислам 2 пати. Спојлер на мејл Имам побарано од една личност да хакне профил на фб но само затоа што во на екс дечко ми пораките немаше ништо,а во нејзините имаше се. Го видов тоа и потоа не се уклучував веќе. Анистон нема врска што си наплаќала (според мене). Мислам дека confused те нападна премногу,сепак не зборуваме за убивање на човек дека е казниво
Се извинувам на Анистон ако ја нападнав премногу, вака читано се сложувам дека се малку дрски моите мислења. Како и да е ме изиритира фактот што упорно нешто што не е во ред, го претставуваше како да е. Ок, хакираш профили ама да не се убедуваме дека тоа е ок. Сакав само да и докажам дека е нејзин избор дали ќе провалува во нечија приватност, ама да биде свесна дека тоа не е во ред. Затоа и нагласив дека е казниво, а ја нареков балава бидејќи почна да коментира без воопшто убаво да прочита што и пуштив каде убаво си беше нагласено дека е кривично дело. Ариела тоа што си го направила ти не е хакирање. Ако јас ти го кажам пасвордот и ти си отвориш кај мене, не си ти крива, јас сум. Ама спуштање пиратски програми со цел да се наруши нечија приватност е безобразно и си стојам на зборот. Сума сумарум : хакирајте ако сакате, ваш избор, ама немојте да докажувате и да убедувате дека тоа е исправно. НЕ Е!
Знам дека не е хакирање тоа што го направив,ама не ми го кажаа пасвордот Едноставно знам како се вика нивното прво милениче ако се разбираме?
Конфузед, гледаш дека всушност ти не си ги прочитала моите мислења... Затоа ти реков да не делиш толку мудрости кога не знаеш јас што всушност правам. Не работам со никакви програми, освен со гугл хром и мозила, ништо друго. Моево е само техника, и всушност и некој да ме тужи, нема да добие.. Ајде, ке ви ја откријам делумно тајната - ако пример, сакате да креирате лажен профил на фејсбук, чисто за некоја игра, и ставете непостоечки меил, и готово, фејсбук веке не бара да го валидираш меилот, креиран е профилот и готово. После година дена некој го креира тој меил навистина, и сака да си отвори со него фејсбук. Оди сајн ап и гледа дека веке има акаунт, па си прака барање за пасвордот и влегува во тој фесбук и менува се... Како е тој крив? Никако. Значи, доколку некој не си го заштитил фејсбукот, нема што да се буни.. Тоа е за казнивоста и слично. (ви советувам да си проверите дали меиловите на вашиот вејсбук ви се валидни, доколку се избришани креирајте си нови, бидејки не сум јас единствената што знам како се прави тоа) А дека не е во ред не е, никогаш не го оправдав тоа. Но, кога другарката ке ти каже слуши ке ти дадам да препишеш ке ти направам тоа и тоа ке ти подготвам фризура но те молам за возврат хакирај го тој и тој - зошто да не ? Интерес за интерес, и тоа можеби не е во ред, но таа така решила, ако не преку мене преку некој друг ке го направи тоа, зошто јас да не искарам нешто. Плус ако не го сторам тоа, ке бидам кучката.
Добро,сватена си,погоре confused се изјасни добро. Немораш да се објаснуваш повеќе. Но сепак мило ми е што го изјасни искуството. Спојлер Инаку за погоре цитираното,нема да бидеш кучката
^ Како да ХАКИРАТЕ туѓ профил во 5 чекори.. (работи 100 %) 1) Изберете било кој профил 2) Пречекајте го на улица корисникот 3) Удирајте го со палка додека не Ви ги каже лозинката и е-мајлот 4) Кога ке Ви ги каже, клоцајте го уште 5-6 минути за секој случај да не може да стаса дома пред вас и да ја промени лозинката 5) Потоа со трчање одете дома за да го отворите неговиот профил! ОПОМЕНА !! Внимавајте таа особа која сте ја избрале да ја хакнете да не е посилна од Вас за подоцна да не дојде до некои технички проблеми ...
Хакиран ми е фејсбук профилот и тоа заради чипови Од вчера никако не можам да се најавам на фб. А најстрашно е што лозинката на е-маилот не ја памтам, а ниту тајното прашање, не сум се ни уклучувала на е-маил 3-4 години затоа што го отворив само за фејбсук. Ако има некој хакер нека ми пише лп, ако ми го врати профилот следува парична награда