1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Халали ми мајчице моја

Дискусија во 'Канта' започната од Aisha, 28 мај 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Aisha

    Aisha Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    37
    ова вази за сите религиј не само во исламот. како треба едно дете да се понаса, спрема својте родители. мислам дека ке земеме поука од ова, колку терет имале насите мајки.

    Халали ми мајчице моја

    Халали ми мајчице моја златна, ти ја бакнувам косата! Ти ја бакнувам марамата на главата која е повредна од дуњалукот и се на нему! Ти го бакнувам челото мајчице моја, очите сјајни, очите најубави. Ах... колку ноќи непроспиени поради мене, колку солзи додека си ме очекувала од Драгиот Аллах, колку солзи секој пат кога сум се разболувал, стравувајќи за мојата иднина. Ти ги бакнувам образите мајко моја прекрасна, душо моја, срце мое, сонце мое, радост на моето срце, среќо моја, и љубов на мојот живот. Ти си моја посебна љубов затоа што те сакам најмногу на светот, и во таа смисла ти со моја љубов, некој кој најмногу го сакам, кој завзема најголем простор во моето богато срце.

    Мајчице моја со лице сјајно, ти ги бакнувам рацете кои ме переле и негувале, ти ги бакнувам рацете кои ме чувале да не паднам, да не се повредам, ти ги бакнувам рацете кои ме носеле со години, а никогаш тоа не ми го приговориле, ах.. колку си прекрасна мајчице моја. Ти ги бакнувам рацете златни и вредни кои кон мене беа неуморни. Аллах да ти ги закити со Џеннетски нараквици мајчице моја и да ги заштити од џехенемскиот оган.

    Дали си размислувал драг брате и почитувана сестро, зошто Аллах, џ.ш., одредил местото на Џеннетот да биде под мајчините нозе? Зарем со тоа доволно не се кажува за нејзината положба и углед кај Возвишениот Аллах! Зарем тоа не ти укажува дека колку повеќе нејзе и се приближиш толку повеќе се приближуваш до Џеннетот и Аллаховата милост.

    Колку повеќе од мајката се одалечуваш за толку од Џеннетот си се одалечил.
    Зарем не го чуствуваш мирисот на Џеннетот кога кон мајка ти ќе се приближиш? Јас го чуствувам!

    Мојата мајка е хурија, прекрасна, со миск намирисана, ѕвезда сјајна која патот ми го осветлува и светло во темнината на дуњалукот. Кога и да ми е тешко доволно е само да ја погледнам и настапува олеснување. Гледањето во мајката го сметам за најубавите и најслатките ибадети на моето срце. Тоа е ибадет кој никогаш не уморува. Ах... да ми е, да живеам уште стотина години само да гледам во лицето на мојата мајчица. Аллаху Возвишен сведок си на мојата неизмерна љубов према неа, па направи вечно да ја гледам во Џеннетот!

    Халлали ми мајчице моја, ти ги бакнувам нозете под кои е местото на вечниот Џеннет, ти ги бакнувам обувките во кои по снег, длабок до колена на лекар ме носеше, да бидеш причина да преживеам кога како мал се разболев.

    Го бакнувам местото каде ги спушташ своите стапала кои неуморни патуваа за да мене ми биде подобро и поубаво во овој минлив свет!

    Ах, мајко моја да знаеш колку те сакам, и колку солзи за тебе пролеав, сигурно ќе ми халалиш...
    Колку ли само пати за твоето здравје и животот да ти се продолжи Возвишениот го молев... и постојано тоа го правам...
    Затоа што ти си украс на мојот живот! Не смеам ни да зборувам за тоа како ќе беше мојот живот без тебе, за тоа искрено мајко не сакам ни да помислам. Не сакам да размилувам за свет во кој ти не живееш, мајчице моја. Аллаху продолжи го животот на моиете родители и подари им здравје во изобилство. Амин!

    Мајко моја, ружо мирисна, халали ми за секоја воздишка погрешна, за секој поглед погрешен и немарен, за секој покрет кој не смеев да го направам спрема тебе, а го направив, за секој збор проговорен со кој сум те повредил, за секое дело направено со кое ти не си била задоволна. Многу сум ти грешел мајко, прости ми. Го сакам твоето задоволство, затоа што Аллаховото задоволство е кога ти си со мене задоволна. Го барам твојот халал, па халали ми мајко!

    Браќа и сестри, ова е само ронка од вистинската почит и внимание кое нашите родители го заслужуваат, посебно мајката.
    Блазе си му на оној кој има живи родители, зошто има голема прилика да заработи Џеннет. Оној живот што ним и на нас ни останал да го икористиме и да им правиме што повеќе добри дела. Подарете им ним многу повеќе отколку што на другите подарувате, не жалете за нив ништо од својот живот и имот.

    Никако не ја запоставувајте мајката поради жената, затоа што тоа ги прави незадоволни, а нивното незадоволство е Аллахово незадоволство. Ако сте блиску до родителите тоа ви е милост Аллахова и тоа е голем благодет која мора да се искористи, за да секој ден по некое добро дело направиш.

    Пазете на своите зборови, пазете на погледите, кога им се обраќате и кога ги гледате, нека вашите зборови бидат топли и благи, тивки и милостливи, а вашите погледи нека не бидат остри туку полни со сомилост.
    Купувајте им постојано овошје да имаат доволно витамини, да живеет во здравје подолго. Колку повеќе живеат, толку шансите за Џеннет ви се поголеми.
    Грижете е за нивното здравје, однесете ги на лекар ако треба, па зар тие тоа со години не го правеа за вас.
    Оние кој немат живи родители нека прават за нив садака и добри дела, редовно посетувајте им го мезарот и учете дови за нив.
    Во посетата на мезарот има двојна корист, прво учењето на дова за нив и сеќавањето на смртта за вас.Така ќе го одржувате своето срце во имански живот.
     
  2. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    665
    Една работа не ми е јасна (осеќам пак ќе бидам трол)
    Зошто отвараш вакви теми Аиша, кога истите не поттикнуваат дискусија?

    онтопик (ако не се заклучи за брзо време):

    Убаво се тоа, што дозволуваш мислењата за родителите да ти бидат условени од религијата која ја следиш, ама да гледаме реално...
    Не се секогаш во право.
    Остануваат 10 год. поназад. Поголемиот број од нив.
    А сите следни генерации одат напред.

    Фино тоа што се почитува нивниот збор, ама не секогаш, бидејќи се станува затворен према други мислења, некогаш и своето дури, посебно ако си тинејџер и си растргнат меѓу својата слобода која ја бараш и строгите норми на религијата која ти ја претставиле твоите.

    Да ја послушав мајка ми или татко ми за многу работи, ќе сум станела паразит, без свое мислење. Така да, мислам дека нормално дете се труди да си ја овозможи слободата и развива свои сопствени мислења. Во реалниот живот работите меѓу родителите и децата се далеку од оние какви што се претставени во светите писма.

    Ондак, се изгубив во преводот по обичај, али муабетот ми беше: џабе овие “теории“. Смрдат, трујат.
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.