Пре би Калитеа, него Ханиоти. Има за шетање, но во Калитеа и блиску до Калитеа е добро за ноќен живот. По живо е местото. Но секој со различен вкус е. За шетање онака навечер добро е, има неколку кафичи, продавнички и тоа е.
Здраво за еден месец ќе одам на одмор во ханиоти ако може да ми кажете нешто подетално за плажата дали има да се купи како облека маркети има ли лежалки и дали досега некој бил во вила мариа. Фалаа однапред
Ханиоти ми е најубаво од сите тие туристички местенца на Касандра, некако е најраздвижено, живо и поголемко. Има се’ основно што и да ти затреба, маркети, бутици, аптеки, кафичи, ресторани, солидни хотели, а има и добра забава. Од хотели, позитивен впечаток ми остави Ostria see side, со 4*, нов е, се наоѓа покрај море и има сопствена плажа.
Пред извесно време бев во Ханиоти на некој ден, скоро сите ресторани им се убави но оние на плажата за морска храна се доста поскапи. Италијанска храна - Gusto Italiano Останати ресторани што ми оставија добар впечаток беа - Bakalis Restaurant, The Garden
Сите места се супер ако одиш со количка, ние немавме проблем бидејќи се разредени и не се натрупани масите. Спроти Gusto Italiano имаш и мини парк, а баш забележав и To Elenikon се наоѓа во парк.
Moze pls podetalno okolu cenite? Na primer vo taverna 2 porcii i 2 pijaloka kolku ke fati? Isto i za lezalki me interesira...
Зависи што ќе нарачате за јадење. Пита гиро ви е околу 3/4 евра, порција гиро околу 10/12 евра, пици имате од 7 евра па нагоре, пасти исто од 7 евра нагоре, бургери, сендвичи околу 5/6 евра. Е сега ако сакате да јадите во грчка таверна некое традиционално јадење или нешто морско, тука порциите се движат од 30 евра па нагоре. Соковите се околу 3 евра, пивата 4 евра, вода 1,5 евра. Лежалките се 10 евра, две лежалки и чадор безвременско ограничување.
Здраво, годинава ќе одам на одмор во Ханиоти па сакав да слушнам искуства од тие што биле. Како се движат цените на плажа за лежалки, за храна? И дали има јавен паркинг кој е беспатен? И други информации споделете за местото. ☺️