Харви Вајнстин и скандалот кој го тресе Холивуд

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од RainBow, 20 октомври 2017.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.058
    Допаѓања:
    48.363
    Пол:
    Женски
    Во Холивуд актуелен е скандалот со филмскиот могул Харви Вајнстин. Првите обвиненија против него се изнесени во статија од страна на New York Times. Во статијата се откриваат искази на жени кои биле сексуално вознемирени, нападнати или силувани од страна на продуцентот. Од тогаш сторијата само се размотува и нови жртви излегуваат со своите приказни. Децении и децении овој моќник се изживувал врз жените, но сега сè излегува на виделина.

    Отпуштен е од компанијата сам што ја основал, жена му, Џорџина Чапман, го напушта, целиот холивудски свет се оградува од него.

    Тука може да прочитате како временски се случуваат настаните. http://www.bbc.com/news/entertainment-arts-41594672

    Многу познати актерки ги споделуваат своите искуства со овој човек, некои го обвинуваат за силување, некои за сексуален напад, а некои за сексуално вознемирување. Листата е долга и постојано се апдејтува. Меѓи познатите имиња се Роуз Мекгован, Гвинет Полтроу, Анџелина Џоли... Тука може да прочитате повеќе.
    https://jezebel.com/a-running-list-of-the-women-who-have-accused-harvey-wei-1819320068

    Секакви коментари има, некои ги обвинуваат жртвите зашто молчеле до сега, некои велат дека актерките го правеле ова за да напредуваат во кариерата, повеќето се крајно згрозени.
    Какво е вашето мислење?
     
    На Hipster, Aleksandar1212, christinnn и 12 други им се допаѓа ова.
  2. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    6.332
    Допаѓања:
    101.749
    Пол:
    Женски
    Имаше еден интересен наслов деновиве во врска со случајот, нешто во стилот дека... Холивуд се крева само против своите ѕвезди во залез, наводно. Демек, сите знаеле...оти, приказните биле споделувани и се ширеле низ годините, ама, сите молчеле дур Харви (им) правел пари (ова, не се однесува само на жртвите, ами генерално).
    Обвинувања, можда не баш вака јавни и со медиумска покриеност имало и претходно против него,наводно...ама, до овој момент, никој не направил сериозна приказна од тоа, ко што ја направија сега. А, ако макар и една личност зборувала за тоа, и нејзините приказни биле подтурнати под тепих и сите се направиле на три ипол, дури и ја гледале како малку лудичка, пак и „она е позната ко малку по слободна...“, нормално ми се чини да грото од овие личности, иако доста познати и влијателни ликови молчеле. Никој не сака лош публицитет и особено да се замери со големците во Холивуд, ваљда...и да биде третиран како „проблематичен“...
    Имаше и таква приказна, за конкретна личност дека била етикетирана ко таква - „проблематична“, „некооперативна“, токму заради тоа што зборувала за тоа дека била сексуално вознемирувана и уценувана од некој.
    Овие работи им се јавна тајна.
     
    На Hipster, Aleksandar1212, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.058
    Допаѓања:
    48.363
    Пол:
    Женски
    А компанијата во неволја му е, не прави веќе пари, па се свртеле против него? Немам прочитано точно за тоа, но како што видов уште прави филмови. Баш Ченинг Татум се повлече од еден филм.
    Имаше и снимка на една жена како и вели да го чека во хотелската соба, инсистира. Одвратен.
    Како и да е, и повеќе од жално е што така се третирани, како да нема актерка која нема вакво искуство според хаштагот metoo.
    Ете, иако демек напред сме толку, што се случува се уште...
     
    На Hipster, sparklie, Mrs.Brain и 3 други им се допаѓа ова.
  4. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    6.332
    Допаѓања:
    101.749
    Пол:
    Женски
    Искрено, не читав и не истражував до детали за случајов и дали има воопшто некаква економска позадина сето. Дури и да има, тотално небитно, оти се случило и редно е да се каже и за него, ама и за секој друг. Вчера мислам дури и некоја статија имаше со изјава од Том Џонс..дека и во музичкиот бизнис има ист проблем, и дека не само жените, ами и мажите се соочуваат со истото - конкретно тој имал проблем. Ама, набрзинка и површно читам само наслови, поднаслови и по некој коментар.
     
    На Bender Rodriguez, Victorian, RainBow и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.058
    Допаѓања:
    48.363
    Пол:
    Женски
    Точно, треба за сите да се каже и да не се молчи повеќе. За тоа и се борат жените сега што излегуваат со своите приказни.
    И мажите имаат проблем, но не во толкави пропорции. Маж кога оди на деловен состанок со друг маж не мора да се грижи постојано дали нешто ќе му се случи. Редно е жените да ја истераат правдата на виделина.
     
    На Bender Rodriguez, Victorian, Joi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.626
    Скорешна студија покажала дека 75% од сексуалното насилство на работа никогаш не се ни пријавува. Кога ќе земеме во предвид дека ова се случува во Холивуд и не е ни чудно што работата излезе на виделина дури по 30 години.

    Секаде пишува дека одамна се шепотело за она што Вајнстин го правел. Го избркале од компанијата и го бришат неговото име од секој проект во кој има учествувано.Тоа нема да ја избрише и штетата. Да не бидеме толку наивни, дефинитивно не оперирал сам. А што е со Вуди, Полански, Козби, Афлек? Вајнстин е мал ѓавол, целиот систем не чини ама револтот кој доаѓа од оние внатре дека вака веќе не оди е еден чекор кон подоброто. Супер ама...

    Морам да го споменам феминизмот. Не сум third wave феминистка. Сакам да читам и истражувам ама не ми се допаѓа агресивниот пристап што дава искривена слика на она за кое што една Мери Волстонкрафт се борела пред 220 години. Еден куп жени и млади девојки кои едноставно не го разбираат концептот а се декларираат како феминистки затоа што тоа е трендот па го мешаат и таму каде што треба и каде што не треба. Сум налетала и овде на такви неколку мислења, смешно ми е. Да ја отворат биографијата на истата таа Мери можеби појасно ќе им биде која е целта на движењето. Муабетот ми е дека конечно налетувам на случај каде што тој луд радикализам и те како помогна во обелоденување на повеќекратните трагедии. Да се надеваме дека нема да дојде до злоупотреба и претерување со истиот, зашто не секогаш жената е жртва.

    #GirlPowerАмаБезПретерување (fingers)
     
    На do-re-mi, sweet-cherry, Fauhxy и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.996
    Сетo oвa испaѓa декa билo дoлгa јaвнa тaјнa вo хoливуд, нo никoј немaл хрaбрoст јaвнo дa прoгoвoри сo кoнкретни имињa, пoрaди мoќтa нa Хaрви.

    Сет Мекфaрлен, кoгa ги сooпштувaше нoминaциите зa женски aктерки зa Oскaр вo 2013 рече: ,,Брaвo зa oвие жени, веќе немa дa мoрaaт дa се препрaвaaт декa им се дoпaѓa Хaрви Вaјнстин''.

    Кoртни Лaв, вo интервју вo 2005 јa прaшaле зa сoвет зa млaдите девoјки штo штoтуку пристигнaле вo Хoливуд и тaa oдгoвoрилa ,,Акo Хaрви Вaјнстин ве пoкaни нa привaтнa зaбaвa, не oдете''. И пoтoa билa избркaнa oд aгенцијaтa зa уметници (CAA).

    Тaкa дa не е случaјoв рaндoм жени штo се сoбрaле зa дa уништaт невин живoт, туку вистински. И кoјзнaе уште кoлку имa, бидејќи сексуaлнoтo предaтoрствo е oдaмнa нoрмaлнo вo Хoливуд, нaјчестo жртви се млaди aктерки и aктери, a и децa кoи уште oд мaли се учaт нa тaкoв живoт. Злoупoтребите не се сaмo сексуaлни, туку и психички и физички.

    Oвa oсoбенo се случувaлo вo злaтнaтa ерa нa Хoливуд кoгa филмските прoдукции нa некoј нaчин ги пoседувaле aктерите. Џуди Гaрлaнд oд Вoлшебникoт oд Oз јa исмејувaле декa е дебелa кoгa билa 13 и јa терaле дa нoси кoрсети зa дa ги скрие нејзините oблини зa улoгaтa нa Дoрoти. Преживувaлa нa кaфе, грицки и цигaри зa дa не се здебели, јa клукaле сo aпчињa зa дa рaбoти 20 сaaти, a пoтoa и дaвaле aпчињa зa спиење зa дa спие. Штo нoрмaлнo јa нaвлеклo нa дрoги. Тaa билa игрaчкa зa свoите шефoви, кoи јa нaтерaле дa aбoртирa кoгa билa 19, зa дa си јa зaдржи репутaцијaтa. Вaквиoт живoт придoнесувaл мнoгу зa рaзвoј нa aлкoхoлизaм и рaзни ментaлни бoлести, зaтoa мнoгу aктери и aктерки се депресивни.
     
    На lovestoneddd, sweet-cherry, Lella и 9 други им се допаѓа ова.
  8. Justicija

    Justicija Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    14.587
    Пол:
    Женски
    Кој ретарт!!! Сето ова се случувало од 90те па навака , имало и пријави но никој ништо не му можел.... Си ја користел мокта и положбата , им давал улоги и слава за возврат очекувал сексуални услуги :x Препоставувам дека некоја и го сторила тоа само заради слава, не од што сакала ....
    Очекувам најстрога казна за него , но очекувам и други како него да ги разоткријат !!!
     
    На SummerGirl и BlackAndWhiteSwan им се допаѓа ова.
  9. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    2.822
    Пол:
    Женски
    Сексуалново малтретирање во Hollywood aka Hollyweird e толку многу застапено што е дел од нивното секојдневие. Тој нивен свет е гламурозна дистопија.
    И актерот Terry Crews скоро изјави дека се соочил со сексуално малтретирање од маж кој е моќна фигура. Најчесто оние кои имаат моќ се оние кои малтретираат. Во случајов на Тери кој е билдер со 190 цм, не се одбранил поради тоа што ја нема(л) таа моќ како предаторот. Можел да го претепа, но останал воздржан мислејќи дека ако го стори тоа ќе заврши во затвор. Така тој објасни на Twitter, подржувајќи ги жените кои имаа смелост и го пријавија Харви.
    Предатор може да биде секој, жртва може да биде секој.
    И за пејачката Simone Battle години подоцна кружат гласини за причините за нејзинoто самоубиство. Некои веруваат дека извршила самоубиство поради притисоци од вакви предатори. Не знам колку е вистина, но не ме изненадува ако е.
    За жал сексуалното малтретирање остава такви траги врз жртвите кои: или одбегнуваат да зборуваат или сами на себе си пресудуваат, а оние на кои треба да им биде пресудено се на слобода. There's really no justice in this world..
    Awareness, посочување кои се тие луѓе - не е доволно. Потребни се екстремни мерки за ваков тип на луѓе. А не да го пратат на sex rehab за потоа повторно да напаѓа.
    Последно што прочитав за Харви e дека ги преспивал сеансите на терапија. Well good for him. И на перверзниците им треба nap time, ама убаво би му дошла една дремка во затворски кревет.
    Just sayin'.
     
    На Mrs.Brain, parksey, sj *O* и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Ketchup

    Ketchup a cup full of holy spirit Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    4.989
    Допаѓања:
    37.530
    Прoдуценти, режисери, менaџери... секoгaш зa тoa штo гo нудaт, зa вoзврaт гледaaт дa дoбијaт нaјмнoгу штo мoжaт. Не е ни прв, ни пoследен. И не сaмo вo филмскaтa индустријa...
     
    На daylight, parksey, PaLaVa и 3 други им се допаѓа ова.
  11. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.663
    Допаѓања:
    14.088
    Пол:
    Женски
    Убаво што некој се сетил сите овие да прозборат. На јавноста отсекогаш и беше познато постоењето на вакви ликови во светот на шоу-бизнисот кои уценуваат кариери за секс, ама ако жртвите молчат, и оние кои се сведоци исто така премолчуваат... што се може тука. Ова е голем чекор напред, прв случај да се крена прашина, веројатно нештата повеќе нема да бидат исти. Ќе се истапува против со поголема храброст.
    А сексуални предатори има насекаде. Не мора ниту да е моќен, ниту да те уценува за да ти се нафрли. Затоа препорачувам изучување боречки вештини.
     
    Последна измена: 20 октомври 2017
    На SummerGirl и Justicija им се допаѓа ова.
  12. smb asr

    smb asr Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    9.526
    Затоа порно индустријата е подобра :D барем тука знаеш дека тоа треба, а ваму ти доаѓа ко гром од ведро небо:|
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.602
    Пол:
    Женски
  14. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.742
    Пол:
    Женски
    Не е само Харви Вајнстајн и не се случува само во Холивуд, за жал. Има голем број на мажи, кои кога стигнуваат до одредна функција се однесуваат како сексуални предатори. Во нивната пореметена психа, ова е сосема нормално. Чудовиштево било во сенка толку долго време, затоа што жртвите се плашат да излезат во јавност со нивна приказна. Иако сме 21 век, доколку била само една жртва, тогаш поголемиот дел би ја префрлил вината на неа. Лесна девојка, сакала да дојде до слава на брз начин. Ваквите коментари се чести и тоа е баш поразителен факт.

    Оф топк, вакви нешта не се новост ни во Македонија. Сексуално вознемирување на работно место е честа појава, ретки исклучоци се тие кои би имале храброст да пријават.
    Вината се префрла на жртвата и ќе носи етикета до крај на живот, ако не реши да го напушти тоа населено место.

    Феминизмот затајува во вакви случаи.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.663
    Допаѓања:
    14.088
    Пол:
    Женски
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.774
    Допаѓања:
    25.231
    Пол:
    Женски
    Овој бил ептен ненормален. Не знам само зошто жените молчеле толку време.
     
    На Scott Weiland му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Scott Weiland

    Scott Weiland Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    2.002
    Допаѓања:
    9.860
    Пол:
    Машки
    Нетокму човек. Дали моќ, дали пари, дали е таков роден. Пред тоа беше нешто недостижно во Холивуд zeitgeist. Огромна фигура. На колку слики е језив.

    Велат и пред главниве оптужби бил таков. Манијак.

    Роуз Мекгован изгледа претера со волк, па кога рече не и веруваа, тоа ми беше малку глупо.

    @SummerGirl се знаеше, а тие што молчеле дали од страв да не изгубат улога, дали од страв да не им наштети кариера.. кој знае.

    Холивуд пред 10 години бил ист ко и денес. Само што денес има се помалку лаги, виделината си излегува на интернет лека полека. Се будиме од сон кај што немавме информации.
     
    Последна измена: 1 јуни 2018
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Elaine

    Elaine Активен член

    Се зачлени на:
    8 март 2020
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    333
    Пол:
    Женски
    http://www.femina.mk/новости/шоу-бизнис/сексуалниот-манијак-зад-решетки-харви-вајнстин-е-осуден-на-23-години-затвор
    Го осудија на 23 години затвор, а тој изјавил дека се покајал и криво му е што децата не сакаат да го видат.
    Максимална казна која можел да ја добие е 29 години.
    Можеби правдата е задоволена, ама сепак мислам дека не е.
    Тежината на делата на сексуално вознемирување и присилување на сексуални односи за добивање улога во филм, уцени и давање откази селективно на лица кои предупредувале за него или му се спротивставувале дали може да се извага и урамнотежи со 23 години затвор?
    А моментот со мешање во сексуална определба и внесување на девојка во собата за да иницира секс во тојка со Делавин ми е незамисливо и одвратно дело:puke:
    Нека служи за пример што може да се направи со заеднички, женски сили.
    #MeToo формално издвојува успех во оваа правна битка со санкција затвор, но што правиме со емоциите и мачнините што се зад сето ова?
    Затоа ни треба пред се разбирање и солидарност, треба да сме тука една за друга, затоа што заедно сме посилни со секоја следна издвојувана битка:muscle: :party:
     
    На Bubce38 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.774
    Допаѓања:
    25.231
    Пол:
    Женски
    Овој се покајал. А ќе им ја надомести траумата што им ја направи на жртвите??? Малку му се 23 години. :@
     
    На WildMk и Elaine им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    16.476
    Допаѓања:
    149.177
    Ќе го ослободат после 6-7 години.
    Најмногу третина од оригиналната казна отслужуваат, освен ако пресудата не ја ограничува можноста за условно пуштање пред толку-и толку години.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.