Харизмата и авторитетот

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од SeaMermaid, 18 октомври 2018.

  1. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    599
    Допаѓања:
    12.287
    Пол:
    Женски
    Инспирирана од Вебер и неговата класификација на авторитети,ставам посебен нагласок на харизматскиот авторитет.
    Како појаснување,харизматскиот авторитет е авторитет кој произлегува од харизмата на личноста. На основа на харизма имало многу лидери,од антиката па се до денес.Од митските владетели, до Александар Македонски,Клеопатра,императорите,средновековните кралеви,владетелите од 20-ти век,до денешните лидери како Обама.Интересно е што на личноста на овие харизматски авторитети се граделе цели поредокот, како доказ за тоа е Хитлер, Ганди... Во Северна Кореја овој харизматски авторитет е поставен на пиедестал.
    Со оглед на тоа дека харизмата е моќна работа, го поставувам прашањето: Дали сте харизматични и колку ја користите харизмата за да го изградите сопствениот авторитет?
    Јас сум харизматична личност,тоа ми се потврди со текот на годините.И веројатно допрва ќе ја изразувам својата харизма.Истата ја користам за да го изградам сопствениот авторитет,во голема мера, но повеќе би рекла несвесно.Во иднина тоа ќе ми донесе многу придобивки и голем авторитет,со оглед на изборот на професијата.
    Очекувам да се развие интересна дискусија.
     
    Последна измена: 18 октомври 2018
    На kikkki, Starfishh, baba Rada и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Dentina

    Dentina Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    15.525
    Обично некој кој толку зборува за сопствената харизма, не ја поседува во онолкава мера колку што си мисли. Знаеш како она кога некој зборува- леле колку сум паметен, многу сум паметен ( замени со убав или што и да е).
    Авторитет повеќе се гради со знаење, вештини професионални и успешен интерперсонален менаџмент, освен се разбира ако не си во политиката или актерството. Таму да!!
    Во мојата професија харизма ти треба само ако сакаш на клиентот да му продадеш повеќе од што му треба, и евентуално на сам старт ако има двојби при избор. Инаку е поважна моќта да се испорача бараното.
    Харизма е интересна кај алфа мажите, мада и многу од бетите ја имаат, а харизматична жена ми е онаа која не се расфла со својата харизма. И уствари да се договориме прво за дефиниција на харизма, едно е да си модел или актер, друго хирург, трето наставник. Поише емпатија не е на одмет.
     
    На kikkki, Alishan30, referentka и 6 други им се допаѓа ова.
  3. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    599
    Допаѓања:
    12.287
    Пол:
    Женски
    Прашањето го поставив јасно,не е важна професијата,општо за било кое поле во животот.Како што наведов погоре, инспирирана сум од анализата на Вебер,кој сепак покажал дека постои врска меѓу харизмата и авторитетот.Целта ми е да видам дали тоа го има во општеството денес.
     
  4. Dentina

    Dentina Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    15.525
    Јас пре би одела на автентичен лидершип. Од она што "ским"-нав на брзина, пред се се мисли на харизмата кај лидери кои автократски владеат или има култ на личност. Организациски лидер е ваљда нешто друго, интуитивно ова, никад не сум развивала особини на водач. Но ме интереса.:D а харизма во колоквијално значење е нешто подруго од тоа на кое мислел Вебер. Ајде можеби некој има повеќе знаење, ова сепак е менаџмент.
    П,С . Овде каде живеам на цена е хоризонтална а не вертикална хиерархија
     
    Последна измена: 18 октомври 2018
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    12.047
    Допаѓања:
    160.494
    Пол:
    Женски
    Не би рекла дека за доаѓањето на власт и оддржувањето на истата, на владетелите од минатото (кралеви, цареви, императори, фараони) и автократски остатоци денес (Северна Кореја) харизмата е од клучно значење. Тука се работело за наследно пренесување на власта и владеење преку диктатура и стравопочит, што секако и во никоја мера не треба да се зема како пример.
    За Хитлер можеби да, со оглед на неговиот пат кон власта - може да се рече дека преку некој вид харизма ги заблудил и изманипулирал сите тие луѓе кои го поддржувале. Но и тоа е пример дека харизмата и влијанието над луѓето како такви, не се единствена и највисока вредност на еден лидер.
    Лидер на било кое ниво/функција треба да има и емпатија, хуман третман кон луѓето над кои на некој начин е надреден, толеранција итн.
     
    На Scott Weiland и SeaMermaid им се допаѓа ова.
  6. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.663
    Допаѓања:
    14.072
    Пол:
    Женски
    Со жалење констатирам дека во денешно време некако харизматичните личности и не го добиваат заслуженото место... Веќе ни за естрада не ти е потребна харизма, погледнете ги младите македонски глумци, певци и сл., зрачат со енергија испорачана од мртов пацов... Знам обични луѓе кои се поголеми шоумени од било кој од погоренаведените.
    Ниту Холивуд не е она што беше некогаш.
    Но, мислам дека ако поминуваш извесен период со некого или ако се занимаваш со таа личност подолго, ќе почнеш да забележуваш позитива кај неа што на прв или втор поглед ти промакнала. Изгледа секој има нешто во себе на кое може да се работи.
     
    На Emy867 и SeaMermaid им се допаѓа ова.
  7. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.499
    Допаѓања:
    25.459
    Пол:
    Женски

    Веројатно е дека сум харизматична личност, надополнета со убава надворешност, затоа што каде и да сум тропнала, вратата секогаш ширум ми ја отварале и радо ми помагале.
    Убавина без харизма е како море без вода....но на жалост, харизмата не се учи, таа се добива со раѓање.

    Попрост одговор од овој, амин.
     
    На SeaMermaid му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Starfishh

    Starfishh Нов член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2018
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Според мене само кога харизмата е тесно поврзана со интелигенцијата произлегува тој таканаречен харизматски авторитет.:)
     
    На Bitter-Sweet и SeaMermaid им се допаѓа ова.
  9. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    4.486
    Допаѓања:
    30.020
    Пол:
    Женски
    Харизмата е "светла ѕвзда" која не секој ја има. Тоа е вродена способност за привлечност што не се учи, не се копира и не се глуми. Успех не се постигнува со верба во сопствената харизматичност без комплетна макотрпна работа на себе. Во некои сегменти каде што коцките се провоцирани од други фактори може да има олеснителна околност, иако тоа не ретко е игра на среќа.
    Авторитетната улога претпочита интелект, вештина, тактика, голема способност за организација. Професионалноста не е единствениот критериум за лидерска позиција. Водачот треба да биде совесна и одмерена личност со хумани особини и разбирање кон другите.
    Авторитетот е изграден од системски вредности кои низ созревањето, работата и искуството може вешто да се управуваат со сериозни и мудри потези. А за тоа интелектот има најголема улога.
     
    На Someonespecial, SeaMermaid, Dentina и 2 други им се допаѓа ова.