Има некои луѓе,ги познаваш многу кратко,а пред нив си опуштен,буквално те привлекуваат со самата нивна појава.Позитивни к насмеани. Што мислите дали е тоа харизма? Дали е вродена харизмата или се вежба и учи? И што за вас значи харизма и харизматичен човек?
Harizma e vrodena karakteristika ne se uci i spored mene e klucna za uspeh, na harizmaticna licnost ne mozes ni da se lutis, sekogas ti deluva simpaticno dodeka pak ubava ili pametna licnost zavisi od vreme i situacija dali kje go iskoristi potencijalot a harizmata e kako energija sekogas privlekuva ali ne znaci deka harizmaticnite se sekogas pozitivni i nasmeani tuku ednostavno so svojata pojava privlekuvaat i najcesto se lideri.
Мислам дека е вродена карактеристика, но може да се цели секогаш кон подобри изрази нели.. Јас си ја купив мојата харизма одамна , не мора повеќе да правам глупи фаци за имам харизма ..
Јас сум со неа родена . Не знам да глумам , а сите кои сум ги запознала ми кажале дека им давам позитивна енергија , дека имам некоја пријатна харизма . Дали е така или не , не знам . Јас се сметам за просечна и умерено харизматична личност .
Вродена некој и кога глуме дека е интересен едноставно нема харизна неможе да освое. Харизматичен човек за мене е човек кој што остава силен впечаток кај мене и чустувам позитивна енергија кога зборувам со такво лице.
Се согласувам со членката погоре. Не се сметам себеси за харизматична и симпатична и досега никој ми нема кажано дека сум таква. Воопшто не ми пречи. Не ми се допаѓаат оние кои прават фасада позади таа харизматичност и сакаат да те придобијат. Затоа што реално, не може човек со секој да се има и да се прави како се да е океј, секогаш има нешто што нема да ти се допадне кај некој и ако се дружиш од корист ќе се правиш како најмногу да ги сакаш, а уствари ќе зборуваш се и свашта позади нивниот грб. Е тоа не ми е океј и избегнувам со такви да контактирам. Токсични се!
Вродена е симпатичната фацка, а харизмата се стекнува кога се усовршуваат социјалните вештини, покрај тоа, условно кажано харизматичниот, не му е на секого харизматичен. Имаше еден политичар кај нас кој раководеше со државава во '90-те и 2000-те, некои велеа харизматичен им бил, некои не можеа да го смислат од бројни причини, меѓу кои наведуваа и неизмерна ароганција. Сара Џесика Паркер е исклучително шармантна, но го нема лицето кое ќе ме придобие мене. Том Круз е реално харизматичен актер и човек, јас сум му фан, но многу луѓе не го сакаат главно поради скиентологијата, познато ви е веќе. Има особа која лично ја сметам за магнетична, но некои луѓе ми кажуваат дека им предизвикува језиво чувство. That's fucking weird, но сѐ на сѐ, укажува на релативноста.
Апсолутно . Том ми е превара.и Боно од у2 во тинејџерско доба ми е харизматичен а сега одвратен. Приметувам кај мажи бејби фејсови ми ср харизматични со благ attitude. Алфа мажјаци јок. Кај жени покрај убавина , оние со стил и мекост некоја ми се харизматични. Neri Oxman памет и убавина на пример. А за бране ...па спореди пример со друг преЦедник кој имаше харизма на фикус. И сегашниот на опозиција е отприлика као мртва мачка харизматичен.
Сите се убедени за себе дека се симпатични и харизматични. Не велам дека нема такви луѓе. Нема врска надменоста и арогантноста, знам луѓе што толку се полни со себе што баш тоа им дава специфична харизма. Зависи од многу работи. Дефинитивно има луѓе што го имаат она нешто, едноставно се привлечни или пак толку мистериозни, што самото тоа те тера да им се приближиш. Да си харизнатичен не значи да знаеш добро да ја забавуваш толпата. Значи да зрачиш, да привлекуваш како магнет поради некоја твоја карактеристика што некогаш тешко се распознава од прва. Дел се учи, дел е вродено. Некои луѓе засекогаш ќе бидат одбивни, што и да направат.
Јас мислам дека секој има нешто во себе, прашање е дали ќе го развива. Исто, зависи колку искуствата на човекот му дозволуваат да блесне, т.е. да биде позитивен и насмеан па да го засакаат. Некој почесто се разочарувал и тоа се одразува врз неговото однесување и расположение, екстровертноста, приемчивоста спрема луѓето и тн. Инаку, целиот јавен живот е превара. Многу од политичарите поминуваат низ обуки каде дознаваат како да привлечат толпа.
Харизмата не се учи и ја нема секој/а. Обично харизматични се луѓето што ни на крај памет не им текнало да се идентификуваат како харизматични (нема врска со убавината оти најчесто ја мешаат). Знам примери каде што се "вежба" харизма, само што не мислам дека овие поминуваат кај луѓе со емоционална интелигенција. Некогаш е доволно да се придобие мнозинството, но не и поединци што се свесни.
Се учи и се развива.Јас како мал бев харизматичен и после како тинејџер ми се случија некои работи и станав повлечен,не зборувам,не се смеам и не се дружам често и нормално немам веќе толку луѓе во близина.
Харизма према мене нема врска со убавина, иако ако некој е харизматичен можиме и да го перцепираме како подобар на лик. Типичен пример е Benedict Cumberbatch. Харизмата е самото движење, можност да се наметниш и истакниш без уствари да се наметниш и истакниш. И да, можи да се учи. На почеток ќе биди филовано и присилно ама штом нешто премини во навика уствари станва дел од тебе.
Тоа е затоа што си повлечен во себе , си фатил една комфор зона и надвор од неа , се чувствуваш исплашено и немоќно . Можеби си несигурен во себе или со ниска самодоверба . За да го надминеш проблемот , треба да се опуштиш малку ( не мислам на опијати и сл ., туку да не мислиш што ќе биде ако вака постапам , дали ќе бидам отфрлен или прифатен и сл . ) . Едноставно пробај нешто ново . Излези од комфор зоната , запознавај нови луѓе , ако мислиш дека имаш ниска самодоверба , смени фризура , вежбај , медитирај.. прави работи што ти ја подигаат самодовербата и те прават среќни со своето тело и дух . Јас мислам дека ќе видиш промени за кратко време . Најважно од се , минатото остави го во минатото . Што и да се случило во минатото , не дозволувај да влијае на твојата сегашност и иднина . Да , минатото е дел од тебе , но не е твој затвор . Нека ти биде животна лекција . Се најдобро и се надевам дека ќе ти помогнам да се вратиш на стариот ти , само посилен од порано .
ха ха! не сум тинејџер да барам помош од вас не се работи за проблем,ви кажувам дека харизмата се развива ако се сака да сакам ќе се смешам со луѓе,знам како треба ама не ги сакам
Интровертноста и харизмата не се поврзани. Познавам интровертна, но харизматична личност. Тоа е енергија што другите ја препознаваат, ја чувствуваат и те перцепираат како индивидуа. Јас сум интроверт, но не се доживувам харизматично. Мислењето на останатите не ме засега.