Харизма

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од coldbaby, 22 септември 2019.

  1. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.033
    Допаѓања:
    36.170
    Пол:
    Женски
    @hardtodealwith Покрај генерализациите од кои не можеме светлина да видиме, не заборавај дека има и такви што не се пронаоѓаат во атмосфера на толку извиканите друштвени, а празни седенки.
    И тој што не сака блаботење може да биде пријатна личност.
     
    На Ѕвездена му/ѝ се допаѓа ова.
  2. hardtodealwith

    hardtodealwith Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2020
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Машки
    Не зборуваме овдека за седенки и пријатни луѓе.Ефектот на харизмата е да ги привлечеш масите и преку привлечноста да ги контролираш.Масите не сакаат некој што осеќаат ги избегнува и не би се дружел со нив.
     
    На Mentalna85 и ku4ence им се допаѓа ова.
  3. harizmaticnana

    harizmaticnana Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2020
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    225
    Пол:
    Женски
    Јас ја поседуваам(highfive)
    Личност што секогаш е впечатлива,привлекува,мистериозна,моќ на некој начин,сите очи вперени во неа и сл..
    Но немора да значи дека секој би гледал позитивно,зависи..
     
    На Katt4e му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    1.174
    Пол:
    Женски
    Харизма доаѓа од старогрчки и буквално значи -дар божји.
    Може да се толкува и како талент, и на сите ни е познато дека секој талент бара и работа за да биде препознаен и уважен од светот, а со тоа доаѓаме до заклучок дека и како талент мора најпрво да постои.
    Лично сметам дека правите харизматици се раѓаат како тоа..
    Животните искуства и карактерот само ја дефинираат..
    Харизматик може да препознаете и во селанец кој ве маѓепсал со две реченици додека ви покажувал каде се наоѓа пештерата која ја барате, а покрај тоа сте посакале да ви раскаже и приказна..
    Сите имаме посебна појава и енергетско поле, и ете нивното ја има таа моќ да допре до луѓето неретко и на масите.
    И никако харизмата не е тоа што е, без да стои -гениозен талент и човек со екстремна емотивна интелигенција / имагинација зад нејзе.
    Гласот, реториката, перформансот, само ја надополнуваат.
    А не ни мора. Нем/слеп човек може да биде харизматичен со неговиот внатрешен богат свет ако го поседува и сигурно ќе се рефлектира надвор истиот преку неговото енергетско поле.


    Многумина мислат дека може да се научи донекаде ,и постојат такви прирачници, но сметам дека моќта на таквата надоградба завршува кога завршува смената на шефот кој научил со правото однесување да влијае позитивно на вработените, но и тоа е успех и и те како треба за одредени позиции да се учи харизматично однесување.
    Сѐ на се', не очајувајте ако не сте харизматик, тоа се навистина многу ретки луѓе, и верувам дека се раѓаат со некоја мисија за светот, но на нив останува дали и како (за добро или лошо) ќе го искористат тој божји дар.
    И секако, не мешајте со харизма некој кој е интересен, пријатен, сексапилен, шармантен... или уште помалку инфлуенсер по социјалните мрежи.. Најмалку е тоа!
    И најбитното, никогаш не кажувајте самите дека сте харизматични, оти дури и да посетувате на тоа, кога самите ќе се пофалите, се' паѓа во вода!
     
    Последна измена: 31 мај 2024
    На Ѕвездена, Mumoftwo30, Milaaaaaaaaaa и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    9.917
    Пол:
    Женски
    И харизматичните личности здосадуваат по некое време. Aко планираат да ја употребат харизмата во некоја цел, треба да ги искористат 5-те минути дури се уште "тазе" во очите на луѓето.
     
    Последна измена: 9 јуни 2025
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.788
    Допаѓања:
    14.280
    Не се учи тоа, вродено е. По предметот психологија имаше дефиниција дека е тоа збир од индивидуални карактеристики на личноста. Ќе излезеш на бина да зборуваш, сите ќе гледаат во тебе и внимателно ќе слушаат. Ти ја владееш сцената во тој миг, господариш со нивното внимание. Ќе се измешаш во толпа, ќе останеш запаметен по некоја посебност. И во Македонија сум видела јавни личности, имаат убавина, но не и харизма, нешто како вештачки цвет. Убаво, ама не мириса, не се менува. Има убави луѓе, ама зрачат некоја отапена, мрачна енергија.
     
    На Mumoftwo30, Purpleheart, Mentalna85 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    858
    Допаѓања:
    5.803
    Пол:
    Женски
    Точно.
    И хариматичните луѓе можат да бидат добри и зли луѓе по карактер.
     
    На Mumoftwo30 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.788
    Допаѓања:
    14.280
    Харизматичен човек може да те убеди да го гласаш, да му купиш производ. Не мора да е добар, но е харизматичен и ќе те купи на прва. И мислам дека многу луѓе не можат да направат кариера, оти немаат харизма.
     
    На Ѕвездена, Mumoftwo30, Mentalna85 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    1.174
    Пол:
    Женски
    А некои ја имаат ама не прават ништо од нејзе или ја користат за ниски цели.. Тоа е уште потрагично.
     
    На Ѕвездена, Tanjamm и st-el им се допаѓа ова.
  10. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.555
    Допаѓања:
    12.892
    Пол:
    Женски
    Ич не сум харизмстична, барем јас не се сметам за таква. Ама на пример две личности ми рекоа дека секогаш сум позитивна и насмеана, и тоа докторки мои матични. Едната гинеколог, другата заболекар. И на двете места не ми е ич пријатно, посебно на забар умирам од страв ама некако не покажувам.

    А со луѓе, посебно непознати, јас сум дива коза, интроверт невиден. Поголем самотњак човек кој може без друштво од мене нема, гарантирам. Секако освен најсаканите, семејството. Не верувам дека сум пријатна за друг, што вели маж ми немаш лоша душа, имаш лош јазик :rofl: :rofl:

    Во однос на мене маж ми е се нај, нај. Значи таков човек ниту сум сретнала, ниту ќе сретнам. Со луѓе е нешто најхаризматично, најпривлечно суштество за разговор. Толку е пријатен, има еден куп пријатели, познаници. Со секој може секаков разговор да води. Со млади, со стари, со деца.

    Јас сум труп невиден, и тоа не се учи, таков сум карактер. Мене ме изморува дружење, муабетење 28363828 часа. Кога одев на работа жена постара од мене 30 год. ми велеше дека сум многу сериозна. А јас глава во компjутер, работам и со никој не ми се разговара освен кога морам за работа.
    А па тек на телефон колку мразам да зборувам, подобро да си пишувам (lalala)
     
    На Ѕвездена, elenaklasik, Mumoftwo30 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.788
    Допаѓања:
    14.280
    Ако имаш харизма, ќе воспоставиш комуникација и со некои навистина тешки луѓе и ќе ги придобиеш.
     
    На Mumoftwo30, Sweety pie и Mentalna85 им се допаѓа ова.
  12. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.994
    Допаѓања:
    12.339
    Пол:
    Женски
    Баш ми се наметна мисла што е и како се истакнува кај луѓето оваа специфика.

    Харизма е специфична индивидуалност. Јас ја поистоветувам со артистичност и некој индивидуален белег и стил.
    Првично, мора да има убаво лице, добро поставени црти, за да привлече погледи. Силна самодоверба со која знае да искаже став, мислење, стил да изрази, начин на одење и зборување се клучни за да можат да доминираат во едно друштво.
    Исто така, зависи и од спротивната страна што ќе пронајде специфично во една личност. Зависи како те "толкуваат", а и какви карактеристики носат другите што те доживуваат на некаков начин. Двонасочно е.
    Имам една позната, има своја артистичнот, стил кој ми бил убав, бои на облеката, и самиот стил она што ти го предизвикува. Убава е, меки црти, благородно лице.
    На тоа плус си има и самодоверба, зборува гласно, се смее опуштено, гледа да ги вклучи сите.
    Според тоа, мислам дека харизматична личност мора да е и наметлива, онака гласна, искажлива, па дури и колерик темперамент.
    Меланхолик па и флегматик, потешко би се истакнале во друштво.
    Но, некогсш и преголемото форсирање да се истакне некој ми пречи. Како глума го сметам. И што знам... Ко презаситена се осеќам од таа личност.
    А всушност и треба да се актери таквите нели?
    Да остават секогаш впечаток на добро расположени, активни, експресивни, мора да имаат и добра мимика. Всушност, мимиките се голем дел од сето ова, ако добро размислам. Некако човек без експресија, не може да се каже дека ќе "улови" нечие внимание. Е па вежбајте мимики! ;)

    Ете, јас од артистична страна тргнувам за да ги одредам луѓето. Кој каков стил има, што го определува, и според тоа каков вајб дава и следствено колку ми е пријатен за мене.
    Сѐ на сѐ колоритност.

    А што е шармантност? Која е разликата?
     
    Последна измена: 24 август 2025
  13. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    За мене велат позитивна, секогаш насмеана од шестка до шестка. Имам луѓе кои се похаризматични од мене, едноставно позитивна енергија, се шалат и денот ти го прават поубав. Не дека им е сјајно во животот, ама гледаат се од попозитивната страна на животот. Таквите се прајзлес :inlove:
    И, не не се учи. Се раѓаш таков или не.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ecotte12

    ecotte12 Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2024
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    За мене харизматичен човек, баш претставува опуштен, ненаметлив, природно самоуверен човек. Некој што не моли за внимание, а сепак знае да улови поглед затоа што има суштина во неговата појава. Точно дека, не треба да е екстремно повлечен до меланхолија, апатичност, негативност и да се жали од се нешто, или па да личи како да нема мозок, напротив за мене шарм има личност која со малку зборови може многу да каже, внимателна и интелигентна особа. Сакам кога е некој свој до даска, и не го засега што ќе кажат другите, не пати од комплекс да се вклопи до сите. Ако на ова додадеш и малку спонтан, нефорсиран хумор - имаме победник.
    Така што самодоверба, ненаметливост, смиреност, опуштеност, хумор, интелигенција.. што се однесува до мене, тоа се луѓе со кои би можела до бескрај да муабетам и да се дружам.
    Ама мислам за секого различно, некои па сакаат по театрални луѓе со драматичен настап, ексцентричност и сл.
     
    На Ѕвездена и Mentalna85 им се допаѓа ова.
  15. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    1.174
    Пол:
    Женски
    Харизмата најчесто е опишувана како Х фактор. Спротивна е од шарм и стил затоа што овие две може и да се развиваат.
    За примерите за кои говориш погоре мислам дека се луѓе кои се трудат да бидат тоа и знам на што мислиш. Јас повеќе би ги нарекла луѓе кои сакаат да се истакнат и некои знаат да бидат интересни шармантни и да имаат стил ако не претеруваат.
    Но харизма е едноставно внатрешен специфичен свет, АУРА која една личност може да ја поседува и без истата да прави било што да допира до луѓето.
    Замислете некој кој го наоѓате на улица и го прашувате за нешто и истиот момент имате чувство дека сте хипнотизирани или фасцинирани од нешто што не се ни гледа туку можете само да го почувствувате...
     
    На Mumoftwo30, st-el, anggell и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. MrsBrown

    MrsBrown Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2024
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Женски
    Харизма е нешто посебно, особа што зрачи кога ќе ја видиш, посебен шмек има, те привлекува со зборење, смеа, физикус, не знам, за секого е различно.
    Сакам такви луѓе, ми го разубавуваат денот
     
    На Mumoftwo30, Mentalna85, st-el и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.994
    Допаѓања:
    12.339
    Пол:
    Женски
    Ахам. Да, се согласувам.

    Сплет на повеќе работи, фактори.
    Можеби е и до сликата за себеси што ја оставила таа личност од порано.
    Веројатно има улога и начинот на растење. Зборот ми е, колку може посамоуверена личност и добро растена како дете, да си се сака себеси, да го сака животот, да има позитивни мисли и следствено така да се однесува, пренесува таква слика за себеси и другите таков впечаток имаат.
    Ова најдобро преку пример се објаснува.

    Или друг пример.
    Личност израсната во нехармонична средина, се повлекува во себеси поради тоа, не може да си ја најде својата индивидуалност, не се дружи премногу, стегната е. Така, таа личност си го губи сјајот наспроти првата личност.
    Кога ќе потпорасне и оформи и почне да си се бара, веројатно може да надомести за сите потенцијали дотогаш неискажани. Да си работи на автентичноста, на говорот и сл.
    Затоа, мислам дека овие нешта или вештини се учат: како да зборуваш, да си активен слушател, soft skills што би рекле.
    Јас мислам дека може да се поработи на некои елементи, барем да си социјално прифатлив. :D
    Е сега за таа специфична аура, не знам :angel:.
    Не знам како изгледа, не знам дали сум осетила кај други или сум била измамена од убавиот изглед и пристап.
    И некаде прочитав дека била многу ретка харизмата. :^) ма није ваљда.

    Луѓе родени под среќна :*:
    Тоа ќе речам. Им поаѓа сѐ полесно.

    А повеќе е кај мажите или жените застапена? Давајте харизмомерот :D
    Тоа си велам дека жениве повеќе сме театрални и дотерани (изгледот мора да се спомне), па не можеш да осетиш. А кај мажите подобро се забележува, во почиста форма.
    Не знам, баш ми стана интересно да размислам што е тоа.

    За себеси, не знам, сметам дека не сум нешто особено харизматична, што знам и човек дали за себеси може да каже.
    Ама моето расположение и внатрешно чувство знае да е променливо, зависно од периодот, така што тоа не оди во прилог на харизмата.
    Ти си?
    Дали истите тие луѓе ако се во неубав период, и се намуртени, ќе ти зрачат сепак?
     
  18. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    9.917
    Пол:
    Женски
    Јас престанав да вeрувам во харизма, сите луѓе ми се на некој начин исти. Како што веќе напишав, и харизматичните здосадуваат по извесно време.
     
  19. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.994
    Допаѓања:
    12.339
    Пол:
    Женски
    Ќе дојде времето на интровертите. :D
     
    На anggell и Ѕвездена им се допаѓа ова.
  20. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    9.917
    Пол:
    Женски
    И интроверт може да продаде производ, да изглуми. Повеќе беше зборот дека ефектот што го остварува некој условно кажано харизматичен има рок на траење. Харизмата е некаква илузија, трик кој не влијае ниту успешно кај целата "публика" и не е точно дека не се учи.
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.