Харизма

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од coldbaby, 22 септември 2019.

  1. -♡-

    -♡- Активен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2025
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    140
    Не знаете што е харизма. :D
    Пример за харизматичен историски лик - Хитлер. (мене не ми е али на многу им бил) Ако размислиш со логика како он уопште може да биде харизматичен, evil as fuck, намќор, интровертен, еден лепотан нема даље, имал социјална анксиозност, болни идеологии али поседувал магнетна привлечност како и многу други зли лидери кои имале харизма. И баш тоа е харизма кога некој те привлекува и ти е симпатичен а не знаеш да објасниш зашто, едноставно аурата му е таква и мислам дека со тоа се раѓаш.
    Имав еден школски ептен харизматичен, дететво немаше непријатели сите го сакаа. Ни знаеше нешто да врзе реченици, ни превише ведар, скроз нормален а харизма има, не може да не ти е симпатичен и тој кога ќе збореше ќе даваше предлози сите бевме вакви 8-| и сепак на крај ќе го послушавме неговото.
    Овие без да се трудат се главни.:D
     
    На Mentalna85 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ItsmeH

    ItsmeH Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2025
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    404
    Има луѓе кои едноставно зрачат со таква харизматична,интересна,убава енергија.
    Најгрд да е,едноставно убаво ти е со него.
    Харизмата игра многу голема улога суштински ,кај еден човек.
    Абе има и некој што е лепота чоек,убавина е целиот,како нацртан да е,ама друже човекот е утепан до коска..
    Харизма 0 и тоа ствара малку како да ти е претешко со него..
    Сакам харизматични луѓе,ме привлекуваат. Од километар се препознааваат таквите :)
     
    На Mentalna85, Mumoftwo30 и Manako2 им се допаѓа ова.
  3. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    9.917
    Пол:
    Женски
    Харизмата најмногу ја имаат измислени ликови и сценски персони, инаку првенствено се должи на нашата фантазија, преференци и на карактеристиките што самите некому ќе ги припишеме.
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  4. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.994
    Допаѓања:
    12.339
    Пол:
    Женски
    Како и за сѐ, така и за ова е многу релативно.
    Ние надвор гледаме една слика од луѓето, секако, а по дома не ги знаеме. Можеби во друго светло, би ни се згадиле како личности.
    Само знам дека пример за такви харизматични луѓе велат дека имаат вештина да шират позитивна енергија, нешто сончево во нив.
    Самото нивно присуство го оплеменува просторот и друштвото.
    Убаво е така да те восприемаат. А најубаво е да си исполнет и среќен со себеси, тогаш би бил и похаризматичен.

    И така, се согласувам, се учи да си поотворен, е сега во согласност со темпераментот пример. Не мојш да си еден тип, а да глумиш друг, значи ептен е тоа фејк. Приближно до твојот.
    Со подобрување на комуникацијата, расположението, сакање себеси, уважување на своите квалитети, значи со работа на себеси, се доаѓа до харизма. Бар малку.

    А Моника Белучи никогаш не сум ја видела да е експресивна, до толку отворена, а сепак е харизматична, со тој нејзин магнетизам.
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    1.174
    Пол:
    Женски
    Да, збир од повеќе карактеристики (квалитети) е еден пример, како големите актер(к)и од златната доба на киното, Лиз Тејлор, Ричард Бартон, Мерлин Монро, последнава, (а мислам дека и Тејлор ако не грешам) беа и без соодветното образование ама беа таленти невидени. Друг тип на харизма која би ја поврзала повторно со истиве е филмското платно харизма. Ја имаа магијата на платното!
    Многумина се согласиле дека други исто толку талентирани актер(к)и "не ги сакала" камерата, додека во живо можеби биле поинтересни од овие кои "ги сакала"..
    Примери со различни типови харизма има многу, ама пак доаѓаме до заклучокот дека е еден вид х фактор кој невозможно е да се извежба до тој степен за да биде толку уникатен и уважен како тој што природно ја носи.
    Тргнете од тоа како некој децата го сакаат без да им прави бог знае што интересно. Се сеќавам на една постара жена која ни беше опсесија на цело маало и многу ја обожававме сите, а освен што ќе нѐ поздравеше ништо друго посебно не правеше. Ама имаше нешто во неа како да не беше од овој свет, таа аура или како сакате наречете го, беше нешто поинакво, нешто егзотично за нас. А не беше воопшто ексцентрична, нити имаше некој препознатлив стил. Имаше некој свој свет кој се наѕираше и беше неодгатлив..
    Погоре имам пишувано дека самиот збор потекнува од старогрчки и значи божји дар.
    Како и дали воопшто ќе биде искористена зависи од носителот.

    Лично не сметам дека само добро расположени и позитивни луѓе се харизматични.
    Напротив и многу мрачни луѓе има меѓу харизматиците и истите успеале да извлијаат на цели маси фрлајќи ги во бездна со својата моќ која ја користеле за деструктивни цели за жал.
    Зарем Хитлер беше насмеан и ведар како лајф коуч? Или, оние култните лидери што наведуваа цели маси да се самоубијат?

    Нема врска со родот, само во минатото мажите беа поистакнати знаеме поради што, а денес имаме исто многу жени примери за различни типови на харизма (влијание).

    Да сме здрави и живи, харизматични или не , секој е еднакво вреден.
     
    Последна измена: 24 август 2025
    На elenaklasik и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  6. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    1.174
    Пол:
    Женски
    Денес некако сите се исти, зашто жарот и заносот кои ги имавме пред да станеме смартфон заробеници ни потонаа во океанот на интернетот, а на површината останавме да сурфаме со тривијалности и Инстаграм ѕвезди.
    Мораше да помине и ова, ама харизма, заноси и фантазии не одат заедно со ова време.
    Целта на интернетот беше да ни го приближи светот, ама за жал го направи помал него што навистина е.
     
  7. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.935
    Допаѓања:
    11.119
    Пол:
    Женски
    Харизма може да има и нај големиот намќор, антисоцијален човек, човек што дури и ретко се смее, ама кај и да се појави привлекува внимание, има нешто во него, некој магнет за да те маѓепса :D

    Тоа е стварно дарба, или се раѓаш така или не, и нема друга дефиниција, човек со харизма што може да направи, ни 100 лепотани не можат.:lol:
     
    На Manako2, ItsmeH и Mentalna85 им се допаѓа ова.
  8. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.555
    Допаѓања:
    12.892
    Пол:
    Женски
    Ах, да видам да не верувам. :D
    Тогаш најпозната ќе бидам :makeup:
    :rofl:
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    1.174
    Пол:
    Женски
    Апсолутно! Тоа е!
    Ама денес терминот се извитопери до таму што секоја ведра или позитивна личност е харизматична, лично сум чула од многумина и сами да си кажат дека се харизматични (се смеам), и нема ништо лошо во тоа да се позитивни и ведри, ама харизма е навистина нешто сосема друго.
    Исто го споменав примерот со Хитлер. Школски пример за харизма.
     
    На -♡-, st-el и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  10. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    1.174
    Пол:
    Женски
    Точно.
    Познавам еден дечко во странство кој буквално не прави ништо специјално и конкретно, не се занимава со ништо јавно, живее повлечено и скромно, ама цел град го знае и го озборува. Каде и да се појави привлекува внимание, да, убав е, ама има специјална аура која го прави таков.
    Последно другарката ми кажа дека го вмешале во скандал кој нема врска со човекот ама едноставно ја има харизмата да биде популарен, додека многумина се' прават да бидат тоа ама не им оди или ќе биде со краток недоквакан ефект.
    Е таква е "научената" харизма.
     
    Последна измена: 25 август 2025
    На st-el, Manako2, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    9.917
    Пол:
    Женски
    Не следам никакви инфлуенсери на Интернет, не ги ни знам, нo многу сум по олд скул ѕвезди.
    Не верувам во харизма, за мит се работи или измама. Кој научил да симулира такво однесување (како бројни актери на пример) може да активира по потреба, ама инаку ни 80% од времето не е во тој мод.
    Многу луѓе секојдневно привлекуваат внимание од разни причини, не би тврдела дека е во прашање дар божји или било каков.

    Еднаш споменав во тема на форумот дека Хитлер бил харизматичен и членка таму ми се изнасмеа, што го потврдува мојот сегашен став дека зависи како ние доживуваме нешто или некоj, што за нас е интересно и нам ни привлекло внимание.
    Читај ги темиве овде, пишуваат мислења дека Трамп е харизматик и најфаца.
     
    Последна измена: 25 август 2025
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.874
    Допаѓања:
    99.679
    Моника секаде е окарактеризирана како природно убава жена и жена со стил.
    За да знаеш дали е харизматична треба да си имала комуникација со неа, оти дефинитивно тоа е многу битно во 'пакетот' харизма.
     
    На Mumoftwo30 и anggell им се допаѓа ова.
  13. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.146
    Допаѓања:
    131.847
    Пол:
    Женски
    Некои луѓе имаат посебен вајб или енергија што те привлекува тебе, но не и други. Тоа е индивидуално.
    На пример, кога некој ќе ми рече дека Бранко Црвенковски му е харизматичен се смеам ко забегана. :rofl:
    Од Левица на некои Димитар Апасиев им е харизматичен оти ги фаќа на носталгија.
    Од СДС харизма имаат само некои професори од Правен кои немаат добиено јака функција.
    Од ВМРО, Никола Груевски и Христијан Мицкоски ми се пример дека харизмата е вродена и не може да се научи. Каков-таков Никола со години успева да шармира голем број луѓе само со употреба на неколку зборови. А, Христијан се обидува да го долови истото, но не му успева. Добива само смеа. :D
     
  14. Лејди Гага

    Лејди Гага Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2025
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    917
    Пол:
    Женски
    Харизма за мене значи да бидеш убедлив, да знаеш како да разговараш со луѓе и да си привлечен секако:)
     
  15. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.994
    Допаѓања:
    12.339
    Пол:
    Женски
    Убаво е да продискутираме, нели, за оваа толку интересна вештина или скриен талент.
    Хмм ...
    Можеби се граничи со нешто окултно, според твоиве описи, нешто што е навистина реткост, штом Хитлер го спомнавте како пример за харизматичен човек.
    Од оваа дистанца, не знаеме.
    Да сме живееле во тоа време, ќе добиевме впечаток дали бил или не бил со харизма. Ама штом успевал да привлече маси народ, значи имал водствена харизматичност.
    Или дел од актерките што ги спомна. Па и во поновово време, Лив Тајлер исто така.
    Сепак, се знае дека секој од спомнатите содржи свој единствен тип на харизма.
    И како што кажа @Аргентина * човек се презаситува. Дури и се согласувам дека е еден вид извиканост, мит.
    Едноставно еден има таква умешност и бесрамност да влијае на маси народ, да потоа веќе еднаш ставена етикета, подруго е.
    Или во денешницава, некој си е доволно самоуверен да си се застапува себеси, да нема срам, па еднаш штом го зазнаат за таков, си има свој стил, си тера.
    Не знам, ниту јас нешто особено верувам во тоа. Сметам дека се билда, се вежба, човек учи како да биде народен и посакан, можеби не до толку да убедува и влијае, ама некој свој печат да има.

    Имав!
    Во Капри ја сретнав. :D

    Не бе, од филмови што ја гледав, па и за другите актерки не сме ги гледале во живо, ама оддаваат харизма според некои од вас.
     
    На Mentalna85 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. -♡-

    -♡- Активен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2025
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    140
    Sakam harizmaticni licnosti sekogas mi e ubavo vo nivna blizina, ne mora i nisto posebno da pravat a zracat so ubava energija. :sun:
     
    На Лејди Гага, st-el и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  17. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    858
    Допаѓања:
    5.803
    Пол:
    Женски
    Пример за харизма, мене ми е Шакира :inlove:
    Женава зрачи со убава енергија и преку малите екрани ...:inlove:
     
    На Снегулк@23, Mumoftwo30 и sweet dreams ** им се допаѓа ова.
  18. milkyway^^

    milkyway^^ Активен член

    Се зачлени на:
    28 август 2025
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    53
    Dm e najharizmaticen :inlove::l:
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.