1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Харизма

Дискусија во 'Сингл' започната од Sophy14, 17 јануари 2010.

  1. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    4.842
    Еве вака,на сите што мислите дека не може да се дејствува на харизмата,ќе ве просветлам со едно нешто:МОЖЕ! :!:
    Може,зошто да не,нели викаат се се учи,епа да,харимзата не се учи,туку на неа се дејтвува.Тоа е она спокојство во себе,онаа самоувереност,толерантност,смиреност,тивкост,а сепак глас.Значи,ова го кажувам зошто бев многу болна,со месеци бев на болница,од непозната болест(значи и магнетни резонанци,и хормонални,и испитувања за рамнотежа,абе се што е можно)каде не појдов,и надвор од земјава бев,и секад викаат се е ок.И,на крај,сега скоро(зашто до скоро се молкнев по болници и не можев да мрднам,многу повраќав и имав тешки вртоглавици,што и во лежечка положба ги чуствував)и бев на психолог.Не,не бев луда,ама последна надеж на докторите за јас на некој начин продолжам нормално да живеам како претходно беше да разговарам со психолог,бидеќи се сомневаат дека сум многу стресна и стресот влијае на тоа.Откако појдов првиот пат,жената(психологот) ме праша како се чуствувам,јас сум тешко комуникативна личност и затворена(па неможе со клешта збор да се извлече)и молчев,жената потоа ме праша далу можам да дејствувам јас ментално на мојата енергија?Јас реков да,бар мислев,ама очигледно не.Ми рече дека неможам,дека затоа сум болна зошто имунитетот ми на многу ниска граница,заедно со психичката состојба,а бидеќи сум депресивна,затоа така влијае на здравјето.Ми кажа дека јас сум на некој начин песимист,како се да е црно,ми рече така сум го сфаќала животот,што поради тоа ,,црнило,,што јас го чуствувам ќе влијае на многу падови на мојот понатамошен живот.
    Значи,она што претставува харизма,е она природното,внатрешното,внатрешната енергија,она како вие се чуствувате и општо како го сфаќате животот.Заклучно од ова,не чекајте,почнете да влијаете на својата внатрешна енергија,не ви требаат трикови,филмање,и глумење,треба само да мислите позитивно,да бидете оптимисти,да не се плашите од се,да не паѓате веднаш ниско,за се има лек,и се ќе се врати во нормала,нели после дожд иде сонце.Мислете позитивно,ова го кажувам јас,а која сум јас,јас сум онаа што сеуште посетува редовно психолог не зошто е луда,зошто беше слаба личност,ама сега не.Мислам дека,искрен совет и совет од личност што го доживеала веќе ова е најкорисен.Можеби ќе мислите дека измешав многу поими,ама не,се е она поврзаното,како што е поврзано срцето,со другите органи,така и мозокот,а така и харизмата,на која се делува психички,бидете силни,и среќни,барем мислете дека сте среќни,позитвни,харбри,силни,кај мене помага,се надевам кај сите ќе има бар мел ефект.Ова,беше дел од раговорот со мојот психологот,кој мене многу ми помогна. :*
     
    На Sara123, Saki15 и esperansa777 им се допаѓа ова.
  2. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    Јас пак мислам дека срамежливоста на личноста немора воедно да значи дека истата не е харизматична. Некогаш пак тие кои и не се така зборлести се харизматични, мистериозни и привлечни. Мене најискрено пак напорни ми се оние кои вие ги опишувате како харизматични, оние кои постојано зборуваат нешто, а најчесто кажуваат глупости.
    Мене неколку личности ми имаат кажано дека секогаш кога ме гледаат како да им го осветлувам денот. Исто и дека сум премила. Јас пак чудно ми е кога тоа ќе го слушнам бидејќи самата не се доживувам така. А сакам да си ја набилдам самодовербата, бидејќи гледам како позитивно влијаам на другите.
    Еднаш кога бев на курс кај еден човек кој е биоенергичар самиот тој пред сите кажа дека јас сум имала пресилна аура која таму најјасно се гледала. Ја спомна и бојата ама не ми текнува каква беше.

    А имам еден колега на факултет кој зрачи со харизма. Детето не е многу убаво ама колку е пријатен. Со сите знае да направи муабет, ама не ни се обидува другите да го засакаат, а на сите им е драг. Мене целиот тој ми претставува насмевка, од глава до пети. Многу си го сакам како другар.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Тема со наслов Харизма не припаѓа во овој подфорум. Ама кога е веќе тука, харизма има појака врска со убавина отколку што вие мислите. Ај најдете двајца харизматични, едниот грд, другиот убав, па видете кој повеќе ќе привлече (јас сум спремна да се обложам).
    А и од одредени постови испаѓа како секој втор човек да е харизматичен, што нема врска. Само затоа што нешто кај некој ти се допаднало и те привлекло, не значи дека ќе ми се допадне мене или на повеќето други и дека е харизма во прашање.
     
    На Anon му/ѝ се допаѓа ова.