1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хари Потер (Џ.К.Роулинг)

Дискусија во 'Книги' започната од KejtiKaulitz, 26 август 2011.

  1. KejtiKaulitz

    KejtiKaulitz Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    42
    Верувам дека секоја од вас, ако не прочитала некоја книга, барем изгледала некој филм од Хари Потер серијалот.
    Серијалот е напишан од познатата Џ.К.Роулинг, чија идеја за овие романи била создадена на пат со воз од Манчестер до Лондон. Женава има убав и разбирлив стил на пишување изнижен со многу зборови кои никогаш не сум помислила дека ќе ги сретнам. ( бидејќи ги читам на англиски ).
    Е сега кој од вас ги има прочитано книгите, или барем некоја од нив, и која најмногу ви се допадна?
    Иии дали мислите дека книгите се подобри или филмовите :))

    Мене омилена ми е Хари Потер и Затвореникот од Азкабан и онака нај авантуристичка.
    А книгите се многу подобри од филмовите, во содржина :D
     
    На bobby.pin му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lady.Rose

    Lady.Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    51
    Аухххх Хари цело детство ми го обележа! Нема некоја посебно јака порака, ама за развивање на детската фантазија и речник е совршена. Лично никогаш не сум го сакала Хари, Хермиона и Рон ми биле поомилени. Омилен дел ми е Огнениот Пехар. Супер книга која би сакала и моите деца да ја читаат.
     
  3. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Да, сум ги читала книгите и прво нешто што морам да кажам е дека се многу, многу подобри од филмовите. Ме воодушевуваа деталните описи, нешто што неможеше да се долови во филмовите. :)
    Инаку, од сите книги најголем впечаток ми оставија првиот и третиот дел. Но немаше лоша книга, сите беа помалку или повеќе добри, разликата е во нијанси.
     
    На cool.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. lovemebaby

    lovemebaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    174
    Пред некоја година почнав да ги купувам ама стасав само до вториот дел :worried: .Почнав да читам други книги,во друг правец и ги оставив.Но од овие досега прочитани мноогу ми се допадна начинот на пишување,запазен е секој детаљ.За разлика од книгите повеќе преферирам филмови и ги имам сите деливи гледано освен овој најновиот.Ама верувам дека ке се сложите и книгите и филмовите се врв! :clap:
     
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Ах, значи ќе ја имам честа надолго и нашироко да ви ја раскажам мојата приказна со Хари Потер. :D

    Се почна кога имав 8 години. Баба ми, ми кажа дека во киното, од наредната недела ќе давале филм за деца. Јас нешто си пробрмчив, многу сум знаела. Во понеделникот, не сакав да отидам. Ај, се сложив ќе одам во вторникот на кино - Хари Потер и Каменот на Мудроста. Кога отидов, цел филм, буквално не трепнав. Два и пол часа, не се помрднав и не досаѓав. Гледав како хипнотизирана. Потоа, со дедо ми, секој ден до крајот на неделата одевме во кино да го гледаме Хари Потер. Љубов на прв поглед, ете тоа ми се случи. :D Уште на осум години.

    По некое време, дознав дека имало и книга. Ја земав од библиотека на секои две недели, одев само да ме чекираат дека сум ја вратила. Ако бидам искрена, ќе ви кажам дека ја имам прочитано повеќе од 50 пати. :x Баба ми и дедо ми, ми ја подарија. Имам и посвета на предната страница. Имено, книгата ја добив откако освоив прва награда на еден регионален натпревар. Во посветата пишува - За многу понатамошни успеси. И како Хари Потер навистина да ми донесе понатамошни успеси. :D

    Со текот на годините, ги собирав и другите книги. Како вистински фан и љубител на читањето, секогаш сум им давала предност на книгите. Едноставно, филмовите се направени премногу скромни, во споредба со фантазијата која Роулинг ја разви во мојата глава. Сите ситни детали, поврзани совршено и перфектно вклопени во повеќе од 5 000 страници. Секоја чест за таа жена.

    Година за година, сега ги имам шесте дела преведени на македонски јазик. Шестиот дел, го добив за поклон. Повторно од баба ми и дедо ми, но, колку и да звучи смешно - за 18тиот роденден. Некои сакаат облека, злато, накит, часовници и слични ми ти дребулии за тој, спешл роденден. Но, ете што мене ми е многу повеќе спешл од тоа. :D

    Друго што сакав да ви кажам, е дека јас пораснав со Хари Потер. Книгите ги имам испрепрочитано, по којзнае колку пати. Никогаш, ама баш никогаш не ми биле досадни. За жал, седмата ја нема преведено на македонски, па ја читав на англиски. Не ми сметаше, само, сакам да си ја комплетирам едицијата на македонскиот Хари Потер. Во план сум и да си ги порачам сите 7 книги од Ибеј, во ковчеже. Па да ги вакумирам и никако да не ги вадам од таму. :rofl:

    Ете, јас сум тивок Хари Потер фан. Никогаш не сум им додевала на луѓето, не сум ја тупела и слично. :D Едноставно, тој е само мој, мал, магичен свет. Се изнаплакав кога се заврши. Знаете, голема празнина ми е на душичкава, знаеш дека се е завршено и нема веќе. Среќа што немам проблем да ги читам одново и одново. :D

    Лонг лив Хари Потер. И секоја чест за Џеј Кеј, и се восхитувам и и се заблагодарувам за се! :clap: Хари е голем дел од моето детство, една светла точка која никогаш нема да згасне. :)
     
    На Lily92, lana666, citiesinflames и 15 други им се допаѓа ова.
  6. fashionista

    fashionista Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    153
    Првата Хари Потер книга ми ја купи мајка ми на саем на книги кога имав 7-8 години и тогаш почнав да ја читам книгата ама се откажав. Кога бев 5 одд го гледав филмот на тв и решив дека морам да ја прочитам и книгата. Откако го прочитав првиот дел желна за уште ја земав и втората и третата и додека трепнав стигнав до 6 и 7 дел. Овие 2 дела ги читав на српски. Омилени делови ми се 1, 6 и 7. Да не беа овие книги јас никогаш немаше да читам колку што читам денес :)
     
    На ReinaDeCielo му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Го обожавам стилот на женава искрено најпрво поради иницијалите кај авторското име на првиот дел „ХП и каменот на мудроста„ мислев дека станува збор за машки автор, :tmi: . Кога го дознав оној дел како на салфетки по барови пишувала мисли ми стана уште помила.

    Прекрасно изградени ликови и тоа не само ликот на Хари, цело семејство Визли, мојот омилен Албус Дамблдор и Доби кој константно ме смееше до солзи, да не ги набројувам сите дури и негативците се перфектно претставени. Сакам и планирам да ги прочитан повторно на нет оригинал на англиски сите делови бидејќи последните три ги читав на овој начин, само што тоа ќе го одложам за понатаму бидејќи сега имам доста книги кои чекаат да им посветам внимание.

    ХП не е само детска книга или само лутање низ еден магичен свет на волшебници, таа содржи доста поучни моменти и тоа на еден ненаметлив и достапен за секого стил, проткаен со забавен хумор, но и сурова реалност, низ авантурите на главните јунаци ги доживуваме нивните тинејџерски први љубови и разочарувања, копнеења и надежи, загуби и стекнувања едноставно се‘ она што е составен дел на животот.
     
    На lana666, Annath, Magnolija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. bobby.pin

    bobby.pin Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    29
    Значи Хари Потер е нешто неописливо. Книгите се феноменални. Незнам Роулинг од каде ја извадила таа сила да напише нешто толку свето, толку прекрасно што ќе го смени целиот свет. Таа создаде нов свет за мене, и за сите љубители на малиот волшебник со лузна на челото.

    Омилени ликови ми се Хари и Сириус, ја обожавам врската што беше меѓу нив, и скоро на секоја сцена кога умираше некој плачев.. :/

    Прв пат отидов на кино кога имав 7 години (1 одд) и исто како Doozy не трепнав. Се маѓепсав скроз, не сакав да си одам. И потоа уште еднаш го изгледав и ЦДто специјално ми го порачаа од Франција сосе бонус и со каталогче( со чоколадни жапчиња, парфем а у ).

    Наредната година со милна душа го гледав вториот.. и тогаш почнав да ги читам книгите една по една , оние кои беа испаднати. Ги читав на македонски. И се запишав на курс за англиски.

    Потоа следуваа 2 доолги години додека го чекав третиот дел, па четвртиот и така натаму. Едноставно не ми беше доста нон стоп да ги гледав.. Ден денес се сеќавам на фразите од Огнениот пехар, напамет ги учев.. и доста потцртани работи имав по книгите што ги знаев напамет.

    Се што ќе видев со Хари мораше да биде мое, само 1 нешто не добив, имаше една голема рамка со слика во еден кинески и никако да си го купам, и стоеше во дуќанот со години, и сега летово сакав да си го купам ама го немаше.. штета х)

    Последните 3 книги ги купив на Англиски и со тоа научив премногу нови зборови, и не сте свесни колку се поубави англиските, точно онака како што ги напишала Роулинг.. Секогаш викам дека "Магијата се губи со преводот".

    И така сега последниве 2-3 месеца бев во кино за последниот дел, со другаркиве убаво си се изнаплакавме.. и сега последнава недела во август со дечко ми бев во ск, и него му платив карта само за пак да го гледам..

    "Harry is the best hope we have, trust him"
    "Do not pity the dead, Harry. Pity the living, and, above all, those who live without love"

    И сега уште си се надевам дека ќе има уште некој филм, уште некоја книга.. и многу си се израдував кога се регистрирав на Поттерморе .. преубава страна.
     
    На citiesinflames, HappyOne, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. the.one

    the.one Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    797
    Не знам кога беше првиот пат кога се запознав со Хари Потер, а тоа значи дека било многу одамна. Памтам дека мајка ми ми читаше.. додека јадев, пред спиење.. така бев најмирна. Цело детство го поминав со книгите, а филмовите, кои секако дојдоа подоцна, не ми оставија толку големи импресии.
    По стопати сум ги читала, сум се смеела на шегите на Фред и Џорџ, сум плачела кога требало да се разделам од некој лик.
    Имаше едно време кога бев на некој начин опседната со магичниот свет, постојано мислев на тоа, па дури и ги научив сите магии и соби во Хогвортс. Потоа полека почнав да барам маани, и се изненадив од тоа колку најдов. Се обидов да се оддалечам и да не мислам на тоа и сега ми е подобро.

    Знам, глупо е. :|
     
    На bobby.pin му/ѝ се допаѓа ова.
  10. bobby.pin

    bobby.pin Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    29
    Не е глупо. И јас тоа сум го правела, цели ноќи не сум спиела фантазирајќи дека сум таму со нив, доживувајќи ги авантурите. Едноставно тоа е дел од мене, не сум криела дека сум го сакала ХП сите што ме знаат го знаат тоа, сум правела книги со магии, една година се сеќавам сите книжари ги протарашкав за тетратки и пенкала со хп.. и навлака за подлачување на книгите. Сега иако имам 17 години направив 2 стапчиња од хартија и испаднаа преубаво..

    Еве погледнете ги


    [​IMG]
     
    На Dog-lover, 1209 и Doozy им се допаѓа ова.
  11. HappyOne

    HappyOne Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    77
    Хари Потер... можам да зборувам на темава со денови. Во магичниот свет на Роулинг се впуштив некаде пред 3 месеци. Некои од филмовите ги имав гледано и претходно ама едноставно не сум им обрнала доволно внимание. Сабајлето во 11 на HRT, се сеќавам гледав Oprah show, онаа епизодата кога гостуваше Џоан. Начинот на кој таа зборуваше за книгава, со толку чувства и емоции мене ми предизвика толкава желба да ја прочитам барем првата книга , што во 12 и 30 веќе бев во библиотека. Хари Потер и каменот на мудроста ја прочитав во еден здив. Навлегов во толку неверојатен, прекрасен свет на фантазии, што одвај чекав да се отвори наредниот ден библиотеката за да го земам и вториот дел. Ги прочитав петте делови, сега го читам шестиот и можам да кажам дека се најубавите дела кои сум ги прочитала. Ги изгледав и сите филмови, знам скоро се` за тој волшебен свет. Ликовите се избрани и создадени совршено. Секој може да се пронајде во барем еден од нив. Ги сакам Хари, Рон и Хермиона, но морам да признаам дека омилени ми се ликовите на Драко Малфој и Северус Снејп. Не поради тоа дека се лоши(што воопшто не е точно, можеби во почетокот) туку некако ги гледам како измачени, уценувани, без право на свој избор, а сепак со добра душа која на крајот ќе испадне на виделина. Ги сакам и Луциус, Нарциса, Ремус, МекГонангел ... сите се прекрасно создадени. Кога би постоеле сето овоа, навистина би сакала да преминам низ перонот 9 и 3/4 на Кингс Крос и да стапнам во Хагвартс, ама свесна сум дека нема да го доживеам тоа, сепак интересно досадата да ја убивам со нивните нереални авантури.
    Уште не можам да се регистрирам на потерморе ;(
     
    На teddi и 1209 им се допаѓа ова.
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Хари Потер - уште една моја платонска љубов од детството.
    Татко ми ми ја купи првата книга за Нова година, на едно 7-8 години, сите петки, послушно дејче - ајде книга.
    Пресреќна бев, нема да излажам ако кажам дека ја имам прочитано над 20 пати.
    Следеа уште неколку книги, а најмногу ми е мака што го немам шестиот дел - го испуштив од книжарите, а ем си го порачав, а оваа смотана ме излажа - никогаш не ја донесоа книгата.
    Е тоа никогаш нема да го преболам.
    Не ми се допаѓаат филмовите, ама баш ич.
    Никако не ја доловуваат целосната приказна, баш ми се откачи-закачи.
    Ама сепак, добри се за ете, да кажам некакво искристализирање на визуелното кое го имам поставено во глава.
    Го гледав шестиот дел од филмот пред едно 2-3 месеци - се убив од плачење на сцената кога умира Дамблдор. Пресушив, значи толку немам плачено на Титаник. :D
    Многу го сакав човекот и не сфатив зошто умре. - го гледав филмот без превод, тоа ми беше епик фејл, не дека не ја разбрав суштината, ама некои делчиња ми ''бегаа''.
    Се чувам за последниот дел - морам да ја имам книгата, додека не ја прочитам нема да го гледам филмот, па макар ја читала на српски или англиски - морам да ја имам!
    И ептен убаво ми доаѓа на душичката кога читам дека не сум единствена обожавателка на Потер и пријателите - се пронајдов во крајот од постот на Дузи.
    Да живеат сите фанови на Х.П. , особено оние тивките. :lol:
     
    На Dog-lover, 1209, Hipica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. bal0n43

    bal0n43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    81
    Не прочитав многу од мислењата затоа што ужасно ми се спие ама ме мрзи да направам 3 чекори и да се кутнам во креветот :tmi:
    Па добро бе, зарем јас сум единствената што не го гледала филмов..или серијал е? :wasntme: Знам дека има повеќе продолженија. Ниту пак книгите сум ги прочитала. Уште на времето сите зборуваа за филмот, се збираа за да го гледаат, ама мене ми беше одвратен на лик Хари и не сакав да го гледам :lol: И се уште не знам што е филозофијата на целиот филм. :$
     
  14. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    ^ Само ќе ти кажам дека не си свесна ШТО ПРОПУШТАШ!
    Хари Потер не е серијал, туку е секвенција филмови. Филмови снимени на база на веќе напишаните книги од наведената авторка ( :bow: :bow: :bow: ).

    Книгите ми се читани сите до една. Ги позајмував од една комшивка. Абе буквално тонев во нив, цели ноќи не спиев ми се чини, само голтав и голтав од страниците.
    Омилена ми е „Хари Потер и Каменот на Мудроста“.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. bobby.pin

    bobby.pin Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    29
    Верувај дека ако се нафатиш да ја прочиташ првата книга, или ако го изгледаш првиот филм, нема да знаеш кај ти е главата.. премногу се убави, магични..
     
  16. andy96

    andy96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    13
    Моите омилени книги :rofl:
    досега сум ги прочитала 3 пати а нема да ми бидат досадни да ги прочитам и 50 пати.. :D
     
  17. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    Хари Потееееееееееееееееееееееееееер аххххххх :clap: :clap: :clap: Има некој што не ја е прочитал или што не е се допаѓа?????? :^) Вистина има некој?
    Омилена ми е ‘‘ Хари Потер и собата на тајни‘‘ :inlove:
     
  18. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Хари Потер фанови, седмиот дел конечно го имало и на македонски јазик! :D :D :D Конечно мојата колекција ќе си ја комплетирам, КОНЕЧНО. Леле, како ме израдуваа вечерва. :D

    Цената повеќе од пристапна за толкава книга со големи корици. И КОНЕЧНО е разумна - 900 денари. :clap: Извинете ако ме мислите за сноб, но јас за шестиот издвоив 1 600 денари, па на попуст ја купив 1 300. Ова за мене е, голема вест. :D

    ЈУХУУУУУУУУУУУ! :rofl: :clap:
     
    На 1209 и Magnolija им се допаѓа ова.
  19. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Хари Потер и каменот на мудроста, книгата која ме внесе во нов магичен свет.Не се сеќавам точно колку години имав, второ или трето одделение бев кога најпрвин го погледнав филмот, и отидов во библиотека,и благодарение на фината библиотекарка која ми ја даде книгата и ми кажа дека е една од подобрите и интересни книги, се внесов во светот на магијата.Безброј пати ги имам прочитано книгите, и секако имам подобро доживување од филмовите, начинот на кој што си ги претставуваш ликовите и се останато и има голема можност за поголема фантазија и имагинација.Само седмиот дел ми е прочитан на англиски и го доживеав поубаво, па планирам да ги прочитам и на англиски останатите делови.Благодарение на Роулинг, имав подобро детство, се смеев и плачев со книгите, о да колку плачев, посебно на седмиот дел,поради крајот,но сепак засекогаш ќе останат тука и книгите и филмовите, за повторно препрочитување и гледање.
    [​IMG]
     
    На Regina.Phalange и Hipica им се допаѓа ова.
  20. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Предобри книги, каде каде подобри од самите филмови. Ги имам прочитано само првите четири дела, на ред ми се другите, само криво ми е што првин ги гледав филмовите, а книгите после ќе ги читам...