Оваа тема веднаш ме потсети на мојата другарка. Опседната е со Хари Потер И јас сакам вакви филмови и книги, со магии ова она.. А за каде да ги набавите или слично, е тоа незнам..
Јас моменталното ја читам последната книга од Хари Потер,реликвиите на смртта.Ја зедов од градската библиотека и едвај се одделувам од книгата,премногу ми се допаѓа,како што ми се допаѓаат и филмовите. :geek:
А дали некој знае од каде можам да ги купам книгите, но на Англиски јазик? И од прилика колку пари се?
Подчитнав на страната на Хари Потер шо е,дека Роулинг напишала книга нешто така мислам дека беше за Драко Мелфој...имате вие некакви информации за ова нешто?
Ми треба нешто подолго околу растењето на хари потер, детството, проблемите што се соочувал, убаво составено на англиски јазик. Ве молам ако најдете нешто пратете
Нешто најдов.. али не сум го разгледала детално, сепак провери може ќе ти користи... од лево имаш чаптери за да си видиш дали го има тоа што го бараш. http://www.sparknotes.com/lit/harrypotter/section1.rhtml
Бев во Икона во петокот ама таа ми рече дека моментално ги нема и не знаат кога ќе донесат пак. Не знам каде да ги барам на друго место..
ааауууффф, и јас пораснав со хари потер хари потер беше првиот филм што го гледав на телевизија. и тотално се заљубив. потоа дознав дека има и книги и ги земав една по една и сите ги прочитав некои дури и по два-три пати и баш ми е мило што е еден од моите омилени филмови/книги. па сега финансиски да потстанам ке ги побарам сите книги комплет али на англиски
Здраво сакам да ве прашам дали ја има Хари Потер и Каменот на мудроста на македонски јазик,дали некој знае? Фала однапред.