1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хари Потер (Џ.К.Роулинг)

Дискусија во 'Книги' започната од KejtiKaulitz, 26 август 2011.

  1. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    18.125
    Пол:
    Женски
    Многумина ја карактеризираат франшизата за Хари Потер во категорија "детска фантазија". Епа јас не се согласувам потполно. Хари Потер не може да се смести во ниедна возрасна групација бидејќи е една од оние безвременски книги, кои ќе бидат читани и препрочитувани од многу генерации, без оглед на времето и возраста. Истото важи и за филмовите.
    Бев едно од оние ретки деца (ретки уште во мојата генерација; деновиве некако се уште поретки) кои наместо да бидат по цели денови надвор играјќи си, бев 24/7 закопана со носот во книга, уште откако паметам за себе. Со постојан просек од 5,00 не ми беше ништо помило отколку кога "за награда" поради успехот на училиште ќе ми купеа книги. Па, еден ден во излог на Култура, мајка ми ја видела штотуку излезената Хари Потер и Каменот на Мудроста, ми ја купила, и останатото е веќе историја. Потоа следеа филмовите, сите книги по ред, итн., итн. Па каде јас, па и мајка ми и татко ми се заразија, и буквално се боревме за тоа кој од нас прв ќе го чита новиот дел од книгата.
    Еве, поминати се толку години оттогаш, книгите се веќе пожолтени, стуткани и потскинати, одамна не сум дете, а сепак се уште знам да се навратам на нив и со ќејф и носталгија да ги препрочитам; или да си направам филмски маратон со сите делови дури не заспијам или "очите не ми испаднат"; или дури и да си направам некоја напивка или да учествувам во некој дуел на Pottermore.
    Хари и сите ликови ме научија на многу работи, меѓу останатото: понизност, пожртвуваност, скромност, благодарност, храброст, искреност, хумор, разбирање, сослушување, амбициозност, пријателство, љубов, па дури и доза на позитивна "шекнатост". Со гордост го носам фактот што пораснав како дел на еден магичен свет, а моите копии од Хари ќе бидат тука за еден ден да ги воведат и моите деца, ако даде Бог, во едно фантастично место во кое растењето е поучно, забавно и незаборавно.
     
    На sweetgirl92 и GirlRose им се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.120
    Допаѓања:
    76.420
    Пол:
    Женски
    Сум ги читала Хари Потер и пламениот пехар, Хари Потер и затвореникот од Азкабан и Хари Потер и редот на фениксот. Филмовите ми се добри, но одсекогаш книгите ми биле подобри од филмовите, па така е и со Хари Потер. Мислам дека книгите за Хари се книги за сите генерации.
     
  3. Eli.Malik

    Eli.Malik Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2012
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    38
    Еее некој да не знае кај можам да ги најдам сите делови од книгите?? ://
     
  4. Falkon007

    Falkon007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Ги имам прочитано сите 7 книги, неколку дена откако ја завршив последната бев малку во депресија :( Книгите ми се допаднаа многу повеќе од филмовите, првите два филма до некаде беа ок, но во останатите имаше испуштено многу работи од книгите, бев разочарана. Книгите пробав да ги читам на македонски, но преводот воопшто не ми се допадна, и си ги прочитав на англиски. Некој ако планира да ги чита советувам да ги прочита на англиски, некои делчиња ја губат смислата преведени на македонски. Навистина вреди да се прочитаат сите книги, имаат добар опис, несекојдневни настани, пресврти, и интересни ликови. Мене омилени ми беа Fred и George со нивните зафрканции и шеги. И Tonks ми беше симпатична, за жал не и посветија многу внимание во филмовите |(. Некаде прочитав дека кога авторката го направила тестот со the sorting hat капата ја избрала во Hufflepuff . .Го направив и јас, мене ме избра во Rawenclaw 8)8).
     
  5. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.031
    Допаѓања:
    26.549
    Во градската библиотека.Мора да ги има :)
     
  6. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    6.096
    Пол:
    Женски
    Можете да ми кажете во која книжара ги има книгиве? Сакам да ги земам сите дела, за поклон. И отприлика цена ако знаете.
     
  7. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Јас ги имам во .pdf формат. Кој сака, бујрум.
    На англиски се. Преводите се многу лоши. Сакам изворно да ги читам книгите.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.123
    Допаѓања:
    43.672
    Пол:
    Женски
    Jas ja sakam.Ako moze.
     
  9. Olitomboy12

    Olitomboy12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2015
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    I jas ja sakm u pdf format na angliski,ako mozhe:lol:
    Gi imam citano na makedonski mnogu pati no prevodot iskreno e katastrofa,fala odnapred:l:
     
  10. Olitomboy12

    Olitomboy12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2015
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    А инаку еве и ја да си кажам мое искуство,ја сум си од поновиве генерации па неможам да кажам дека книгите ги фатив од кога излегоа да ги читам,се "заразив" негде на 8-9 години и одтогаш навака ги имам гледано сите филмови по 5-6 пати а за книгите да не зборам сите ги имам прочитано на македонски(преводот катастрофа ама тоа е) по 10тина пати сигурно,а на англиски ги имам прочитано 4 тиот и 7миот дел,бидејќи си ги купив и си ги имам дома.Си го направив и тестот за sorting hat и сум си у Gryffindor :clap::lol:
    А за ова каде да ги најдеш книгите,знам на англиски ги има у ИКОНА у Рамстор,една книга мислам дека е околу 600 ден,на македонски имаш на кеј на тие како тезги што се ама имаш на една од тезгите прашај нови книги ги има,спакувани,една беше 500..Јас за овие две места знам:D
     
  11. PreciousDiamond

    PreciousDiamond Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    90
    Пол:
    Женски
    Ме чуди што темата нема повеќе страни. За мене беше огромно задпволство и чест да растам со Хари Потер. Од секогаш сум сакала книги, но овој серијал е повеќе од тоа. Тоа беше мој магичен свет и не е детска фантазија, мене ме научи на многу работи. На храброст, пријателство, пожртвуваност, издржливост, простување, дека не треба да ги осудуваме луѓето без да ја знаеме нивната вистинска приказна, бидејќи во оние кои изгледаат најлоши можеби се кријат вистински херои, дека е во ред да бидеш различен и треба да веруваш во себе. Но, пред се ме научи дека љубовта е најголема магија. И благодарам на Џ.К. што го изгради овој волшебен свет, на кој постојано му се враќам кога стварниот ме разочара. Безброј пати сум ги читала книгите и гледала филмовите, но се неспоредливи. Мислам дека секое дете во светот треба да ги прочита овие книги. Не можам да изберам омилен лик, сите ги сакам. Секоја смрт ја доживував како смрт на близок пријател, а најмногу ме погоди онаа на Фред. Обожавам да читам текстови на фанови на инстаграм, а и јас често си замислувам што прават сега ликовите. Хари Потер секогаш ќе биде дел од мене!
    Always.
     
    На ЈеленаЏиш и Olitomboy12 им се допаѓа ова.
  12. lana666

    lana666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    55
    Ќе искористам два збора за да ја опишам книгата-life changing.
    Кој ја нема прочитано, пропушта многу.
    Јас не читав баш книги и лектири лани и не знам од каде ми текна да ја прочитам Хари Потер. Си ветив себеси дека ќе ги прочитам сите седум книги па што сака нека биди. Кога ја прочитав првата книга си реков дека нема да ми претставува проблем останатите да ги прочитам за кратко време. И така цело лето читав и кога ги прочитав сите книги чувствував празнина (мислам дека ја знаете таа празнина кога ќе завршите добра книга, а не па ли седум добри едно по друго).
    Потоа почнав и други книги да читам од Спаркс, од Сузан Колинс ги прочитав Игрите на гладните, па книгите на Коста Петров...
    И така почнав да читам повеќе книги. Едноставно со Хари Потер ги засакав книгите.
     
    На Olitomboy12 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Olitomboy12

    Olitomboy12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2015
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Едвај чекам да ми стигне Harry Potter and the cursed child од Allie Express,бидејќи многу е поефтино така,туа треба да ја платам 1500 ден што ставрно е скапичко..Многу сакам да ја прочитам книгата и едвај го чекам филмот:?::lol:
     
    На ReinaDeCielo му/ѝ се допаѓа ова.
  14. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.578
    Допаѓања:
    155.706
    Пол:
    Женски
    Колку пари е на Алиекспрес и линк ако можи? :$
    Мене читање на таблет ме замара па ако е ефтина ќе си ја нарачам и јас.
     
  15. lana666

    lana666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    55
    Пиши кога ќе ти стигне.
    Затоа што онлајн нарачките немаат секогаш среќен крај. Пиши дали си задоволен/на од книгата, дали фали страни или некој друг проблем дали има и колку пари е.
    Благодарам однапред. :D
     
  16. Olitomboy12

    Olitomboy12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2015
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Книгата ми стигна,цела е нема никаков проблем.Еве сега земам да ја читам па ќе ви кажам мислење иако многу ми се допаѓа што е напишана на поинаков начин од претходните.
    Иначе не знам со кој памет сум пишала Allie Express валда од брзање,од Amazon ја земав,еве линк: https://www.amazon.com/Harry-Potter...-1&keywords=harry potter and the cursed child
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.010
    Допаѓања:
    198.822
    Пол:
    Женски
    Ај па кажи впечатоци, јас сакам да ја купам, нема да нарачувам онлајн. Не сакам да ми ја раскажеш, туку да кажеш каков впечаток ти оставила и дали вреди да се има. Дали е подобра од другите или просечна. Се си мислам никој нема да ги замени овие седум книги... особено последната, ама па и оваа ме интересира.
     
    На Olitomboy12 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Nina95

    Nina95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2015
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Јас имам 21 и сеуште сум опседната со Хари Потер. Мојата прва љубов, една, единствена, платонска.. Ден денес си правам филмови како да го најдам Даниел и да го запознаам, демек ќе се заљуби во мене хаха :) Кога се работи за ХП никогаш не сум доволно порасната. Кога и да се разочарам од машкиот род секогаш се сеќавам дека имам во мене само една искрена љубов, љубовта кон Хари Потер. И постојано си велам во мене ќе почуствувам љубов, оној ден кога некому ќе му кажам дека го сакам повеќе од Хари Потер. Како што кажав имам скоро 21 и тоа сеуште се нема случено. Се сеќавам бев 2 за 3 одделение, тогаш беше шема да разменуваме ДВД филмови еден другар ми даде да ги изгледам филмовите за Хари и дружината, беа излезени првите 2 серијала само. Значи не му ги враќав филмовите со месеци не сакав, се опседнав навистина, плачев за да не му ги вратам, а несакав ни минута да поминам без да го гледам Хари. Баш тогаш излезе и 3 дел излеговме со мама до ГТЦ и трчав на плоштад кога ми ги купи сите 3 дотогаш излезени филмови. Потоа ми ја збогатуваше колекцијата. Книгите сеуште ги немам сите на број ама ги барам бидејки се поретко ги среќавам и да ја дополнам целата колекција. Фантастични се!! Потоа влегував во трансови па фантазирав дека сум волшебничка и јас, на училиште кажував дека на распусти одам во Хогвортс, подигнувам пари од Гринготс, купувам стапчиња од Оливандерс, добивам писма, како на железничка влегувам во перонот 9 и 3/4 тие кутри сите ми веруваа. Најврвно ми беше кога еден соученик качи шеќер исплашен од моите надчовечки моќи, кутриот поверувал па и кажал на мајка му дека сум му направила магии да се разболи, од кога жената раскажа на цело училиште за моите моќи ахахаха и сите се чудеа, ми дојде кај мајка ми дома па уште и кажувала дека син и качил шекер од моите магии мајка ми и викала какви магии не биди луда жено таа 20 пати дневно Хари Потер го гледа, оваа тврдела дека сум му ги кажала магичните зборови, а јас сум запишувала алхомора, ридикилас аххаха па уште барала да ми се контролираат моите моќи хахаха ден денес ќе умрам од смеење како поверувала.. Важно добив добар ќотек па мама ми ги искина постерите од Хари и се утепав од плачење со недели, па мораше да се јавува во редакцијата на Наш Свет за да ми ги најде пак.. Ахахаха ајј Хари Потер мој најубаво ми го направи детството!! ❤️❤️⚡️⚡️
     
    На temily му/ѝ се допаѓа ова.
  19. stojmanovski10

    stojmanovski10 Нов член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2016
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Поздрав, јас сум од новите обожаватели на Хари Потер. Засега само ги имам изгледано филмовите, ќе почнам да ги читам и книгите. Од филмовите омилени ми се:
    - Хари Потер и Каменот на Мудроста
    - Хари Потер и Затвореникот од Азкабан
    - Хари Потер и Пламениот Пехар
    - Хари Потер и Реликвиите на Смртта
    Знам дека книгите се подобри од филмовите, но првин мислев дека има само филмови. Денеска ги симнав сите книги во PDF, дури и најновата (Harry Potter and the Cursed Child / Хари Потер и Проколнатото Дете) на англиски. Сега накратко ќе ви ја раскажам мојата приказна со Хари Потер.

    ,, Се започна на новата година, Кога бев на курс по англиски професорот ни го пушти Хари Потер и Одајата на Тајните. Но бидејќи часот ни трае 80 минути, а филмот трае 160 минути не можевме да го догледаме. На излегување професорот ни рече дека дома може да го догледаме. Мене ич, па ич не ме интеренсираше. Па на крајот на годината професорот ни го пушти Хари Потер и Затвореникот од Азкабан. И тој филм не го догледавме, па професорот ни рече дека оваа година за нова година ќе го догледаме Хари Потер и Затвореникот од Азкабан и можеби ќе ни го пушти Хари Потер и Пламениот Пехар. Мене не ме интеренсираше тогаш Хари Потер. Но по неколку месеци почнав да ги гледам Хари Потер филмовите. Потоа бев опседнат со Хари Потер. Еве и ден денес го гледам Хари Потер. Пред 1 месец почнав да учам некои магии од Хари Потер (ги има на Wikipedia), да правам Facebook страни со Хари Потер, направив и едно магично стапче, и се замислував дека сум Дамблдор или Хари Потер па одев по куќата и ги изговорував магичните зборови и мавтав со стапчето, замислувајќи си дека се борам против Волдеморт. Тоа е мојата приказна со Хари Потер," :)

    Но, ако некој ја сака книгата Хари Потер и Проколнатото Дете (Harry Potter and the Cursed Child) во PDF еве ја:.

    Мојата Facebook страна за Хари Потер: https://goo.gl/eHnwbW
     

    Прикачени фајлови:

    На temily му/ѝ се допаѓа ова.
  20. stojmanovski10

    stojmanovski10 Нов член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2016
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Јас сите делови ги имам во PDF формат на англиски.
     
    На Olitomboy12 му/ѝ се допаѓа ова.