Harry Potter and the cursed child е прекраснааа,ја голтнав книгата,ја прочитав за 3 саати цела и ваауууу
Јас живеам во Куманово, Македонија. Знаеш ли каде ги има Хари Потер книгите (во која продавница или книжара), бидејќи книгите уште не сум ги прочитал. Но, книгите се стари, се продаваат ли уште?
Ги има секако,јас ги имам купено 3тиот дел на македонски,4тиот на англиски и најновата книга на англиски,ги има насекаде низ Скопјево,во Икона ги имаш на англиски а во Или-Или на македонски ги има..А за Куманово не знам баш..
Ако си од Скопје, или ако патот те носи наваму, побарај по оние мини книжарине што се, тезгите на ул. Македонија и покрај кеј, таму можеби можеш да ги најдеш, макар на старо.
Од Хари Потер ги имам изгледано сите филмови. Од книгите ги имам прочитано само првата (Хари Потер и Каменот на Мудроста). Книгите ги зедов од библиотека. Првата книга многу ми се допадна, наскоро ќе ја вратам и ќе ја земам втората (Хари Потер и Одајата на Тајните). Хари Потер ми се омилените книги и омилените филмови. Глумците во филмовите добро си ја завршиле работата, одглумија одлично. Исто така книгите ги имам на Српски и на Англиски во PDF формат. Мислам дека Хари Потер книгите пак се штапаат, бидејќи кога бев во библиотеката имаше голем постер со Хари Потер. Потоа отидов до една книжарница за да прашам дали ги имаат Хари Потер книгите, а тие одговорија дека ќе ги донесат од Скопје . Сепак, браво за авторката Џ.К. Раулинг што напишала толку добра книга.!
Дали знае некој/а од вас каде можам да ги најдам книгите на македонски ама онлајн? Никако да најдам нешто Помош!
На македонски онлајн ги има само првиот и последниот (7миот) на македонски. Јас го продавам 6тиот на српски, ако сакаш бујрум.
Неодамна ги гледав филмовите Хари Потер и премногу ми се допаднаа, па затоа сакав да ги прочитам книгите. Ги побарав во сите можни книжарници но не успеав да ги најдам сите делови доколку некој ги продава ве молам информирајте ме
Мене не ми се допаѓаат македонските преводи на книгите. Не знам дали нешто е променето од кога јас бев мала, ама многу неконзистентни беа преводите.
Прв пат кога ги читав книгите на македонски беше уште основно. Преводот беше ужас. Мислам Слидерин беше Змијолики. Том Ридл беше Том Редлов, башка што некои реченици не правеа смисла и ред работи. Некоја година покасно кога пак ги читав на македонски, читав од понови преводи и беа далеку подобри, средени, без лапсуси. Ама прв пат кога читав секогаш ќе памтам. Книгите ги има во повеќето книжарници, исто така можиш да ги нарачаш од интернет. Ако разбираш англиски, сепак препорачувам да ги земиш на тој јазик. Само препорака.
Димон, јас од кога ги читав во основно, немав со години прочитано ни една преведена книга после Трауми се тоа
Македонскиот превод не е толку лош (не мислам дека е добар), ама презимињата на ликовите се утнати (и тоа многу). Примери: ПРЕЗИМИЊА: 1. Хермиона Желбогорска (Гренџер) 2. Фамилијата Снајдоски (Визли) 3. Северус Зајадливски (Снејп) 4. Луна Збунска (Лавгуд) 5. Минерва Окалкоска (МекГонагал) 6. Аргус Дрпник (Филч) 7. Невил Загубенковски (Лонгботом) 8. Том Редлов (Ридл) 9. Белатриче (Белатрикс) 10. Ремус Волков (Лупин) 11. Драко Лошоткоски (Мелфој) 12. Фамилијата Ситникоски (Дарсли) 13. Сибил Гаталкова (Трелони) 14. Оливер Дрвошанов (Вуд) 15. Седриг Копачев (Дигори) 16. Филиус Вејниветрески (Флитвик) 17. Годрик Орлолав (Грифиндор) 18. Хелена Уфипуф (Хафлпав) 19. Ровена Гавранокт (Ревенкло) 20. Салазар Змијолик (Слитерин) ПОИМИ: 1. Шушимиги (маглси) П.С. Во заграда е точното презиме/поимот! Секако, ова е преводот на првите 5 дела, од издавачката куќа „Култура“. На последните два дела е добар, затоа што е од друга издавачка куќа - Младинска книга! Првите 5 дела можете да ги најдете само на старо и во библиотека. Последните два ги има само во Култура, и се 990 денари.
Сакам да ве прашам нешто!!! Дали некој ја има Harry Potter and the Philosopher's Stone би сакал да ја купам или доколку знаете каде можам да ја најдам но да е UK верзијата таа е оригиналот ПЛИССС.....
Ако си од Скопје - ја има во „Икона“ (ул. Димитрие Чуповски, 24). Ако не си од Скопје - купи ја преку kupikniga.mk. Преку КупиКнига е 599 денари + достава, а да ја купиш од „Икона“ - исто 599 денари. Ако сакаш можам да ти ја пратам и во електронска форма .
Барав ваква тема. Хари Потер беа првите книги што ги прочитав. Памтам ги зимав од библиотека, за недела дена ги завршив. Филмовите излегуваа околу мојот роденден и ми беа најдобар подарок. Мислам дека книгите се многу подобри од филмовите, иако и самите филмови се прилично добри, но начинот на кои ги претставуваат одредени карактери, како Џини, која во филмот е само љубовен интерес, или колку моменти и сцени се скокнати во 4тиот филм, која ми е омилената книга, е малку разочарувачки. Има толку сцени кои ме имаат изнервирано како кога Дамблдор му се дере на Хари откако и неговото име излегува од пехарот, а во книгата пишува како смирено го прашува, или фактот дека целосно го скокнаа погребот Ме интересира дали некој друг има приметено моменти кои се различно претставени од филмот и кои ви пречат? И дали препорачувате читање на Cursed child? Слушав мислења на booktube и ретки се позитивните
во Икона ли ги има на англиски? Јас си ги порачав од book depository ама не се баш ефтини таму, сепак си правам колекција од овие editions конкретно Иначе ако сакате да си ги купите книгиве за многу ефтини цени за 150-200 денари со бесплатна достава ги има на странава https://www.betterworldbooks.com овде продаваат користени книги но скоро сите се во одлична кондиција Хари потер ги има сите за 3-4 долари
Имаш голема колекција? Ако не ти е проблем, плис сликај. Мене многу ме инспирира Potter Collector, и одредени верзии се преубави, ама сакам да имам американската од ковчег едиција, со хард коверс. Кај нас прашував икона, немаа периодов стигнато, а папербакс ми се мн нежни да ги читам.