Немам, само што си ги порачав првите неколку книги на англиски, но планирам да ги купам сите нови изданија од bloomsbury од Хари Потер за колекција. Иначе види на kupikniga.mk имаш хард коверс во house editions, и на страната што ја напишав погоре има хард коверс, но тие се користени книги сепак можеш да најдеш некој што се во одлична кондиција, ако си заинтересирана за такви. Јас одвај чекам да ми стигнат тие што ги нарачав, од ова изнание се Спојлер
Ќе побарам, јас најмногу ја сакам илустрацијата на Мари Гранд Пре, особено за Пламениот Пехар, па ќе си ја најдам само таа да ја купам. Спојлер https://i.gr-assets.com/images/S/compressed.photo.goodreads.com/books/1554006152l/6.jpg House editions воопшто не ми се свиѓаат, знам има додатни страни, но повеќе ќе сакав да ја купам ако имаше илустрација со познати студенти од секоја куќа како ковер, наместо само да ја обојат во бојата. Македонските верзии се исто ретки, првите преводи не можат да се најдат, јас едвај ги купив 1вата и 2рата книга(само заради корицата), до 5тата книга ги правеше една куќа, со корици од оригиналните први едиции во Англија, а 6тата и 7мата се дебела корица, како американската верзија и сеуште можат да се купат. Има нов превод на купикнига, само за 1вата, како лектира за 9то што е супер и е истата корица како изданието што го чекаш. @Death Eater Одамна немав проверено, фала, баш најдов хардковер сет кој ми се допаѓа. Затворени се моментално али да отварат и ќе можам да си ги купам
Сум ги читала сите книги кога бев помала.Се надевам дека до генерации ќе продолжат да се читаат.Јас бев огромен фан на Хари Потер.Омилен ми е Рон.
Ги имам изгледано сите делови по неколку пати и pc игрите ги играв, но поради окултната содржина не гледам повеќе.
Се надевам дека Хари Потер фандомот ќе продолжи да се развива се уште. Јас за прв пат почнав да ги читам книгите пред 4 години и сеуште сум опседната, ги обожавам филмовите, а од книгите ми се прочитани само првите три дела. Омилен грифиндор ми е Sirius Black и проф. Лупин, омилени следеринс ми се Slughorn, Snape и Draco, омилен hufflepuff Cedric и ravenclaw Luna. Омилени филмови ми се prisoner of Azkaban, half-blood prince i deathly hallows pt2 ^^