Хари Потер(Harry Potter)[1998-2011] Отсекогаш ми бил нај нај нај нај нај нај нај нај омилен филм... немам зборови, и за книгите и за филмовите
Хари Потер(Harry Potter)[1998-2011] Вечер ќе го гледам на премиерата кај нас. Едвај чекам!! Супер што го донесоа во кино, не сакав да го гледам на кино снимка, а dvd снимка којзнае кога ќе искочи. Филмов вреди да се гледа на добра снимка.
Хари Потер(Harry Potter)[1998-2011] Само што се вратив од кино. Невил Конечно во еден филм му се придаде поголема важност. Спојлер Со тоа што ја уби Нагини, мислам дека ја доби заслужената одмазда за смртта на неговите родители. Многу ми беше тажна сцената кога Спојлер Хари скокна од рацете на Хагрид и сите беа зачудени, а Џорџ се сврте и почна да кажува „Фред“, но брат му не беше таму. Не се забележува во филмот, но го имав видено на забавена снимка тој дел, па обратив внимание. Плачев ко ненормална, а и не бев единствена. Единствено нешто што ми пречеше беше сцената на смртта на Волдеморт која беше значително недраматична во споредба со смртта на Снејп или Белатрикс. Освен тоа, цел филм беше прекрасно доживување и на сите ви препорачувам да го гледате во кино - поспектакуларно е. Браво за целата екипа, навистина добро завршена работа.
Хари Потер(Harry Potter)[1998-2011] имате информации во наредните денови кога ќе го даваат пак? мислите дека ќе го има уште после 25ти?
Хари Потер(Harry Potter)[1998-2011] 13:00, 16:00, 19:00, 22:00 во кино Рамстор. Од 13:00 картата е 120 денари, останатите термини по 150.
Хари Потер(Harry Potter)[1998-2011] Ја гледав премиерата, во родниот град и бев пресреќна што ја имав таа чест. Книгите одамна ги имав прочитано па одвај чекав да видам како ќе изгледа тоа на филмското платно. Пораснав со оваа приказна,која иако детска секој дел во себе содржеше порака, поука. Се надевам еден ден и моите деца ге уживаат гледајќи ги филмовите и читајќи ги книгите за Хари Потер. Исто така сигурна сум, дека како што Хрониките на Нарнија ја инспирираа Роулинг , ќе инспирираат многу идни писатели.
Хари Потер(Harry Potter)[1998-2011] Па Роулинг не е инспирирана од Хрониките на Нарнија, случајно и светнало за оваа идеја додека се возела со воз накај дома. Баш пред некое време ја гледав на Опра, била ужасно лута на себеси затоа што немала лист хартија и пенкало, барем некое стуткано книжуле. Сакам и јас да го гледам на кино, друг е филингот. Штета што кај нас не се нуди 3Д, е тоа е вистинско доживување.
Хари Потер(Harry Potter)[1998-2011] Хари Потер сум го обожавала од кога излезе 1 дел,неможав да дочекам за нови делови.. Сеуште не сум ја гледала другата половина на 7 дел но се надевам дека во иднина ќе го гледам..Искрено ми е омилен филм,и многу ми е жал што наскоро ќе заврши,не би сакала тој филм да има крај..Како малечка посакував и јас да сум како Хари Потер да има такво средно училиште па да учам во него... Но како што викаат,секоја убавина има крај па и Хари Потер
Хари Потер(Harry Potter)[1998-2011] Не се опишува мојата приврзаност за книгие и филмовите во еден пост. Само ќе кажам: Детството официјално ми заврши, гледајќи го последниот филм.
Хари Потер(Harry Potter)[1998-2011] Го симнав сега, малку се разочарав кога видов дека е кино снимка ама нема врска. Го ѕирнав малку, ама не го гледам се додека не го изгледам во кино. Првата импресија мора да ја добијам во кино. Уште 3D цвик да имам.... Мераци!
Хари Потер(Harry Potter)[1998-2011] Site delovi bea odlicni i mnogu mi se dopadnaa posledniot mislam del mislam deka bese najvozbudliv [mod-kirilica:1vfcamub][/mod-kirilica:1vfcamub]
Хари Потер(Harry Potter)[1998-2011] Филмовите од Хари Потер ми се многу интересни. Не сум го гледала последниот дел но дефинитивно е го гледам велат дека бил многу добар
Хари Потер(Harry Potter)[1998-2011] Колку ме трогна приказната на Снејп, тоа е чудо. Можеби можеле малку пожустар да го направат последниов дел, но сепак мислам дека немаше некој во салата што не доби наплив на адреналин за време на сцените со борби. Многу тажни моменти, крај на една ера за сите оние кои пораснавме со младите волшебници. Што би рекле Фред и Џорџ, mischief managed.
Хари Потер(Harry Potter)[1998-2011] Денес го гледав во Рамстор. Си се изнаплакав, си се изнаплакав.... цел филм плачев... Најмногу ми се допадна делот кога Спојлер Хермиона и Рон ќе се бацат, цели водени.... колку романтично... МОРА ДА СЕ ГЛЕДА ПАК!
Хари Потер(Harry Potter)[1998-2011] Значи, да си земам пакет од 74 влажни марамици при напливот на емоции кои секако ќе ми дојдат во текот на гледањето на филмот. Не, не, не, не сакам да си признаам дека ова е крајот и тАчка. И дај, не ме разочарувајте - Снејп ќе умре(а тој беше the Half-blood Prince, така?) !?!?!? а таман го засакав човекот, иако не сфатив зошто баш тој мораше да го убие Дамблдор, бидејќи филмот го гледав без превод и не се слушаше толку убаво... Ќе се убијам жими брадата на Мерлин! - се убив од плачење кога умре Дамблдор и немав бувално ни желба за излегување (ејј Дамблдор ќе го нема во следниот филм, што к*р ќе се веселам вечерва) - се познава дека сум плавушка, да. И има ли лик на кој нема да му ги скратат конците во последниов дел...тоа ми е малце крипи. Инаку, со душа чекам да го изгледам филмот и да се изнаплачам едно фино-лепо. Те обожавам, Потеровичу