Хари Потер (Harry Potter) [1998-2011]

Дискусија во 'Филмови' започната од KejtiKaulitz, 2 декември 2010.

  1. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.561
    Хари Потер(Harry Potter)[1998-2011]

    Книгите за Хари Потер ми се волшебни сите сум ги препрочитувала по неколку пати, некои ги читав и од нет, просто е неопишливо колку поинаку „звучат„ на англиски јазик. Додуша, преводите на првите три дела на македонски не се за потценување, ама не го делам истото мислење за наредниот дел, како и да е, филмовите се интересни, но фактот што толку нешта ми се променети во однос на книгата мене лично ме иритира истото ми се случуваше и со Господарот на прстените. Може повеќе ќе уживав во филмовите доколку ги гледав пред да ги прочитам книгите, вака токму овој факт делумно ми го уништува впечатокот.
     
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.233
    Допаѓања:
    74.848
    Пол:
    Женски
    Хари Потер(Harry Potter)[1998-2011]

    ^ Потполно се согласувам со горенапишаното.
    Убавината е во пишаното и се` е раскажано толку детално, а во филмот минуваат само сликите и не може никако преку глумата да се искаже напишаното од книгата, конкретно би се задржала на описот на Хогсмид, тајниот влез преку кој Хари стигнува до Хогсмид - се` е толку прецизно доловено, небаре за момент ќе си помислиш дека и ти си таму некаде, а во филмот само минуваат сликите..
    Како и да е, закон се и филмот и книгите. :)
     
  3. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.497
    Допаѓања:
    7.865
    Пол:
    Женски
    Хари Потер(Harry Potter)[1998-2011]

    Не сум некој огромен фан на Хари Потер.
    Имам гледано 4 дела, и тоа по тв што давале, интересен филм.
    Книгите не ги имам читано, но би сакала да ги прочитм, зашто опасно ме привлекуваат вакви работи.
    Ама сега ја прочитав темава се заинтересирав, мајке му, еден ден ќе ги гледам сите 8 филма. :wasntme:
     
  4. eemmiilliijjaa

    eemmiilliijjaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    549
    Допаѓања:
    213
    Хари Потер(Harry Potter)[1998-2011]

    сестра ми е голем фан на Хари Потер ги има сите 8 филма а денес купила и книга.мислам дека е 5дел.Книгата има 875стр. книгата е на српски ја имало и на македонски била поскапа
     

    Прикачени фајлови:

    • thumb2.jpg
      thumb2.jpg
      Големина на фајлот:
      5,5 KB
      Прегледи:
      197
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.054
    Допаѓања:
    48.327
    Пол:
    Женски
    Хари Потер(Harry Potter)[1998-2011]

    [​IMG]
    Сега го изгледав претпоследниот дел harry potter and the deathly hallows part 1 и ми останува уште последниот, ама да најдам торент(ако имате може да го споделите :) )
    Си го обожавам Хари, филмот е прекрасен во целина и верувам дека ќе се изнаплачам на последниот.
     
  6. TammY1oo

    TammY1oo Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Хари Потер(Harry Potter)[1998-2011]

    Дефиитивно сум огромен фан на хари потер.. уште од кога го изгледав првиот дел многу ми се допадна, ги имам и прочитано првите две книги на англиски, а баш минатата недела го гледав deathly hallows part 2.. мислам дека крајот беше феноменален и овој серијал неможеше да заврши подобро :)
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.054
    Допаѓања:
    48.327
    Пол:
    Женски
    Хари Потер(Harry Potter)[1998-2011]

    Дојде крајот(за мене)на неколкугодишната авантура :)
    Не трепнав додека го гледав, не сакав да испуштам нешто. подрипнував на многу сцени, се наежив едно сто пати, пуштив некоја солза... Имаше многу изненадувања во последниов дел, ама и многу работи се разјаснија. Само сакав Хари да биде тој што ќе ја убие змијата, ќе беше појак ефектот. Ама добар крај, мило ми беше кога ги дадоа по 19 години и како се одвивале работите :) Да има филмови и за синот на Хари и тие би ги гледала.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. swetty

    swetty Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    24
    Хари Потер(Harry Potter)[1998-2011]

    може некој да ми ги каже сите делови по ред?? :) благодарам однапред :)
     
  9. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.021
    Хари Потер(Harry Potter)[1998-2011]

    Aко може некој по лп да ми прати торент од двата дела на седмиот дел.

    Однапред благодарам.

    За темава,по не знам колку пати го гледам филмот и секогаш сум воодушевена.Штета што мораше да заврши ова долго патување.
     
  10. Mawata77

    Mawata77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Хари Потер(Harry Potter)[1998-2011]

    го има некој гледано вториот дел од седмицата ?
     
  11. selly.gomez

    selly.gomez Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    42
    Хари Потер(Harry Potter)[1998-2011]

    1. Harry Potter and Philosopher Stone
    2. Harry Potter and the Chamber of Secrets
    3. Harry Potter and the Prisioner of Ascaban
    4. Harry Potter and the Goblet of Fire
    5. Harry Potter and the Order of the Phoenix
    6. Harry Potter and the Half-Blood Prince
    7. Harry Potter and the Deathly Hallows part 1
    8. Harry Potter and the Deathly Hallows part 2
     
  12. TammY1oo

    TammY1oo Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Хари Потер(Harry Potter)[1998-2011]


    Хари Потер и Каменот на мудроста- Harry Potter and the philosopher's stone
    Хари Потер и Одајата на тајните- Harry Potter and the chamber of secrets
    Хари Потер и Затвореникот од Азкабан- Harry Potter and the prisoner from Azkaban
    Хари Потер и Пламениот пехар- Harry Potter and the goblet of fire
    Хари Потер и Редот на фениксот- Harry Potter and the order of the phoenix
    Хари Потер и Полукрвниот Принц- Harry Potter and the half-blood prince
    Хари Потер и Реликвиите на смртта- Harry Potter and the deathly hallows

    :) :D
     
    На swetty му/ѝ се допаѓа ова.
  13. so4nti2u

    so4nti2u Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2010
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    16
    Хари Потер(Harry Potter)[1998-2011]

    Ах Хари Потер ми заврши :( Пораснав со книгите и филмовите :) Книгите ми се многу подобри, али ги сакам и филмовите иако се испуштени многу работи. Целиот каст на филмовите ми е одличен :clap: Ги сакам сите :inlove: :) Последниот дел од филмовите го гледав пред 20тина дена во Рамстор. Ме насмеа десетина пати, ме расплача 5-6 пати, се на се, супер филм :clap: Дефинитивно книгите би им ги дала како задолжителни за читање на мои деца :lol: Мораат да го сакаат :lol:
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  14. K0STOVA

    K0STOVA Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    5
    Хари Потер(Harry Potter)[1998-2011]

    Јас овој филм го обажавам :clap: ми преостанува да го гледам уште последниот дел и едвај чекам :)
     
  15. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.024
    Хари Потер(Harry Potter)[1998-2011]

    100 пати ги имам гледано првите 2 дела...инаку го имам изгледано само до 4 дел...треба и останатите да ги догледам :)
     
  16. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.729
    Допаѓања:
    7.635
    Хари Потер(Harry Potter)[1998-2011]

    Секогаш од кога ќе го изгледав филмот сакав да бидам волшебник.Секогаш, и сега кога имам 15 години. Ги имам изгледано сите делови, освен последниот. Преубави се. :)
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На LittleFairy и sleepingbeauty им се допаѓа ова.
  17. Afrodita-M

    Afrodita-M Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    11
    Хари Потер(Harry Potter)[1998-2011]

    супер си е филмот, и глумциве се убавки, ама не ми се свиѓа што испуштале некои поважни работи што ги има во книгата.. сепак, супер си е филмот а книгите уште повеќе :inlove:
     
  18. HappyOne

    HappyOne Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    77
    Хари Потер(Harry Potter)[1998-2011]

    И мене ми сметаат тие испуштени делови. Инаку другото го обожавам. Филмовите ги гледам многу често. Од 1 - 4 дел ги имам на ЦД а другите си ги симнав од интернет. Многу добра приказна, Господ да ги благослови продуцентите, режисерот и цела екипа, направиле нешто неверојатно. Исто така и глумата е на највисоко ниво. Ги сакам и добрите ама Драко Мелфој со никого неможе да се спореди :D. Предобри ликови ми се и Лорд Волдеморт, Белатрикс Лестрејнџ, Луциус и Нарциса Малфој...сите :D
    Првиот дел ми е прекрасен се запознаваме со магичниот свет на Роулинг и момчето кое преживеа - Хари Потер, вториот и третиот дел се заплетот, прекрасни авантури и шеги кои ги доживуваат главните јунаци. Четвртиот е според мене кулминацијата - враќањето на мрачниот господар Волдеморт, кои од смртојадите останале лојалјни а кои ќе платат за предавството?? Веќе во петтиот дел се разјаснуваат најголем дел од мистериите, Хари навистина е избраниот! Шести дел- полукрвниот принц му помага на Хари во повеќе ситуации, но кој навистина е тој - е она што ќе го шокира Хари, професорот Северус Снејп. Но тој не е вистински смртојад, тој е способен да чувствува љубов, го исполнува нераскинливиот завет и му помага на Драко. На крајот доаѓа и шокот- Северус го убива Дамблдор. :'( Дали се врати кај мрачниот господар, е прашањето кое го измачува Хари. Реликвиите на смртта(седмиот дел) - Битката започна, не верувај никому, никаде не е безбедно е она што го знаат сите. Овој дел е нешто што не може да се раскаже, нешто што треба да се изгледа и „доживее“. Толку многу пресврти и главниот расплет. The boy who lived, come to die. И магијата завршува. Цели 11 години се претвораат во неколку мига. Се завршува толку бргу, но јасно и очекувано. Хари Потер и неговите пријатели победуваат.
    Филм кој мора да се изгледа барем еднаш и претставува вистинско уживање и патување низ разбранетите води на фантазијата. :)

    [​IMG]
    [​IMG] :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На musicgirl55 и 1209 им се допаѓа ова.
  19. fashionista

    fashionista Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    151
    Хари Потер(Harry Potter)[1998-2011]

    Филмови и книги кои го обележаа моето детство! Снејп колку го мразев, ама сега е човекот кој најмногу го почитувам! омилен лик: СИТЕ
    омилен дел: се мислам 6 ми беше најинтересен.
    Фала ти Џ.К.Р. за преубаво детство!
     
  20. Miss-Angie92

    Miss-Angie92 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    487
    Пол:
    Женски
    Хари Потер(Harry Potter)[1998-2011]

    We defended the Stone,
    we found the Chamber,
    we freed the Prisoner,
    we were chosen by the Goblet,
    we fought alongside the Order,
    we learned from the Prince
    and we mastered the Hallows.
    We are the Harry Potter generation!

    Вечен фан на Хари Потер! :inlove:

    Огромно благодарам на Џ.К Роулинг за нејзините магични книги, кои и до ден-денес ме пленат и колку и да ги читам, повторно уживам во нив, како и на целокупната екипа која стои позади продукцијата на неверојатните филмови. :inlove:

    И накрај поздрав со волшебната музичката тема:


    http://www.youtube.com/watch?v=zCNHVMIYqiA
     
    На LittleFairy, sweet-star, Hipica и 1 друга личност им се допаѓа ова.