Хари Потер(Harry Potter)[1998-2011] Pelikuna еве торенти: за HP-and TDH part 1: http://kat.ph/harry-potter-and-the-deat ... 32138.html за HP and TDH part 2: http://kat.ph/harry-potter-and-the-deat ... 31661.html Само кликни кај круната-download torrent и стави да се симнуваат И двата торента се блу-реј, значи со квалитетна снимка. Уживај Спојлер И тука пишав, за да може и другите да видат, ако бараат торенти
Хари Потер(Harry Potter)[1998-2011] Искрено да ви кажам овој филм ми се врежа во срцето, никогаш нема да го заборавам.. ниту еден дел, ниту една сцена.. Хари секогаш ке биде најголемиот јунак за мене.. затоа и покрај се.. тој не научи на многу нешта кои ги носи животот, сепак на некој начин испадна многу реален. Сите делови ги гледав во еден здив, и никогаш не се заситив.. ги прочитав и сите книги.. можам да кажам дека сосема го засакав. Искрено не знам на друг филм да сум пуштила толку солзи.. плачев на смртта на Дамблдор, на смртта на Снејп, кога Хари ги гледаше своите родители на огледалото, кога лажно умре... абе се скинав од плашење... и многу многу ми е жал што веќе заврши, ептен ке ми недостига.. али сепак мило ми е што имаше неверојатно преубав крај, барем не засити колку толку Се сомневам дека воопшто некогаш би се појавила некоја толку добра приказна како оваа.. али како и да е, јас ке продолжам да си го гледам и ке си плачам како и првиот пат хаха
Фантастичен филм! Прекрасна приказна! Одлични актери! СОВРШЕНСТВО!!! Едноставно го обожавам филмов, како и книгите. Колку пати и да го гледам нема да ми стане досаден, кој и да е дел. Ги имам изгледано сите, а највеќе ме погодија последните 2 дела. Покрај тоа што имаа и потажна содржина од останатите делови, ми беше жал и што завршува оваа сага, ова 13 годишно патување со нив. Одкако знам за себе Хари Потер ми бил омилен филм и засекогаш ќе ми биде. Омилен лик ми е Hermione Granger, бидејќи имаме слични карактерни особини, а и ми се допаѓа како лик. И секако, бакнежот на Рон и Хермиона нема да биде заборавен.
Најдобрата приказна на сите времиња. Дефинитивно Само пак ќе кажам дека подобро е книгите да се прочитаат, и филмовите се добри, но не може книга од 500 - 600 страници да се смести во два часа. Додека ги читав книгите се имам изнасмеано, посебно на Фред и Џорџ, а тие моменти во филмовите се испуштени .. Но сепак вреди да се погледнат
Мојот омилен филм со кој пораснав. Колку со нетрпение го чекав секој нов дел да излезе, а сега ми фали да има уште делови Во првите делови Невил го сметав за смотле ама се покажа маженце бе. Уште кога ја бараше Луна да и каже дека ја сака знаев дека на крај ќе заврши како шмекерче Инаку девојки каде може да ги најдам книгите? Ги има во Просветно дело? Многу сакам да ги прочитам
all time favorite! на хари потер се навлеков кога бев 12-13 години и до ден денес ги пречитувам книгите по стотици пати и филмовите ги гледам засекогаш ќе ми биде фаворит и ќе биде прв филм кој ќе им го пуштам на децата мои (кога ќе ги имам) да го гледаат. како што некој погоре напомена, со последниот дел на хари потер, детството официјално ми заврши.
Не бре брате мој неможам ја ова чудово да глеаам....не можам да глеам нешо нереално кај ми лета на метла све ќе глеам али фантастика иначе не дека го неам глеано иам така малку фатено али не бе брате мој више НИКАД
Here I am .. најголемиот фан на хари потер!! ги имам 2 пати прочитано книгите, а филмовите безброј пати сум ги гледала и ги имам и дома преинтересни ми се
Ме фати Хари Потер треска. Ги прочитав книгите до 5 дел (утре одам во библиотека по шести и седми) и ги изгледав филмовите до 4. Прекрасни се книгите! Ми се чини дека пребрзо ги прочитав, ама не ми се чека. Филмовите не се толку добри, не се опфатени сите сцени и се‘ се случува многу брзо. Ми се допаѓа изборот на актерите особено глумата на Рон како ги прави сите тие фаци. Се‘ би дала да учам во такво училиште, со тие професори и ученици. Во книгите во преводот им се сменети презимињата (Хермиона Желбогорска, Рон Снајдовски, Дадли Ситникоски, Невил загубенкоски, Северус Зајадливски...), а ми кажаа дека во шестиот дел ќе бидат вистинските, како во филмот па можеби тоа ќе биде малку проблем. Не ми се верува како сите се разубавеа додека раcтеа. Многу ми се допаѓаат описите и стилот на писателката. Се разочарував кога во филмот ќе видам нешто, а јас сум го замислувала поинаку. Отсекогаш сум сакала книги со магии и сум читала, ама дефинитивно 'Ари е најдобар! Еден од омилените ликови ми е и Хагрид.
Јас сум опседната со Хари Потер,омилен филм ми е а и книгите исто така.Ги имам изгледано сите филмови,некои по 2 пати,а сега ми останаа уште 6 и 7 дел од книгата да ги прочитам.Ниту еден друг филм или книга не ми се толку интересни. Спојлер Инаку имам сонувано како одам во Хогвортс,правам магии...
Пред сè мразам научни фантастики и такви нереални работи во филмови, а тука ги има во изобилие. Така што Хари Потер ми е еден од најдосадните и најглупавите филмови што се некогаш направени. Иако нели има не знам колку милиони фанови. Мислам дека сум најголемиот мразач на филмов, а сите другарки мои се заљубени во филмов и го тупат колку е најдобар, најубав, најваков, најонаков. Еднаш многу одамна кога излезе првиот дел од филмот почнав да го гледам со другарки и во првите десет минути заспав. Чим тогаш како дете ми бил досаден и глуп, да не правам муабет за сега. Никогаш не би се нафатила да го гледам па макар да е единствениот филм што постои. Глупости. Не знам ни приказнава како успеа шест дела да има или колку и да има.
Дефинитивно најдобар филм според мене на сите времиња! ги имам прочитано сите книги и на англиски и на македонски а за филмовите ги имам гледано сто пати.Одлична тематика поучна па и од Хари Потер научив да го сакам школото.Толку сум во Хари Потер стил што дури си купив стапче од Хермиона Harry Potter forever!
Иии ви го претставувамм најголемиот обожавател на Харии......... Спојлер Се разбира ЈАС (се извинувам не најголемиот туку вториот најголем-веднаш позади братми дее Значи заедно ги имаме сите филмови на хари на цеде и ги имаме изгледано 100 пати..Плус сите книги по 10 пати ги иаме прочитано...Абе најјаки сме
НАЈИНТЕРЕСЕН ФИЛМ! Милион пати да ги гледам сите делови нема да ми здодеат! Толку многу се соживувам со приказнава што посакувам да сум таму Баш би сакала да има уште неколку дела од филмов... но ете
Дали некој може да ми даде линк каде што ќе можам да го гледам Хари Потер и полукрвниот принц,шесттиот дел? по можност со превод(македонски,англиски или спрски) Ќе ви бидам мнооогу благодарна