Дечки, ги има некаде книгите за читање во електронска верзија? Мене ми фалат последните 2 делови, зашто не можам да ги најдам, а моментално немам ни време да се ангажирам околу ова, па да си ги читам вака. Имам некои нејасни работи, кои верувам дека одлично се објаснети низ книгите. П.С. Ставајте линкови, ако има некаде.
http://www.free-ebook4u.org/fantasticfiction/Harry-Potter-and-the-Half-Blood-Prince.html http://www.elisd.org/www/laredoisd/site/hosting/Library/Harry Potter and the Deathly Hallows.pdf
Harry Potter е преинтересен авантуристички филм во 7 делови. Јас сите ги имам гледано и ви ги предлагам...
Пораснав со филмовите. Ги чекав еден по еден, секоја година. И сите ги имам гледано преку 10 пати. Се поврзав со ликовите, затоа што останаа исти од првиот до поседниот дел. Тоа ги прави филмовите посебни! Многу ми се допаѓа поврзаноста меѓу сите, како нешто само се спомнува на почетокот и на крајот станува многу важно. Предобро се смислени. БРАВО! Ги имам читано и книгите, но филмовите ми се далеку подобри !
Сите делови се дефинитивно закон (иако мора да се признае дека и книгите се фантастини, всушност фантастични е премал збор). Ги обожавам и филмовите и книгите.
Е овој филм ми е во душа , израснав со него , го имам гледано преку 100 пати и никогаш нема да ми стане досаден
Во последно време сум опседната со Хари Потер.Ја имам на таблет Хари Потер и каменот на мудроста,другиве ги гледав на megashare ,односно 2 и 3 а покрај книгата и филмот првиот дел го гледав.Е сега вториот ај ама третиот многу брзо зборат на англиски и не сфатив некои работи...Ги има ли негде книгите ко првата што ја најдов на македонски на интернет,или сите делови со превод?
Штотуку ги догледав сите делови по незнам кој пат.. и еве сум овде со насолзени очички Не постојат зборови кои можат да го опишат значењето на оваа легендарна приказна. Пораснав со Хари а со него дефинитивно и ќе умрам. Никогаш нема да престанам да ги препрочитувам книгите и да ги гледам филмовите, моите деца и нивните поколениа ќе бидат исто толку големи обожаватели колку и јас. Но единствено многу жалам и голема штета е за идните поколенија што нема да ја доживеат таа среќа и тоа чувство како е да се биде дел и да се живее оваа приказна, сепак ние сме генерација која што порасна со Хари Потер. Секоја година бевме во исчекување на нов дел, ние растевме како што растеше и Хари. Тоа е тоа задоволство и таа огромна чест која за жал нема да ја имаат идните генерации. Оваа приказна за мене секогаш ќе ми биде приврзана за срцето, не знам колку само сум плачела гледајќи ја одново и од ново. Џ.К. Роулинг ни го подари светот, ни подари таква приказна исполнета со толку многу љубов, топлина што ни една друга приказна не содржи. Ни подари еден сосема нов свет, нова димензија на пријателството.. ХАРИ ПОТЕР НЕ Е САМО НАУЧНО ФАНТАСТИЧНА ПРИКАЗНА, ТУКУ Е И РЕАЛНОСТ.. ПРИКАЗНА КОЈА НИ КАЖУВА ДЕКА ПОСТОЈАТ ПОВАЖНИ РАБОТИ ОД ОМРАЗАТА, БОРБАТА И ВОЈУВАЊЕТО.. А ТОА Е ЉУБОВТА СПРЕМА НАЈБЛИСКИТЕ! Јас никогаш нема да разберам човек што ја мрази оваа приказна, нема да се помирам со тоа.. едноставно човек кој не се потрдуил да навлезе подлабоко во приказната и ја гледал само површно никогаш за мене нема да го сметам за човек. Искрено.. таквите што го мразите Хари Потер сигурно не сте изгледале ни еден дел во целост, и не сте прочитале ни една книга, зошто е невозможно да не го засакате кога ќе се задлабочите во приказната, кога ќе ја доживеете со срце. Јас сум воодушевена од глумата на актерите, Дан, Ема и Руперт беа совршени во секоја смисла на зборот. Тие се нашите вистински херои.. одиграа маестрално, заслужно за сите оскари на оваа земја, таквата глума нема цена. А за книгите ќе кажам дека се вистинска магија, нестварни ремек дела. И не.. за мене Хари не заврши. Секогаш ќе живее во спомените и во срцето. "Until the very end!"
^Ме расплака.Ко на Хари Потер што плачев така и на твојов пост.Незнам точно зашто.Значи толку се согласувам од збор до збор со твојов пост,иако ја не сум твоја генерација,пред некое време станав опседната со Хари,значи после Хари Потер книгите,ни една друга неможам да ја читам,некако сите ми се глупи,најверојатно зашто Хари дефинитивно ми се врза за срце,и сега се после него сите книги ми се бесмислени.Никој не ме сфаќаше коа плачев-аи за тоа чудото со метла плачеш,ама тоа е,ги жалам што немаат ништо видено,ни еден филм,па не сфаќаат дека Хари не е само летање со метли и мавтање со стапче,туку дека е една прекрасна приказна,преубава...Незнам што више да пишам,знаете сигурно како се осеќам,сите што го сакате Хари..Дефинитивно кога ке пораснам ке си направам некоја тетоважа поврзана со Хари,дали Deathly Hallows знакот,дали како лузната на Хари не е битно било што што ке ме посеќа на Хари,на цела приказна..Им завидувам на тие што допрва ке гледаат и ке читаат,се од Хари,ама сепак мислам дека уште 7358923759 пати ке ги гледам филмовите,и ке ги читам книгите,од еднаш ништо не бидува... Овие нешто имаат проблеми со серверов,а баш е интересно се ова Си направив акаунт,грифиндорка станав и на крај у Diagon Alley 404 not found.. А си се израдував таман.. http://new.potteracademy.com/index.php Ги има,ја ја имам Хари Потер и каменот на мудроста на македонски и на англиски,а другите сите на англиски плус до 6ти дел од библиотека,ама катастрофа се,Снејп-Зајадливски,Слитерин-Змијоглав, Грифиндор-Ореолав така нешто,Мекгонагл-Окаловска,Дарсли-Ситникоски,Маглси-Шушумиги,Ли Џордан-Ли Јордановски,Огледалото тоа Ерисед Еристед како и да беше -Етиблеж,абе катастрофа,толку буквален превод не сум видела до сега,едноставно неможам така да ги читам,тешко ми е и чудно.. Иначе омилени ликови од машките дефинитивно Снејп,од почеток до крај,леле Алан каков ѕверски глас има,ауу,и нормално Хари,они двајца,и после нив Малфој.Од женските Белатрикс и Хермиона,и после нив оваа Мекгонагл Ама која ми беше фацата коа кажаа дека Хогвортс не постои,туку дека е модел,макета како и да го викаат малечко,и се тоа дека е снимано во простории А сите попусто на писмо од Хогвортс се надеваме Ја пак си замислувам дека постои негде и никој од нас глупите маглси незнае.. Леле фејри,марш од филмовиве,оди учи историја на магијата...Мислам обична историја де,за втора светска војна .
Секогаш ќе ми биде омилен филм.Секогаш.Сите делови ги имам изгледано еден мал милион пати,всушност си имам традиција со сестра ми која трае веќе 3 години,секое лето си ги гледаме деловите.И одвај чекам да дојде и ова за пак да гледам.Никогаш нема да заборавам првпат како се 'сретнав' со Хари, бев со татко ми во продавница за Цд-инја и купувавме игри за плејстејшн.Он ме тераше да ја купиме Хари потер,ама ја не сакав страшна ми се виде .Ама ја земавме ,и после ден играње толку се заљубив што ко споулавена бев по нив. Секогаш ќе го гледам,и секогаш ќе се јавува таа болка во мене што заврши.Ме потсетува на моето детство, и секогаш ми буди спомени.Дај барем нека направат уште некој дел..
Пораснав со Хари Потер и кога заврши бев "What will I do with my life right now" Кога и да ја видам сликава или пак ако пак гледам некој од филмовите секогаш чувствувам некое чудно чувство, измешано со тага и со среќа. Дефинитивно најдобри филмови и книги на сите времиња.
Описот на моето детство... Мислам дека го "дочекав писмото" за Хогвартс... https://www.pottermore.com/ Странава е креирана од Џ.К. Роулинг, самата писателка, и ни овозможува се што сме сакале досега... Спојлер одговарате на неколку прашања, а потоа според одговорите стапчето ве одбира вас... Си купувате милениче, и повторно според одговори на прашања капата ве сортира во некоја од куќите... Јас си ја добив Грифиндор