Хари Хуле серијал - Ју Несбе

Дискусија во 'Книги' започната од Erika.greeneyes, 19 мај 2021.

  1. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.724
    Допаѓања:
    8.995
    Пол:
    Женски
    Се работи за серијал на детективски романи напишани од норвешкиот писател Ју Несбе. Кој важи за водечко име на криминалистички романи и трилери во Европа, и автор кој го збогати криминалистичкиот жанр. Неговите книги се продадени во повеќе од 50 милиони примероци низ светот.
    До сега серијалот содржи 12 книги.
    Започнува со:
    1.Човек лилјак
    2.Лебарки
    3.Црвеношијка или дух( зависи како е преведен насловот).
    4.Одмазда
    5.Соломоновиот знак
    6.Спасителот
    7.Снешко
    8.Оклопно срце
    9.Сеништето
    10.Полиција
    11.Жед
    12.Нож
    Содржината на книгите подобро да не ви ја откријам.
    Но Хари Хуле без сомнеж ќе стане дел од вашиот живот, ќе ве интересира што ќе биде во следната книга и страниците ќе ги читате во еден здив. Дали некој ги има прочитано книгиве и како ви се допаѓаат. Јас последно ја прочитав снешко, сега следна ми е оклопно срце.
    Топло ви ги препорачувам книгите :)
     
    На џунџуле, jovana03 и macka91 им се допаѓа ова.
  2. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.784
    Допаѓања:
    6.712
    Пол:
    Женски
    Одлични книги само за жал не сите преведени кај нас, преведени која како им се фатило.. Пробав 3 имам прочитано, колку и да велат дека не се поврзани, еден мал детаљ да откриеш за некој друг дел и ти се крши филмот одма..
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.