Се работи за серијал на детективски романи напишани од норвешкиот писател Ју Несбе. Кој важи за водечко име на криминалистички романи и трилери во Европа, и автор кој го збогати криминалистичкиот жанр. Неговите книги се продадени во повеќе од 50 милиони примероци низ светот. До сега серијалот содржи 12 книги. Започнува со: 1.Човек лилјак 2.Лебарки 3.Црвеношијка или дух( зависи како е преведен насловот). 4.Одмазда 5.Соломоновиот знак 6.Спасителот 7.Снешко 8.Оклопно срце 9.Сеништето 10.Полиција 11.Жед 12.Нож Содржината на книгите подобро да не ви ја откријам. Но Хари Хуле без сомнеж ќе стане дел од вашиот живот, ќе ве интересира што ќе биде во следната книга и страниците ќе ги читате во еден здив. Дали некој ги има прочитано книгиве и како ви се допаѓаат. Јас последно ја прочитав снешко, сега следна ми е оклопно срце. Топло ви ги препорачувам книгите
Одлични книги само за жал не сите преведени кај нас, преведени која како им се фатило.. Пробав 3 имам прочитано, колку и да велат дека не се поврзани, еден мал детаљ да откриеш за некој друг дел и ти се крши филмот одма..