Харуки Мураками е јапонски писател, роден е во Кјото, 1949 год. Уште како дете го фасцинира западната култура поточно музика и литература што ќе најде одраз и во неговите дела. Добитник е на голем број награди и признанија. Најпознати дела на Мураками се - Норвешка шума, Играј, играј,играј, Јужно од границата, западно од сонцето, Хроника на птицата што го навива часовникот, Спутник љубов, Кафка на брегот, Длабоко во ноќта и др. Низ делата на Мураками провејува музиката од класична, до онаа на Битлси или џезот, се обработуваат повеќе теми како љубовта, пријателството, сексот, осаменоста, човечките желби и пропуштени можности, незадоволствата и смртта некаде реалноста е испреплетена со фикција, некаде е оставен простор читателот сам да извлекува заклучоци. Според мене Мураками е навистина исклучителен и блескав автор, мој фаворит е Јужно од границата, западно од сонцето - најмногу ме трогна ова дело. И Норвешка шума е исклучително дело, додека од Спутник љубов може да се рече дека очекував повеќе. Кои се вашите импресии за овој автор? Ваш фаворит од делата, колку ви се допаѓа стилот и темите кои ги обработува и начинот на кој го прави тоа? И за крај нешто што пронајдов на You Tube оригиналната The Star crossed lovers - во изведба на Duke Ellington, уживајте во звукот кој ја симболизира љубовта на Хајиме и Шимамото, . http://www.youtube.com/watch?v=oALYvzCpOX8
Браво за темава! Мураками ме воодушеви со Dance, dance, dance. Ја прочитав книгава во еден здив и премногу ми се допадна. Ме фасцинира и исклучително ми се допаѓа неговиот стил на пишување. Ми се допаѓа како ви ја дава Јапонија речиси на тацна а испреплетува многу елементи во едно. Хорор, секс, историја, психологија, човечки односи, суреализам....се во едно. Освен оваа книга ми се допадна се што сум прочитала од него - The Elephant Vanishes, What Do I Talk About When I Talk About Running (автобиографски би рекла прирачник за сите оние кои сакаат да трчаат и да се спремат да речеме дури и за маратон), Sputnik My Love и моментално ја читам The Wind - Up Bird Chronicle. Се извинувам за англискиот, но Мураками засега само на англиски го читам Верувам дека нема да запрам со овие книги...во план ми е и прочуената Норвешка шума, која навистина сите ми ја препорачуваат и Кафка на брегот. Јас некако тргнав наопаку со книгиве но не ми пречи. Мураками - да, го сакам. Me love him a looong time
Не сум компетентна за да пишувам на оваа тема пошо ја имам прочитано само Спутник љубов. Книгата многу ми се допадна, ми ја подарија за роденден. Нон стоп подлекував реченици во книгата оти стварно имаше јаки мисли. Ливинг ми напиша импресии од ИГРАЈ, ИГРАЈ, ИГРАЈ и едвај чекам да ја читам.
Идеите, стилот, нарацијата, реализацијата во книгите на Мураками е апсолутно совршенство. Авторот е брилијантен, останав подзината која ја завршив Јужно од границата, западно од сонцето. Сепак, морам да признаам дека главниот лик, девојката во Спутник Љубов која сака да пишува ми е невидено одвратна. Но умешноста да се создаде таков лик, кој ќе предизвика толку силни, макар и негативни вибрации кај читателот (во случајов кај мене) е за аплауз.
Не сум многу компетентна да пишувам за Мураками од причина што ја имам прочитано само Спутник љубов,која не ме многу воодушеви.Но,преска ја зедов Јужно од границата,западно од сонцето и неможам да престанам да ја читам. Преубава ми е,сега за сега.Повеќе импресии кога ќе ја дочитам. Чудно е што скоро сите книги од јапонски писатели,што сум ги прочитала,ми се допаднале. Дефинитивно јапонските писатели ми се едни од најомилените. Мураками,Кавабата..
Буквално се навлеков на човеков. Прво Норвешка шума, па Спутник љубов, Јужно од границата, западно од сонцето и во моментов Играј,играј,играј...Некако,еднаш кога се соочив со него и неговите дела како да барав уште и уште. Таа мистика во неговите дела,толку тематики разработени од еднаш-секс,љубов,музика,минато,сегашност-сето тоа буди такво уживање и јас стварно уживам! Норвешка шума е мојата прва љубов од него и тоа и остана,а Играј,играј,играј наговестува нешто поразлично од Мураками кое одвај чекам да го дознаам.
Сеуште ја читам, ја тегнам, ја мачам од летово The Wind Up Bird Chronicle, односно имав огромна пауза и сега повторно и се вратив но не можам да ја оставам. Ама има и материјал, 600 и кусур страни, иха! Журка! Ако ви се најде во рака некако на некој начин - прочитајте ја. Одлична е, морам уште стотици пати да ја избубкам другарката која ми ја даде ко поклон. Неверојатен стил има писателов. Не дека сум изненадена но денес ме воодушеви, навистина, иако ми предизвика нагон на повраќање - сепак. Вовед во книгата. И уште еден цитат кој навистина ги кажува моите импресии од книгава. How does Murakami manage to make poetry while writing of contemporary life and emotions? I am week-kneed with admiration. Independent on Sunday
Феминки, едно прашање до вас. Знаете ли дали веќе има македонски превод на 1Q84 ? И ако знаете кажете каде да ја набавам . Фала
http://www.youtube.com/watch?v=tqiYXmpb41I Ми ја збореле Норвешка шума, и сега видов имало филм. Еве што ќе се гледа вечер.
Ја земав „A wild sheep chase“ на англиски од размена на книги, ама уште не сум стигнала да ја прочитам. Да не ја има некоја прочитано случајно? Инаку од авторов ги имам прочитано само „Спутник љубов“ и „Јужно од границата, западно од сонцето“ па не мислам дека можам да дадам соодветен коментар, освен она индивидуално дека ми се допаѓа неговиот стил.
Oh, goody!!!! Има тема за Мураками? За тука сум јас. Баш ми е мило дека има форумџики кои сакат да го читат овој лудак. Мој идол. Не се познаваме од скоро. Ние сме стари пријатели. Невиноста ми ја зеде со Играј, играј, играј а без срам можам да кажам дека до ден денес ме искористува како што сака. Не би сега околу книгата, ама фактот дека ја прочитав за еден ден си кажува многу. Следни беа Длабоко во ноќта (afuta daku, ми текнува дека на јапонски вака беше) и Спутник љубов. Овие две ги зедов заедно, и сега се дел од мојта скромна библиотека. Next!! Јужно од границата, западно од сонцето. Masterpiece... По ова на поклон за роденден ја добив Норвешка шума. И пред една недела си ја набавив целата колекција на 1Q84. Таму сум сега. НО НЕ ЗАПИРАМ ОВДЕ! Наредното на листата е What I Talk About When I Talk About Running и The Wind-Up Bird Chronicle. Оваа првата ја измеркав пред некој ден. Со тврда корица. Бо бо бо.. мора да биде моја. Некаде прочитнав дека Мураками за насловот бил инспириран од книгата на Raymond Carver, What We Talk About When We Talk About Love. Anyway.. луда сум по него. Сонувам за денот кога ова ќе го имам на мојот задник. Have a nice day! :geek:
Баш сакав и јас да ја препорачам Длабоко во ноќта. Се чита во еден здив. Многу ми се допадна. Одамна ја читав.
^ Џикица (многу јак никнејм имаш) нема да погрешиш со The Wind - Up Bird Chronicle, штом си негов фан. Таа ми е последна прочитана од него. Огромна е ама и покрај тоа што имав една пауза у читање, остатокот го прочитав брзо затоа што не се остава тоа книгиште. Ниту со таа маратонската. Една желба за костантно трчање шо ќе ти надојде веднаш, мх мх. Од искуство кажувам Што да кажам, човеков е просто кажано ТОП! Ниедна друга шаховска фигура не признавам кога се работи за него, само топ! Барем мене засега не ме разочарал. Еден ден ќе ги прочитам сите негови дела! Односно оние кои ми фалат
Првата купена книга од него ми е Спутник Љубов и ја прочитав за 3 дена. Очекував повеќе некако од тоа што толку многу е фален овој писател. Можеби следната книга (Норвешка шума ја имам во пдф формат на англиски) ќе ми се допадне повеќе.