1Q84 - првиот дел. Чекам да ми го донесат вториот и третиот, или да ми го најде некој Хит е човеков, браво за речениците, за темите, за тоа дека може да задржи интерес со секое поглавје. Да ги дочитам двата останати дела, и почнувам со други негови дела.
Ова лето ја читав Јужно од границата, западно од сонцето и ми се допадна многу.Во план сум да читам повеќе од авторов и една другарка ми го препорача омилен автор и бил.
Од Мураками сум ги прочитала „Јужно од границата, западно од сонцето“ и „Спутник љубов“, ми се свиѓаат. Не е лошо да се прочита уште некоја од неговите книги ако ми “паднат“ во раце
некој да знае каде можам да ја набавам Играј играј играј ? ги имам сите книги од мураками на мк преводи , само таа никако да ја најдам.
Од Харуки Мураками имам прочитано две книги Норвешка шума и Спутник љубов. Вторава ми се допадна повеќе од првата, но ниедна од нив не ме воодушеви!!! Се надевам дека некоја негова следна книга што ќе ја прочитам повеќе ќе ми се допадне!!!
Пред некое време излезе во печат The Strange Library (детска илустрирана новела). Е денес конечно ја погледнав поп ап верзијата (Канада). Über кул. Сега размислувам кој бубрег да си го продадам за да можам да ја порачам онлајн, претпоставувам дека ќе биде изгор скапа. Океј, претерав. Еве фотка како изгледа: Не, сериозно. Знае некој одприлика како се движат цените на црниот пазар?
Јас ја имам прочитано "What I Talk When I Talk About Running" книгата е меморар за долгогодишното хоби на авторот трчањето. Следна што сакам д а ја прочитам е 1Q89. Се надевам дека ќе ги прочитам и останатите .
Не го сакам овој писател. Знае да задржи внимание, ама обработува слабаци, лабилни ликови, проголтани и исплукани од модерното време. Не допираат до мене.
Go zedov od blblioteka zaedno so Markez "100 Godini osamenost" i prvo ja pocnav od Markez (mmm, prekrasno, no sepak go preferiram Umberto Eko). I Murakami ke dojde na red za nekoj den, inaku ja zedov "Sputnik ljubov".
“People with dark souls have nothing but dark dreams. People with really dark souls do nothing but dream.” — Haruki Murakami
1Q84 по грешка ја земав во од библиотеката и ме навлече на авторов, Кој стил на пишување !!! Немам зборови со кои би го опишала Различно од сите други, такви ликови, опис и стил на пишување немам сретнато. На почетокот ме иритираше тој премин од реално во нереално но после ми беше океј. Мислам дека во некои свои дела како Девојката од хартија, Гијом Мисо пробува да го копира МУраками , но не му успева. Мајстор е јапончето
Почитувани, дали некој ја има првата книга 1Q84 за продажба ? Ја нема по книжарите, само втората и третата книга се достапни.