@StormRider , читаш ли на англиски? За на македонски, проверив на купикнига, распродадена е. Ако сакаш на англиски, без шипинг, провери на сајтот www.bookdepository.com.
лелее како не ја знам темава? омилен писател ми е, матурската проектна задача ми е за него, прекрасен автор. да не знае некој кај можам да ја најдам „длабоко во ноќта“? распродадена е секаде, а многу убава книга. ако ја продава некој да ми пише во лп
Ееех, колку длабоко го сакам овој писател... Како соната да ми свири во душата кога го читам. Најдов една од него тука во Гвг, забутана меѓу полиците. “Јужно од границата, западно од сонцето“... ефектот од неа ме траеше со месеци. Барам и други од него, неговата трилогија, како и “Норвешка шума“ но се е распродадено. “Спутник љубов“ ја најдов на кеј ... Кој гиик сум, дури и ги слушам песните кои се спомнати во неговите книги. “Pretend you're happy when you're blue...“
@LivingGlam @Annath @Lilit Вас ве тагнувам оти зборевме, а мислам е најсоодветна тема оваа. Спојлер, оти има спојлери, за тие што не ја читале. Спојлер: Норвешка шума Ја завршив Норвешка шума, но останав збунета. Од една страна, речиси половина книга не се случуваше ништо, освен тешката депресија на Наоко, иако не и' е дадена дијагноза од Мураками, а од друга страна протагонистот ми е преобичен за да биде протагонист. Вториот дел од книгата е далеку поинтересен, бидејќи Тору нешто всушност прави, сам има желба, потреба... и делува за да оствари, задоволи. Проблемот со Тору е што тој не знае што сака, нема амбиција, а не верувам ни дека према Наоко чувствува навистина љубов - повеќе ми делува како да сака да се држи до минатото, до "еднаш одамна" кога животот му биле мирно море и сака назад таму. Но не сфаќа колку е всушност болна Наоко, како намерно да не сака да сфати, како да не сака да се соочи дека не само што тоа меѓу нив не е љубов, туку и го игнорира сосема загрижувачкото однесување нејзино. Сега, во една книга 4 самоубиства се премногу, па се обидов да не судам според тоа, знаејќи каква "suicide culture" имаат Јапонците, но од друга страна, ме вознемири тоа што Тору тагува по личностите кои ги губи, но не е вознемирен што сами си го одземаат животот. Мидори ми е најдобар и најизграден лик во книгава, иако доби најмалку место да се изрази. Таа е не помалку намачена, си има свои демони, ама во неа единствено има волја за живот, за промена. На моменти е нереална, но е освежување во целата меланхолија која ја прати книгава. На крајот, прашањето "Каде сум?" ми е лично несоодветно, земајќи во предвид се' што Мидори помина поради Тору, иако знам дека на Мураками му е тоа повеќе филозофско прашање, него просторно. Очекував до крај на книгата Тору да сфати каде е и што сака. Сепак, ми се допадна начинот на пишување на Мураками, позитивно сум изненадена, и дефинитивно ќе продолжам да читам негови книги. Во 5 сабајле толку ми текнува, но бидејќи иако ме вознемири книгава доста, имам уште за мозгање може да препорачате која следна Сега, ако сакате и кажете ваши размислувања, посебно Лилит, бидејќи рече дека и' е омилена засекогаш, а јас повеќе од 3/5 не можам да и' дадам, ми треба повеќе
Не сум го читала Мураками. Не сум уште спремна за него, ама ќе биде, кај и да е. Книгите си чекаат ред. Повеќе се осврнав на муабетот (во другата тема) дека чувствуваш одбивност спрема неговите книги само затоа што е Азиец. Лично немам таква одбивност, ама ете, немам добра причина зошто не сум прочитала ништо. Можеби е тоа фактот што понекогаш чувствувам одбивност спрема автори и книги што сите ги читаат, иако Мураками не е баш за секого. Не знам, како што реков, немам добра причина што досега не сум прочитал ништо.
Официјално се на македонски преведено од него ми е прочитано, нешто на англиски нешто на српски. Многу ја сакам Што зборувам кога зборувам за трчањето. Малце забегав и за неговиот живот и читам многу. Сакам и филмот да го гледам, доби Оскар, drive my car.
Се вика Drive my car, според негов расказ е правен. https://en.m.wikipedia.org/wiki/Drive_My_Car_(film) Има фб групи и таму има интересни предлози за читање. Србите се имаат преведено и едвај чекам да купам се.
тенкју .. и мене ми е омилен, ама немам прочитано колку тебе од проста причина-пари. а смрт ми е онлајн читање, така да полека но сигурно ќе биде изчитан....