Се е до психата треба да не мислам многу на тоа, уште имам време 25 сум. Баш ми е мило за тебе, а и мене ме утеши и ми олесна за помалку да се секирам - искрено Сакам вакви позитивни случаеви. Ако има уште некој вакво искуство нека пише да ме опушти малце.
пред година дена случајно дознав дека имам хашимото , веке две дечиња имам па интернистот ми нагласи дека забременување со трето ке ми биде тешко скоро и невозможно не ми беше приоритет бидејки не бевме во план за трето . 30 години имам првите две забременувања беа многу тешки бидејќи исто така имам полицистични јајници ( perfect combination ) ..... да резимирам... пред недела дена на контрола кај гинекологот ШОК бремена со трето 7 недели - еуротиракс пола таблетка од 25 во текот на бременоста за да се симне ТСХ од 3.11 на 2.4 и ке биде се ОК , само опуштено и лабаво се ке си дојде на свое ( не ни беше планирано бебево ама многу си го сакаме )
Има ли некој случај на забрзано работење на тироидната жлезда и бременост? Што ако треба да се извади тироидната дали може потоа да се забремени? Ако имате и линкови да се прочита околу ова би било добро.
Наидов на твојов коментар од мн. одамна, во истава ситуација сум сега јас како тогаш ти па чисто ме интересира дали има надеж, дали си роди детенце, бидејќи психата веќе ми попушта...
Можеби и хашимото влијае на забременување,но сигурно има други фактори кои ти прават проблем. Јас со првото брз проблем останав бремена а хашимото имам од 14 години
Не едно,туку две Најди си добар ендокринолог и со терапија ќе ти го среди тсх под 2. Ако е само тоа проблем за забременување ќе се среди. И најважно,додека го правите бебето,опушти се и уживај во моментот, не размислувај дека правиш бебе.
Преселбата вест!!! Живи и здрави да се! Се живо испитаме и јас и сопругот, апсолутно се е ок освем TSH. Така барем не советуваат. Ендокринолог ми е Билјана Бојаџиева, се надевам е прав избор. Супер ме утеши и ми се врати надеж, фала.
Здраво девојки. Јас пијам еутирокс од 88 секој ден и така го контролирам тсх, но антителата ми се над 1000. Можно ли е тоа да е хашимото? И поради тоа да не можам да останам бремена? Повеќе одм1 година се обидуваме но ништо
Здраво. Дознав дека имам хашимото 2дена откако дознав дека сум бремена со второ. Вредностите не беа мн покачени и да не бев бремена немало потреба од терапија ама поради бременоста ми дадоа 25 еутирокс и селен. Сега сум скоро 8ма недела, ги пијам веќе 3 недели меѓутоа почнав да крварам пред 6 дена. Критична ми е бременоста. Дали влијае тироидната на ризик во бременост? 31 година имам, првото го родив на 29. Првото без проблем за зачнување, буквално од прва, бременоста помина без проблем ама качив 18 кг и имав проблем со симнување, поради тоа се сомневав на тироидна. Второво не беше планирано, значи пак без проблем за зачнување. Знам дека некои не можат да останат бремени посади тсх, меѓутоа можно ли да е прави проблем и во бременоста?
Си добила Хашимото поради тоа што си се здебелила ,јас кога ослабев тсх од 6 на 4 ми падна без терапија и едно кг плус многу влијае за болести , земај терапија и би требало се да е ок , во иднина смени исхрана и физичка активност,сите сме со прекумерна тежина и воопшто не е убаво , мене матичната ми рече иако не планирам дете ,дека и со тсх 4 може да нема проб ама најубаво е средина 2 , само следи ја, ако не пиеш терапија и не ја следиш ,може да има проблем да , вака нема ,исто телото апчињата ги прифаќа како природни хормони. За проблеми ако не ја следиш и не земаш апчиња мислам влијае на развојот на бебето и може да дојде до абортус ?
Да ми рече мора да пијам особено во бременост ама почнав ден два пред да дознааам дека сум бремена, затоа викам касно да не било? Додека почнале да делуваат апчињата..
Мислам дека не , не би требало ,имам примери кај што не ја следеле па ок поминале ,ама подобро е терапија , со лесно