Хелп луѓе добив вакво на подарок и сега не знам дали ќе послужи како хајлајтер и во процесот на шминкање кога да го ставам??! Благодарам.
@celineparis најпрво види дали ти одговара на тенот. Поприродно ќе делува ако е посветол бидејќи потемниот хајлајтер многу ќе се познава, а финтата е да добиеш суптилилен сјај на лицето. Хајлајтер се става на крај, па потоа прскаш со фиксатор за да се залепат убаво светките. Но може да го ставиш и по фиксаторот бидејќи на влажно лице ќе добиеш појак ефект. Погледни го видеово, се надевам ќе ти биде од помош.
Женски гледам дека користите сенки за оваа намена. Ми треба некоја многу пигментирана, не за денски, туку за луѓе кои сакаат баш баш да се приметува?
Можеш да ги видиш тие во Шатци, што се по 100 ден, има повеќе нијанси.. Конкретно јас го имам број 02 и мене ми се свиѓа ефектот што го дава
Јас да напишам сега, ми стигнаа anastasia beverli hils хајлајтерите. Прво се многу мали во грамажа. Јас очекував посилен ефект бидејќи се фалени на инстаграм ама не сум воодушевена. Тие теракота сенките на голден роуз повеќе ми се допаднаа. Делев со братучедка ми по 2 такви хајлајтери, зедов бронза и едно друго бледо розе. Бронзата со фиксатор сјае убаво имаат ситни светки и не се рони,ми се допаѓа ептен. Бледо розето ме разочара. Може и не е за темни лица ко моето, не знам. Братучедка ми ги зема потемните нијанси и вели дека е воодушевена. Во соодветна тема ќе има swatches. Се намачив со поштава деновиве. Станува збор за оваа палета.