Мојот прв хајлајтер, добиен гратис со купување на крем-пудрата Clinique moisture surge. Во стик, розевка нијанса, задоволна од двата производи.
некој хајлајтер што ке се слева со кожата, за преку ден и да не личи брашнест? се мислам меѓу стикот на голден роус и камениот на catrice, но може и нешто сосема трето да предложите
Јас би ти рекла да го погледнеш хајлајтерот на Ингрид, прекрасен е и кошта околу 300 денари. Има убава шампањ боја, многу е убав за дневна шминка, дава нежен сјај, а со уште еден слој дава појак изглед и за вечерна шминка.
Предлог хајлајтер во течна форма или стик можеби? Овие во прав некако на мене изгледаат многу брашникави не се слеваат со кожата туку ми стојат на лице.. Стиковоте на Golden rose како се??
Таков е баш како што бараш само нанесувај го со влажо сунѓерче и со тапкање. Јас после нанесување прскам и фиксатор ама ако имаш по сува кожа можеби нема да имаш потреба. Имам на блогот повеќе пишувано и со фотографија како изгледа на лицето ако сакаш провери си.
Мене ми се допаѓа ммногу ефектот кој го даваат течните хајлајтери на Алверде. Го имам розовиот (трет од лево на сликава), и баш дава фин здрав сјај, не изгледа натрупано
Ќе ги тестирам викендов и ќе пишам мислење Од она што имам слушнато имаат најдобри drugstore хајлајтери, па ќе видам како ќе се покажат.
@Avery на хајлајтетиве Wetnwild можат сите поскапи хајлајтери да им "завидуваат" Пигментацијата е врв , убаво се бленда , баш ги пробав на тестер ,немам зборови. Ама ептен дома имам хајлајтери за трошење па ако земев и од нив другите ќе ги запоставев јас плачам по овој хајлајтер и ми беше жал што го пропуштив а беше лимитидирана едиција
Леле каков е спакуван, ко чоколатце @koritsaki. Јас не сум баш голем љубител на хајлајтери, имам два од Аура и двата ги користам почесто како сенка за очи. Повеќе ми се допаѓаат и поприродно ми изгледаат некои по така неутрални, по можност со бело-розе основа. Не ми се допаѓа како ми стојат вакви појаки хајлајтери, па и со златест отсјај, премногу вештачко изгледа на мојот тен. Ако има некој така понеутрален, би пробала можеби нешто ново. Засега омилен „хајлајтер“ ми е моно сенката од Есенс - Cotton Candy. Баш е таква каква што барам, изгледа многу природно.
Кај нас само две нијанси донеле на Wet'n'Wild. Од проба на рака посветлиот осеќам повеќе ќе ми лежи овој период, другиот има по златест отсјај и за потемен тен е совршен ама, за жал, најверојатно ќе ме чека во фиока цела година.