Хајлајтерот на MAC e Толку лесно се нанесува и остава некој преубав сјај на лицето кога е нанесен во мали количини преубаво стои и како денска шминка. Soft and Gentle и Cheeky bronze ми се омилени, уште да не чинеа ѓавол ипол :/
Зa преку ден презaдoвoлнa сум oд alverde течниoт сo зеленo кaпaче, нo сaкaм и вo прaв дa земaм некoј aмa дa е ептен пигментирaн штo мислите кoј е нaјдoбaр? Имaм oд aурa moonlight aмa вooпштo не сум зaдoвoлнa , oсoбенo преку летo некaкo се сoбирa и ептен се пoзнaвa прaвoт и не ми се дoпaѓa кaкo изгледa нa лице зoштo делувa кaкo дa сум се зaмaчкaлa сo нештo .
На wet n wild хајлајтерот го има некоја користено? Барам хајлајтер кој свети мноогу но никој ми се нема погодено И дали кај нас може да се најде виножито хајлајтер?
Има на Wet&wild како виножито ,иначе ти го препорачувам хајлајтерот на Катрис многу е убав исто така една моно сенка на Катрис 1001 Golden Nights многу сум задоволна и од двата
Glow like a mermaid од Essence, мислам дека веќе го има и кај нас, иако не сум баш најсигурна. Преубав е хајлајтерот, баш за тие кои сакаат поинтензивен хајлајт.
Девојки предложете ми ептен интензивен хајлајтер, обожавам да светам. Го имав на ингрид во паковање со руменило и бронзер, такада сеа предложете ми исклучително хајлајтер само. Да не е повеќе од 300 ден.
Течниот металик хајлајтер на Голден Роуз. Мислам дека нема нешто што свети повеќе од него. Помалку од 200 денари е, околу 175-180.
Koja nijansa ja imas? Jas go zedov 02 sto e na rozevo za da go koristam 2 vo 1 i kako rumenilo i hajlajt ama go sakam i toj sto sveti mnogu
За малку по навика ќе ти кажев „и јас исто“, дека најчесто користиме исти нијанси, ама добро што ми текна да проверам. 01 Pearly Pink ја имам јас. Многу ми се допаѓа, баш е бисерно нежна розе, со ладен подтон. Изгледа скроз неутрално, не е типична розева нијанса и според мене, убаво стои и на девојки со светол тен и на девојки со потемен тен. Неодамна ист подарив на другарка која има доста потемен тен од мене, ептен убаво се топи на кожата и многу убаво и' стои. Јас не сум некој љубител на хајлајтер нанесен на образи, ретко преку ден ставам на лице затоа што не сум навикната толку да светам, ама под веѓи и над усните го нанесувам задолжително. Повеќе ми се допаѓа од светкаво-бела сенка (обично тоа користев порано за да добијам малку сјај). Со овој од Голден Роуз не одолеав, многу ми се допаѓа и на образи, особено со малку ББ-крема или коректор. Се постигнува многу, многу убав изглед. Најверојатно поради тоа што лесно се дозира и многу поубаво легнува на лице, дека течен. Исто врши работа и како металик сенка за очи, буквално производ кој не може да оди зијан во никој случај. Убав е ептен и оној хајлајтерот во прав од Металс трио-палетата на Голден Роуз (бронзер + хајлајтер + руменило), ама течниов многу повеќе „ми фаќа око“ затоа што само го натапкувам и нема потреба од блендање. А засега Mermaid хајлајтерот од Есенс и овој течниот металик на ГР ми се нешто најдобро (и со фини цени, покрај другото).
Даа триото и мене ме изненади на Голден Роуз ептем путераста е текстурата и препигментирани се за тас цена е перфект.
Па цело време за истиот збориме, течниот металик од Голден Роуз. И тој е од Металс колекцијата. Нагласив кои се другите кои ми се допаднаа на крај.
Moze li slikq od highlighter-ot od toj ja golden rose (eftiniot) sto go kazuvate deka ste zadovilni. Ne sum koristela do sega pa da probam so pristopacna cena za proba
I jas do sega ne su koristela nikakov pa daj sliknetr nekoj koj e dobar za sekoj den za na rab da dava svez sjaj