Си најдов прекрасна комбинација за преку ден, баш вакво руменило барав а хајлајтерот му дава посвеж изглед на лицето Од сити мол ги купив.
Која цена се овие хајлајтери? Јас си пробав еден, мислам дека беше Beaming blush и здравје за некој ден ќе тркнам да го купам.
Од мене препорака за трио-палетата за контурирање од Металс изданието (бронзер + хајлајтер + руменило), таму хајлајтерот што е вклучен е бомба. Не сум љубител на хајлајтери воопшто, ама овој си го искористив до крај, го бива и како сенка за очи. Фантастичен хајлајтер, а за целото искуство со таа палета пишав веќе многу пати, омилена ми е.
Не сум сигурна, палетата ја купив пред речиси една година. Мислам дека тогаш ја платив помалку од 300, на некој попуст. Веројатно е од 350-400 денари, претпоставувам.
За beaming или beamung blush потврдувам "опасно" дека е одличен. 30 евра беше со 20% тогаш и не си го купив. Не ме привлече да се залетнам иако е навистина добар и одлично ми стоеше. За wet'n'wild не издржав и вчера и денес си играв малку со него,ми се допаѓа и супер ефект дава и пак би си купила. Благодарам @SofiMar_ ме усреќи.
Има ли некој користено од хајлајтерот на мода по големите маркети го има околу 140 ден И предлог за некој добар до 200 и некој денар
Јас ваков користам на Golden Rose, пола година го имам сигурно,ставам секој ден и уште не е потрошен.Многу сум задоволна, некогаш место сенка ставам од хајлајтеров.Добро е пигментиран.Го земав накај 200 и нешто од штандот на ГР во Сити мол.
Lelle us si nemam kupeno hajlajter... kazete koj za pocetnik ko.mene i za onakaa ubavo svezo lice.. ne mi treba kojznae kakov... ne se sminkam mnogu taka da dobredojden e nekoj ko pocetnik za mene i ne mnogu skap.. i slika ako moze da znam kako da go pobaram.. pozz devojki