Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хајлајтер (Highlighter)

Дискусија во 'Лице' започната од koritsaki, 28 февруари 2015.

  1. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    8.498
    Пол:
    Женски
    По некоја си логика и треба да е вака.
    Јас тоа луминајзер го разбирам како она светкавото што го ставаат во ептен мала количина најчесто за вечерна шминка, додека хајлајтерот всушност треба да е коректорот/посветлата пудра што ја користат на одредени делови ( под очите, на средина од носот, помеѓу веѓите).

    http://sheikha.co/2015/02/17/highlighter-vs-illuminator-aka-luminizer/

    Ама мене ме чудат производиве, на пример конкретно од есенс тој во округлото кутивче е хајлајтер, а по моја логика би требало да е илуминатор/луминајзер.
    И во видеава доста често еден ист производ го викаат и луминајзер и хајлајтер, па сега кој е грешка не знам :^)
     
    На wanderlust и mims-89 им се допаѓа ова.
  2. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    2.064
    Пак малце се збунив :$ Еве конкретно каков ефект сакам да добијам, дали е подобро да земам луминајзер или хајлејтер?
    [​IMG]
     
  3. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    ^ За ефектот на образите и над и под веѓата, повеќе одговара да земеш осветлувач, нагласувач (сериозно „стручниве“ треба да излезат со соодветен наш збор) - хајлајтер.
    А илуминаторот се користи ако сакаш да добиеш свежина на лицето - сјај на цело лице, но на оние кои имаат природно мрсна кожа, ова не е многу потребно бидејќи со правилно користење на декоративата која веќе се има, може да се добие тој ефект.
     
    На soffce и MayDiamonds им се допаѓа ова.
  4. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.531
    Допаѓања:
    106.104
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека илуминаторот (нели е течен) и одговара повеќе за тие со суво лице :?:
    а хајлајтерот (во вид на камена пудра) е за тие со мрсно лице..сега незнам дали сум грешка или не , јас го имам тој во камена пудра на NYX и добар е (y)
     
    На MayDiamonds и OmniaVanitas им се допаѓа ова.
  5. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.617
    Пол:
    Женски
    Jас мислам дека хајлајт(истакнување/осветлување) се става на делови кои треба да се осветлени при контурирање и тоа се посветлата пудра/коректор,или оние во прав, но мат пудри, хајлајтерот повеќе го змислувам како оние светкави компактни пудри. Comparisons.jpg

    Јас пред некои 4 месеци за прв пат пробав хајлајтер, а претходно некое време се спремав и сакав да си купам ама се мислев како ќе стои на комбинирана кожа.Во тотална заблуда сум била, откако пробав буквално се чувствував дека сум живеела во темница пред тоа !:DПрепрепрекрасно изгледа, дава некој гламурозен изглед, некоја свежина, драма, природност, буквално една нова димензија на шминката.И за преку ден на понежен изглед и за навечер за подраматичен изглед ми е must have!Јас прво се мислев да го земам оној на NARS како илуминајзер што е, знам дека своевремено беше бестселер.Во времето кога го купив мојот беше релативно нов, го видов на другарка ми, ја нашминкаa со тој и се заљубив ! Станува збор за Becca Champagne Pop by Јаclyn Hill.Чини околу 2250 денари во денарска противвредност.Ахљубов ми е ! Таква прекрасна златеста, сјајна нијанса и кутичето ми е многу слатко златно целото.Јас си ставам над образот и подолу од пределот под очите, на browbone понекогаш, зависи до шминката, под усните кај брадата и нежно на горната линија од усната на средината. montreal-jazz-fest-407.jpg 1046787_orig.png

    Би сакала да пробам уште некој хајлајтер, во некоја онака како побакарна златна , металик златна , не знам како да објаснам.Гледам кои хајлајтери ги користи Amrezy пошто она премногу ми се допаѓа како го нанесува и како и изгледа.Еден од нејзините е и овој од Becca, но исто така она го испофали многу и еден од Estee Lauder Heat Wave, па би сакала да го пробам на тестер кога ќе имам прилика.Вака на око од MAC и Аnastasia Beverly Hills ми се допаѓаат некои.Исто така се се трудам да дознаам и кој хајлајтер Мери Филипс го употребува кога ја шминка Џенифер Лопез, таа ми е една од звездите со најдобро нанесен хајлајтер и воопшто шминка.Само за сега ќе се задоволам со овој, скапички се :)

    Исто знам дека и златести сенки може да се искористат како хајлајтер, а и самиот хајлајтер како сенка:)Во no make up make up видеово
    девојката користејќи го минимално како сенка доби преубав свеж изглед на окото.
     
    На ivancekitty, joy1, Bloom19 и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    @LaraSolare Heat Wave на Есте Лаудер веќе не се произведува, за жал :( Можат да се најдат залихи на Ebay, ама се многу поскапи од реалната цена на хајлајтерот. Памтам уште одамна дека го имам гледано, го имаше кај нас, ама тогаш не беа во мода хајлајтери, па не ми ни фаќаше око. Инаку, од ова што го гледам по видеава на Youtube, преубав е :inlove:

    Јас моментално ги користам хајлајтерите на Physician's Formula од линијата Mineral Glow Pearls и презадоволна сум. Имам два, едниот е накај бело/сребренкасто, нијанса Translucent Pearl, а другиот е бакарен/бронзен, нијанса Light Bronze Pearl. Еве ги и двата, како и ефектите кои ги даваат:

    [​IMG]
    [​IMG]

    Најлево на вторава слика е Translucent Pearl, а во средина е Light Bronze Pearl. Ова се heavy swatches на сликата, ефектот на лице е многу посуптилен и поприроден. Light Bronze го нарачав мислејќи дека е бронзер, но излезе и многу подобро од тоа. Прекрасно се вклопува како хајлајтер на лице со корални, праска, кајсија, бронзени нијанси на руменило, а убаво делува и кога се нанесува врз руменилото наместо како хајлајтер (секако, во овој случај дополнителен хајлајтер не доаѓа во предвид).Translucent Pearl, пак,оди убаво со „поладни“ нијанси на шминка, со сиви, розови, неутрални беж тонови.

    Првично кога ги отворив видов дека горниот слој им е цел со крупни светки и се разочарав мислејќи дека ќе бидат chalky на лице. Арно ама, пребарав на нет и видов од многу искуства дека ако го поминеш горниот слој со четка неколку пати, сите светки ќе паднат и останува убав ситен прав. И така и беше, откако ги остранив горните светки со четка, одоздола наидов на преубав ситно сомелен прав што на лице делува еднакво, без крупни светки, едноставно совршено. Инаку, не сакам хајлајтери со покрупни светки, ефектот што го даваат ми е многу вештачки и евтин некако :D Овие лежат на лице прекрасно, ги акцентираат деловите на кои се нанесени преубаво, без притоа да делуваат неприродно. Особено ми е омилен Translucent Pearl, мислам дека овој хајлајтер би одговарал на секаков тен.

    На iHerb ги има инаку, од таму ги имам земено и ми се чини дека беа околу 12-13 долари еден.

    Патем, имам дома и хајлајтери на Аура, Есенс и Бенефит, ама ниеден од овие не ми се споредува со Physician's Formula. Дефинитивно последниве ми даваат најубав ефект :)
     
    На duffi, LaraSolare, Giovanna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.531
    Допаѓања:
    106.104
    Пол:
    Женски

    Овој на Бенефит го има во Сефора , јас поточно во Грција ги земам нивните производи
    А овие другиве Hard candy glow ги има во Америка , но и на ибеј можеш да ги најдеш.
     
    На frosyGrc му/ѝ се допаѓа ова.
  8. frosyGrc

    frosyGrc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2015
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    1.886
    Пол:
    Женски
    Браво за Блогот девојко, секоја чест :) Би те замолила да ми кажеш која цена ја купи кремава http://rosee96.blogspot.mk/search/label/reviews
     
    На Rose96 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    @frosyGrc ја земав на аксија незнам точно колку е нормалната цена, ќе прашам и ќе ти пишам. :)
    Инаку мило ми е што ти се допаѓа блогот. :inlove::f:
     
  10. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.301
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Предлог за хајлајтер за девојки со светол тен,единечната сенка на Ессенс Cappuccino please...ствaрно преубаво изгледа на лице и природно,не изгледа како светки туку како сјај

    20150702_215912.jpg 771c458e4c9efd3be2d8693a3e80007a.jpg


    Првата слика е малку темна ама мислам се доловува ефектот како изгледа на моето лице,а втората е swatch превземен од интернет...Ја имам долго време и ја користев само како сенка првично се додека еден ден не ја пробав како хајлајтер на јаболчниците..бидејќи сум доста бела (52 или некогаш 51 во Буржоа, 150 во Ревлон) што и да ставам ми изгледа неприродно додека оваа сенка совршено ми одговара..а за помалку од 200 денари
     
    На anuskaNESTLE, OmniaVanitas, duffi и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Женски
    Што сте се заглупирале со тие скапи шминки? ?:^: Ставајт си цинк оксид и ќе побелеете на природен начин!!
    Уф, се испонервирав! :whew:(wfh)(hollest):l::x:x(facepalm):tmi:
     
  12. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    @frosyGrc проверив пак е на акција 600 ден инаку редовна цена е 800 ден :)
     
  13. wanderlust

    wanderlust Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2015
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    2.383
    Од хајлајтери имам еден на Mac и на Аura.
    За вториот пред да го купам на интернет прочитав само позитивни критики.Но откако ги купив можам да кажам дека воопшто не ми се допаѓа.Бојата воопшто не ми одговара со тенот. Имам бел тен а хајлајтеров има портокалова нијанса и воопшто не изгледа убаво кога ќе се стави. Овој би можел да одговара на некој со потемен тен.Така да хајлајтеров ми е тотална утка.
    Додека вториот од Mac има кремаста текстура па затоа кога ќе го ставам по кратко време се впива и се губи сјајот...
    Јас би рекла дека повеќе е како за подлога да даде посвеж изглед на цело лице а не како хајлајтер.
    Инаку има преубава розoво-сребрена нијанса.
    Подолу има слики како изгледаат.
    602bf40bb1ef7f36d8cf4284ad1a6bb586e27dbeb1b228271b3e03072c192686.jpg
    Aura
    265a99e914a57adf79de6478edb80f76c9900d7ff194c6d09716062bfff7b095.jpg
    Mac
    c491d7792f5d3131b1d30bebdac241b23a54e33f303e0ac880ed339d411f72fa.jpg
     
    Последна измена: 13 декември 2015
    На Rose96 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. frosyGrc

    frosyGrc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2015
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    1.886
    Пол:
    Женски
    Во сите Зегин аптеки?
     
  15. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    @frosyGrc taka mislam i gel za mienje lice kupiv od Eucerin za 354 den a mislam deka okolu 700 den e bez popust :)
     
  16. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.617
    Пол:
    Женски
    Е не знаев, штета, може не сега одма ама понатака ќе пуштев срце.И тој првиот на MAC Whisper od gilt и на ABH Riviera,So Hollywood ми се допаѓаат.Каков тен имаш ти и коса, баш убава нијанса е Translucent Pearl , ама не знам зошто имам мислење дека на светли девојки поубаво би стоел.

    Исто и јас пред некоја година воопшто не се интересирав за хајлајтер, повеќе посветував внимание на шминкањето на очи и главно за сенки бази такви работи се информирав, читав, сега некако мислам дека многу повеќе луѓе па и мејк ап артисти полесно е очите да ги нашминкаат отколку лицето и тешко е да најдеш некој пример што знае убаво,природно и нешаблонски да шминка лице, отколку очи.И сега поопседната сум со вакви работи за контурирање, ова она :) Баш ја разлистав темата да видам и какви budget friendly варијанти има на хајлајтери во случај да ми дојде желба уште некој да си купам, ама изгледа тука во Македонија уште стоиме слабо со избор на хајлајтери :)
     
    На Sexybaby86 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    @LaraSolare имам среден тен со жолт подтон и русокоса сум. Не сум бела, немам порцелански тен, ама не сум ниту темна. Еве, за споредба, од Ревлонот ја користев 180, од Есте Лаудер ја користам 2W2 Rattan. Translucent Pearl не е бел хајлајтер, мене ми излегува на лице како мешавина од многу светло беж, со примеси на сребрени и розови нијанси - во зависност од светлината каде што сум (топчињата се мешани во амбалажата, различни нијанси се). Иако е светол хајлајтер, не е бел и затоа и пишав претходно дека би стоел на секаков тен. Нормално, не на екстремно темен, ама во нашето поднебје не ни има такви :D Иако имам жолт тен, а хајлајтерот е со ладен/неутрален подтон, мене ми се допаѓа како ми стои, сум добила безброј прашања за тоа што имам ставено кога го носам :) Дури, според мене, подобро стои на medium тен како мојот, отколку на екстремно светол (fair).

    Инаку, MAC Whisper of guilt и мене ми се допаѓа многу, планирам да си го набавам кога ќе бидам во можност. Translucent Pearl e всушност многу сличен со MAC, истиот подтон го имаат. И ABH се убави, ги гледам по туторијали, ама за жал се далеку од budget friendly :)
     
    На LaraSolare му/ѝ се допаѓа ова.
  18. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.397
    Допаѓања:
    8.408
    Пол:
    Женски
    Хајлајтерот ми е еден од омилените производи од декоративната козметика.Веднаш го трансформира изгледот и шминката.Лицето добива убав, елегантен, суптилно сјаен изглед.Ги имам дома кремастиот на Есенс,на Аура и на Севентин во прав.

    Кремастиот на Есенс ми е многу убав, ептен убав финиш има, ми се допаѓа што не удира ниту на розе, ни златно туку бисерно бело.Само треба вниматилно да се нанесува, бидејки е доста пигментиран, а и малку потежок за размачкување.Јас го ставам со прсти, со четкичка некако слабо ми оди.

    На Аура го имам тој розевиот, убав е остава нежно розева боја, нежен сјај и воопшто не е нападен.Баш е нежен дури некогаш го користам и за денско излегување.

    Но дефинитивно нај нај ми е на Севентин.Преубав е.Со еден збор гламурозен.
    Во прав е, лесно се нанесува и бленда, остава нежно златен финиш, има многу убави светки, го има во разни нијанси од најсветла до доста темна.Претпоставувам темните летоска би многу убаво изгледале како бронзер, во план сум да си купам и еден потемен здравје да ги дотрошам бронзериве што ги имам.
    Поскап е околу 800 денари, но е крајно ислатлив,грамажата е доста голема, го користам со години, за вечерни излегувања обавезно и до пола е потрошен.Топло го препорачувам на љубители на вакви производи.
     
    На Rose96 и Ana-Marija24 им се допаѓа ова.
  19. frosyGrc

    frosyGrc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2015
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    1.886
    Пол:
    Женски
    Ќе може слика од хајлајтерот од Севентин?
     
  20. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.397
    Допаѓања:
    8.408
    Пол:
    Женски
    http://seventeencosmetics.com/en/colour/face/loose_face_powder.html
    Конкретно слика од хајлајтерот неможев да најдам, но во вакво кутивче е исто, а што пишуваше на него немам врска бидејки од моето се е избришано.
    Мислам дека они го рачунаат за пудра во прав , но дефинитивно не му е намената како пудра во прав, далеку е од за цело лице, бидејки има светки и сјај.