онака ми е, ништо посебно ми се прават како лушпи над пудра ако го ставаш.Подобро течен да земеш хајлајтер пример на лоресл со пипета е совршен
Мислам дека беше 415ден. Понежен ми е овој на golden rose, а иначе гледам и јас дека го фалат тој течниот ама тој нареден да ги дотрошам прво овие
Предлог хајлајтер шампајн боја? Го користам на Wet n wild precious petals, но ми е малку темен. Да остава убав сјај, не светки и што помалку да нагласува текстура. Гледам на нет и Essence pure nude би бил совршен, но не сакам да плаќам шипинг за еден производ.
Како овој лево бараш?Јас го имам овој на розево што мава и многу е пигментиран 200 денари кошта само, го пробав и првиот на рака супер е. Види дали ќе го најдеш јас пред неколку месеци го купив ама ваљда ги имаат уште. Дури подобар ми е од едни на сефора што ги имам и не е со крупни светки не сакам ни јас такви
Баш го гледав тој ама пошто немаше тестери не сакав да фрлам пари. Штом е таков ќе си го купам, фала ти многу
Веќе подолго време го барам кремастиор хајлајтер на алверде. Дали некој од вас го има забележано и во кој ДМ?
Фала ти најнајнајмногу за предлогов! Го купив тој на златно што е и сум презадоволна! Доволно е светол, но не премногу за да е вештачки, дава природен сјај а може да се надгради за баш да свети.
Нели е убав онака ситно сомелен без крупни светки и природно да делува тоа е хајлајтер со здравје да си го користиш.
Дали може да ми предложите каде можам да најдам ефтин хајлајтер, не ми се даваат многу пари во ДМ, па затоа прашувам дали има во некоја парфемерија или на некој од пазарите?
Јас го купив од парфимерија Анабела во Тц Бисер, Аеродром ама побарај и по други ако не ти е уз пут мора да ги имаат и имам слушнато дека на пазар го држат брендов
Пред неколку години користев од пазарче Меис.Навистина беше убав, ама внимавај има едни со портокалов сјај да не се зезнеш и земеш таков.
Тој погоре на Есенс е помалку од 200 ден, верувај ми предобар е за парите, би платила и повеќе за него.