Како што ти одговори @Elence93, илуминаторот го нанесуваш под пудрата или го мешаш со оудрата а исто можеш да го нанесуваш и како база за хајлајтерот кој што се нанесува над пудрата. @delevingne палетата со бронзер руменило и хајлајтер од Makeup Revolution и четка за блендање од Орифлејм, околу 170 ден е ама одлична е за хајлајтер а и за нанесување на сенка.
Зошто кај нас нема голем избор на хајлајтери (впрочем исто како и се' останато), го имате погледнато оној во џамбо? Викторија се викаше или така нешто.
Девојки, мислење за овој хајлајтер? Во голден роуз го има ама не знам цена, ако знае некој да ми каже? Го имате ли користено? Дали ми го препорачувате? Ми треба вака светкав ама не знам малце сува кожа имам па ми треба совет ваш
Овој конкретно го немам користено, ама слична боја е тој на мејк ап револушн, околу 300ден е. Нема светки низ него, сјаен е ама не претерано. Доста е светол па мислам дека не би одговарал на потемен тен. Предобри хајлајтери на мур се тие 6-8 во една палета, мада тие се повеќе знатно-розевкасти тонови ама се превише пигментирани и сјајни. Буквално да ослепиш некој. Е сега имај на ум дека е многу битна и четката со која го нанесуваш хајлајтерот, па варира и текстурата и сјајот и се останато во зависност од четката.
@Kukla994 кукле, тетка Ким да ти каже на тебе Ако ти се брза, што се замараш. Види од некои сенки што имаш светли, светкави и сјајни и ете ти хајлајтер. Буквално секогаш тоа го правам
@Kukla994 Јас го немам користено тој погоре хајлајтер ама штом имаш сува кожа може ќе ти одговараат тие кремастите на Голден роуз во стик што се, имаш две разни нијанси пробај ги би требало да ти се допаднат
@kim.k Ејј тете, од ко го испратив мислењето ми текна да те означам и тебе ама после редактирање не стигаат нотификаци и баталив. Иначе да, така си ставам од една сенка на есенс на брза рака ама сега сакав да го купам овој али нит цена му знам ни бутур...реков да ве прашам А и овој ми се допаѓа сега А шо четка на пример? Ја со една за сенчање ставам од сенкана за хајлајтер А баба цена на тие како стојт?