Користете ли hi5 ? јас се зачленив пред неколку дена интересно ми е какво е вашето искуство ви се допаѓа ли ?
Знам кога беше hi5 на мода... Ме седнаа едни другарки и ми направија профил. Јас ич не сакав... ама не, тие ми направија, оти срамота еден комјутер гик како мене да нема hi5. Не ми беше интересно, не го ни користев многу. После се префрлив на фб, ама одамна, редки беа тие од Македонија што имаа фб. Ми беше интересно додека не станаа главни "нафураните мали". Сега пријателите ми се сведени само на нјаблиските.
Што најде интересно на hi5 Имав како помала, пред еден месец ми текна да го уклучам, и кога нападнаа манијачиштата, абе по 10 пораки оддеднаш, не претерувам Спојлер И тоа повеќето беа Албанци. И исклучив, а треба да се заангажирам да го избришам.
Помина ова од мода, а ние модерни сме, па мора да следиме што е ин во моментот. Затоа го избришав кога почна да се зголемува популарноста на фејсбук во нашата државичка. Како и да е, не беше нешто посебно. Единствено што ми остана во сеќавање е дека молеа за коментар, како што сега молат за лајк и дека имаше да си поставиш кои пријатели сакаш да ти ги покажува на профилот. Знам дека се скаравме со една другарка оти друга и била прва, а јас втора или така нешто.
Ееее на времето од друже Тито користев хај фајф. Е мајке ми.Шала настрана имав хај фајф пред едно ајде да не претерам 5-6 години..А го немам отворено од пред неколку месеци. И слушајте последно ко го отворив,што гледам,што ќе видам. Се' манијачишта бре.И тоа јас паметна немав мои слики ставено,туку од Лали Еспосито.Е паметна сум. И овие манијачишта да ми пратат преку 50 пораки.И тогаш немам влезено. Среќна сум што немав ставено мои слики!
Сум слушнала дека постои ама немам профил ни пак ке отворам. Другарка ми имаше, ама очигледно фб му ископа гроб
Мислам дека уште основно бев кога го користев ..бреј зарем толку време помина Се имам уклучувано после тоа да си се смеам на своја сметка ..па тоа ефекти на сликите , па срциња во пораки , на профилот ..Го декативирав па после сакав па да си се посмеам и неможев да се уклучам.
Колку беше интересно на времето. Си постиравме сликички со мечиња, срциња абе дечиња беше заебанција добра а не денес со фејсбуков секој сериозно си сфаќа
Како помала имав hi5, пред неколку месеци ми текна баш да видам што се дешава таму, се пуштив.. за чудо сум си го запамтила у пасвордот.. И го деактивирав одма Па такви слики не смеат да стојат на интернет
Леле ја не си го памтам пасвордот.А морам некако да го отворам тоа чудо и да ги избришам сите слики од 4то одделение ! И деактивација,нормално. Нека помага кој знае како се отвара Хај5 ако не знаеш пасворд
Еј ова беше сензација кога почнав во средно, мораше сите да имаме хај фајф и да си праќаме 5 на профилот, коментари фрчеа на сите страни го немам многу време отворено, баш ќе пробам сега да го отворам, ако успеам воопшто