јас уште го имам и кога ќе се осеќам онака даун си се приклучувам и се смеам на глупостите што сум ги пишувала
Ауу имав и јас на времето кога беше шема да имаш hi5 Не сум за, од проста причина што ако добро се сеќавам покажуваше кој ти го има глеадано профилот, ма онака сите по ред ќе ти ги изнареди.. Да не можеш да мањачиш на раат, мислам алооо
имав напраено уште ко беше шемата со него и пред неколку месеци незнам како успеав да влезам по 1000 обиди да ја погодам лозинката и се зачудив бре колку луѓе го користат то чудо сеуште, макар шо 95% се манијаци, и зедов избришав се од мене шо имав ставено таму иако тоа од пред 5-6 год ... дури имав и порака од еден со непристојна понуда
Кога беше популарен, додека не беше фејзбук, имав профил само 3 дена. Имав ставено една катастрофа слика, и ме нервираше дека сите можат да ја гледаат и ја избришав после 3 дена.. Досадно ми беше некако.. А сега тешко дека некој користи..
лелеее и јас имам хи5..коа сме друштво отвараме и си читаме што сме пишувале особено со најдобрата другарка си пишувавме топ профилче продолжи така позз.. леле коа ќе ми текне умирам од смеа..ах времиња
Не сум имала ни хај фајф, ни пријатели, прв профил ми е фејсбуков, од дамна, тогаш ретко кој го имаше..
Исто и јас. Немаше да направам ни профил на Фејсбук, ама другарките и маж ми (тогаш дечко) инсистираа на тоа.
Имав како малечка и многу ми е смешно кога ке ми текне какви сликички за никаде коа си ги праќавме.. деца
Пред некој ден си го отворив профилот на оваа страна и...што да видам. Поарно да не видев. Забегантус во боја. Мало детиште исфилмано. Ах Ариелче
Уште ли постои тоа чудо??? Јас одамна веќе не го користам, тоест откако излезе па после некое време го сменија а јас си го напраив толку убав и се налутив, на сите им се налутив!!!! Доста е со фб, неможам со триста чуда да се занимавам.
Не користам hi5,немав ни интернет тогаш кога се појавил кај нас hi5,користам само фејсбук и според тоа што го дознав за манијаците на оваа друштвена мрежа дека се 95% поарно ми е што воопшто не сум го ни користела,а знам и дека никој од моите другарки и другари никогаш не го ни користеле,користеле само Myspace и Linkedin пред да се појави фејсбукот кај нас,исто ни братучедка ми никогаш не го користела!
Имав профил пред некои 5 години.. толку глупа социјална мрежа, ужас.. Не го ни користев нешто посебно многу, и по кратко време го деактивирав.. ^ Linkedin е професионална социјална мрежа, стапуваш во контакт со луѓе кои што имаат исти работни интереси со твоите..
Јас си имав, местев топ френдс, смислував ново инфо секој месец-два, имав дакфејс слики. 14 годишна фраерка.